400к македонци гласаа за, ама и 400к гласаа против. Не ти е баш точна тезата.
Тешко дека сите срби и турци гласаа за Дпмне.[DOUBLEPOST=1483134088][/DOUBLEPOST]
Море ПУНО, вие од 2002 година до ден денешен гласате за партија која се претставува за политички огранок на УЧК. 2002 Македонците гласаа против ВМРО а за СДСМ меѓу другото затоа што СДСМ имаше помалку воинствена реторика а вие како награда масовно го изгласавте ДУИ и продолживте до ден денешен. Единствено зошто ДУИ изгуби гласови е затоа што добија имиџ на тендер партија која не се грижи за интересите на албанците. БЕСА од друга страна си е сега порадикална па доби повеќе гласови. А и заев тикви ќе добиеше гласови од вас да не се улизуваше со бесмислени изјави и со финансиски средства по селата.
Да, ДУИ го донесе рамковниот, барем така мислиме, и јас сум гласал за нив заради тоа, но да си ги слушал тие разговори и пак да гласаш за таа партија или треба да си ретардиран или газот да ти под кирија.
Бомбите не беа нешто катастрофално за ДУИ колку што беа за Дпмне, ама пак ДУИ е повеќе казнета од народот отколку ДПМНЕ.
Вие 2002 за СДСМ гласавте за други причини.
Заев според мене доби албански гласови затоа што вети дека ќе ги разреши сите случаеви од бомбите, ќе ги затвори криминалците итн.
Пари колку што знам немаше, да, имаше кога беа локалните, ЦИЦ делеше ко луд, ама за Заев нит сум чул ни видел.[DOUBLEPOST=1483134365][/DOUBLEPOST]
не е тоа проблем. Јас живеам во т.н. двојазична, чаирчани, радишанци се во двојазична, ништо посебно. Проблем гледам во мешањето на албанскиот премиер со нашите партии. Зошто, по чија директива и што е целта, не знам ама тоа во моментов ми пречи.
Популизам, ништо повеќе.
Ни таму не можат со криминалот да одат со крај па сакаат вака да добиваат политички поени.
Овдешните партии мораа да одат сите, ако не оди едната тогаш ќе бидат предавници, како што беше ситуацијата кога претходниот пат не одите Ахмети.