Момци и девојки, среќна нека ви е новава, поубави филмови во неа, здравје, среќа, сите благослови со ред, а од филмски аспект Телма најдобро ќе ја честита Новава Година, во 19:10 секој ден ќе ги даваат номинираните за Оскар од минатата година.
П.С. Годинава со Асасинс Крид ја завршив, како човек што ги нема играно игрите, мене филмот ми се свиѓаше, иако на моменти беше хаотичен, искрено трае прекратко за да биде се како што треба претставено, бев на моменти wtf се дешава сега, ама акцијата поштено си развали, 15ти век немаше промашено сцена, малку поврзаноста со modern day е тој дел кој беше хаотичен, ама да не ве спојлнувам, ќе се коментира повеќе кога ќе излезе на снимка.