He Mики, не знаеш шопиши во Библијата, таму е убаво кажано дека:
20. душа, која згрешила, ќе умре; синот нема да го понесе гревот на татка си, и таткото нема да го понесе гревот на сина си, правдата на праведниот при него си останува и беззаконието на грешникот при него си останува.
Значи секој си ги сноси своите сопствени гревови и нема префрлање од татко на син така да ни Адам и Ева не пренесоа никаков грев на своите потомци.
Или убаво така опишано
29. И тогаш, нема да велат веќе: „Татковците јадеа кисело грозје, а забите на децата нивни им фаќаат оскомина.”
30. Но, секој умира поради своето сопствено беззаконие; кој ќе јаде кисело грозје, нему забите ќе му фаќаат оскомина.
Значи грешно е ццрковното тврдење дека сите луѓе наследиле некаков си грев. Тоа не е онака како што пишува во библијата и онака како шо госпот рекол