Македонска берза

Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Реков јас поисплатливо ќе беше да се продаде на 950-1000 одколку да се земе дивиденда.
 
Y

yob

Гостин
Реков јас поисплатливо ќе беше да се продаде на 950-1000 одколку да се земе дивиденда.
ima pominato samo 110 kom. na 756 i 62kom na 790.Toa se mnogu mali kolicini. Neka se stabilizira malku pa ke izvedeme zaklucok.[DOUBLEPOST=1483012991][/DOUBLEPOST]
Реков јас поисплатливо ќе беше да се продаде на 950-1000 одколку да се земе дивиденда.
ima pominato samo 110 kom. na 756 i 62kom na 790.Toa se mnogu mali kolicini. Neka se stabilizira malku pa ke izvedeme zaklucok.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Да, се сложувам дека е рано ако се стабилизира околу 800 ќе биде добро.

Инаку Тендо не мислев конкретно на твоите оценки за конкретните акции туку на твојот позитивен и оптимистички став :)
 
Член од
26 октомври 2016
Мислења
28
Поени од реакции
9
Фала ти многу за исцрпната анализа! ќе биде од доста помош. Much appreciated!

Прво сите компании доаѓаат од една индустрија која години наназад бележи одлични резултати, особено што нето кредитната маргина моментално е највисока и резултатите се подобри во банкарскиот сектор споредбено со било кој период од минатото.

Прво ја имаш STB, која 3-4 години носи по 25, па 30 еве сега и 40 милиони евра профит, која има доминатно пазарно учество кај населението, која се знаеше дека ќе се продава, само не се знаеше терминот, па сега после одлевањето на парите од дивидендата, тој настан е со огромна веројатност и ќе се случи во многу блиска иднина. Веќе немам слободни средства во портфолио, но колку и да би имал би инвестирал во STB.

Подоцна ја имаш UNI која како што ги постирав графиците во минатото историски се тргувала со p/e од 6 до 8. Оваа година бележи страшни резултати, па и само да остане на резултатот од 9 месеци, без воопшто да има добивка во последниот квартал, ќе има forward p/e од 4,12 на оваа цена. Во случај да продолжи трендот и во овој квартал да се обезбедат дополнителни 4 милиони денари профит, forward p/e ќе биде 3, што ја прави најатрактивна акција на пазарот. Немаат можност за некој страшен раст и експанзија, но од друга страна, си ги знаат клиентите и соработуваат долги години па нема можност за големи промени кај ставката исправка на вредности и сомнителни побарувања...

Прегледај го приврзокот 162598

И на крај ја имаш OHB, за која имам долгорочна задршка, сепак краткорочно имаше голема кредитна експанзија, од корпоративна се префрлуваат кон население, населението си ги плаќа кредитите (барем во првите години), ја имаш Бранка која ја среди банката во Црна Гора, па со истата цел е донесена тука, па освен раст бар во наредни 6 месеци до година дена, не можам да видам ништо друго.

Не сум толку оптимист кај еден куп други компании од MSE, но трите наведени се дефинитивно зелено.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.785
Поени од реакции
5.060
STB падна речиси колку што е дивиденда. Изгледа е поисплатливо како и обично да се купи по пресек. Додуше мала количина и доста брзо. Ќе видиме премногу извикана акција и сите се за една иста работа дивиденда. Убаво е да се има СТБ но за мене е холд не е бај барем не од технички аспект.[DOUBLEPOST=1483037906][/DOUBLEPOST]Сензационален промет од 11 милиони денари остварен вчера на Македонска берза
http://faktor.mk/senzacionalen-promet-od-11-milioni-denari-ostvaren-vchera-na-makedonska-berza
Ме насмеаа:D
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Еве го тоа што се очекуваше кај Фершпед, денес поминала блок трансакција веројатно со акциите на Брилијант.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
Mоже ли накратко да кажете што мислите за СТБ. во следните денови т.е појасно кажано БАЈ или ХОЛД. За СЕЛ. не размислувам по оваа цена ,барем не до есен 2017.
 
Член од
10 декември 2008
Мислења
1.311
Поени од реакции
2.373
Да, се сложувам дека е рано ако се стабилизира околу 800 ќе биде добро.

Инаку Тендо не мислев конкретно на твоите оценки за конкретните акции туку на твојот позитивен и оптимистички став :)
Па јас коментирам за конкретни акции.

И кај тие акции што имам позитивен став, пробав да постирам реални бројки на кои го темелам тој став.

Еве имам краткорочен оптимистички став за Фершпед, но не пишувам ништо за нив, пошо немам бројки и факти на кои би го темелел тој став.
 
Член од
4 септември 2013
Мислења
79
Поени од реакции
27
Дали може некаде да ги следам продажните и куповните налози? Ова на Илирика личи на такво https://e.ilirika.mk/eTrader/ ама нејќам да си имам работа со нив :)
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Дали може некаде да ги следам продажните и куповните налози?
Имаат некој нивен систем, само што се плаќа за пристап
http://www.bestnet.com.mk/HomePage.aspx

БестНет

- Претплата за 30 дена изнесува 1.000,00 денари + ДДВ.
- Претплата за 90 дена изнесува 2.500,00 денари + ДДВ.
- Претплата за 180 дена изнесува 4.500,00 денари + ДДВ.
- Претплата за 360 дена изнесува 8.000,00 денари + ДДВ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom