- Член од
- 31 јануари 2014
- Мислења
- 5.169
- Поени од реакции
- 2.272
контра прашање - што губи Албанецот ако научи пет зборови на македонски кога веќе живее во Македонија? Ајде да разберам на суд да имаш на албански право да се искажеш и некои други технички работи да ги добиваш на албански ама каква потреба има од двојазични автобуси? или на граничен премин богородица да има на албански јазик информации? Јас верувам дека и сега на тие премини има по некој албанец па ако дојде нешто зорт има со кого да се разбереш ако е нешто комплицирано. нема потреба официјално да биде сето тоа. Воведување двојазичност насекаде и за се и сешто само води кон поголема поделба и се губи еден од атрибутите на македонија како унитарна држава на Македонците и делови од народи кои живеат во неа. Поентата со рамковниот и претходно со уставот беше да не се дозволи асимилација и слободно да си негувате култура и јазик. Еве сега знаеме дека нема шанси да бидете асимилирани, учите од градинка до факултет на албански и што повеќе треба? Да живееме во паралелни светови, т.е. веќе живееме.Muabetov za dvojazicnost stana spansko selo i nikna za dobienje politicki poeni so nacionalizam (sto i vo 2016ta dava neverojatni rezultati)... mene pak seuste ne mi e jasno sto gubat makedoncite ako albanskiot jazik stane officialen niz cela territorija na RM ? Iako mislim deka glupavo trosenje na resursi i nepotrebno bi bilo da go preveduvas na primer celiot material na opstina Berovo vo Albanski, no na druga strana, zosto da ne ima dvojazicnost vo granicnite premini vo Grcijai, BG kaj MVR/Carina itd.. kade bi bilo korisno.
Vtora makedonska paranoja (naravno vmetena od mvro) - federalizacijata:
Drzavi kako: USA, Rusija, Germanija, Svajcarija se federalni drzavi... ama za nas bilo destruktivno i ja gubime drzavata ...So segasniot sistem, centralnata vlast e semokna i moze da si dozvole sebesi proekti kako Skopje 2014 - koj e navreda za site drugi gradovi koj nemaat Stadioni, Olimpiski Bazeni, Infrastruktura ili bilo kakva perspektiva.
Федерализацијата не е наметна од ВМРО, туку секој Македонец го има тоа чувство од 1991 навака. Тоа не се базира на предрасуди туку на реални факти. Косово го отцепивте од Србија тоа е факт. Од 1991 до сега немаме чувство дека сакате да живеете во Македонија туку дека помила ви е Илирида. А инаку самиот концепт на федерализација има историски корени во една држава и ако не си приметил сите тие држави што ги наброја (океј можеби освен Швајцарија поради специфични историски прилики во тој регион) се големи држави. Поголема децентрализација да, но само кога ќе се зголеми довербата меѓу нас. Еве што се случува сега со седницата на новот собрание? Најстариот член во парламентот кој треба да ја води седницата е од ДУИ тој Манојловски (Шкрет, православен Албанец). Ако го оставиш тој да ја води седницата можам да се кладам во 100 евра дека ќе ја води на албански иако треба да ја води на македонски. Друга работа, го оставаш тој од ДУИ министер за МВР да биде (од вчера) тој прва работа што направил е да ги испитува специјалците дали ги малтретирале затворените од Диво Насеље. Ништо не се прави суптилно, воопшто не им е гајле што мислат Македонците...и сега ти викаш поголема слобода во општините. Едноставно не може во моментов (океј можеби и може ќе видиме што ќе се случува на политичката сцена ама ова ти е ако ме прашаш мене) особено не на сила како што се прави се до сега.