Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
G

Goldie

Гостин
Ако не направат победниците влада (ДУИ и ВМРО ДПМНЕ) можно е да има големи немири во РМ. Поголеми од 2006 г. кога ДУИ протестираше.
Впрочем, тоа е и волјата на избирачите, нели?
Победа од 17-20к гласови и не е некоја победа

Плус ако зборуваме за волја на избирачите тогаш Албанците јасно си кажаа со кого дефинитивно не сакаат да коалицираат. На Албанските партии останува дали ќе ја почитуваат нивната волја
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.887
Поени од реакции
23.294
Победник е тој што ќе успее да има мнозинство, не тој што добил повеќе гласови (освен ако тие гласови не му гарантираат мнозинство). Незнам кај се укључува teamviewer на Кајгана во Paint да нацртам.
Ако ти е полесно така да си се тешиш тогаш ок инаку не си во право. Едно е да си победник на изборите што се гледа по бројот на освоени мандати а друго е да обезбедиш парламентарно мнозинство за да составиш влада. Тоа се две различни работи.
 
S

silmarillion

Утехата е во муабетот дека со 20.000 гласа разлика си победник а имаш само 2 мандати повеќе од вториот кој знаејќи ја моменталната ситуација со малцинството многу веројатно ќе формира влада. И утехата следи кога ќе седнеш на левата страна во собранието, а ќе искачаш на говорница и ќе збориш дека ти си победил со 20.000 гласа повеќе, а овој од десно ќе ти потпишува налог за плата.

Победник е тој што ќе седне у грдосијана на Илинденска да продужи да ја дере кожата на народот.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.887
Поени од реакции
23.294
Утехата е во муабетот дека со 20.000 гласа разлика си победник а имаш само 2 мандати повеќе од вториот кој знаејќи ја моменталната ситуација со малцинството многу веројатно ќе формира влада. И утехата следи кога ќе седнеш на левата страна во собранието, а ќе искачаш на говорница и ќе збориш дека ти си победил со 20.000 гласа повеќе, а овој од десно ќе ти потпишува налог за плата.

Победник е тој што ќе седне у грдосијана на Илинденска да продужи да ја дере кожата на народот.
Пак ти нагласувам дека мешаш две различни работи. Едно е да си победник на избори па макар и со еден глас а сосем друго е кој ке обезбеди парламентарно мнозинство и ке формира влада. Разликата и не мора да биди два пратеника и 20000 гласови, таа може да биди и поголема. Исто му се фаќа на победникот на изборите ако не може да обезбеди просто мнозинство. Не е тоа нити нешто ново нити нечуено.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Добро де, и Хилари имаше повеќе гласови, а сега плете чорапи по дома.
Концентрирајте се на битниот момент, кој ќе формира влада со ДУИ+АА.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Па кога ќе прочитам од небањативе како зборат за некој дека е „изрод“ затоа што не е ограничен и глуп како нив, да се гордееш со етикетата, кога веќе модераториве не ја бришат.
Паторот утре, заутре ќе се залапа уште еднаш со аљи учкарот, ќе му прифати и државава Источна Албанија (Скопје) да се вика и пак небањативе ќе си го живеат сонот дека се големи патриоти и родољубци.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Победник е тој што ќе успее да има мнозинство, не тој што добил повеќе гласови (освен ако тие гласови не му гарантираат мнозинство). Незнам кај се укључува teamviewer на Кајгана во Paint да нацртам.
Што има да ми црташ. Победник е оној кој освоил најмногу поени, во се. И број на пратеници, и број на гласови.. повеќе има ВМРО ДПМНЕ.
По твојава „логика“, ако ДПА влезе во владата ќе испадне дека се и тие победници. Па и Мендух Тачи ќе ја повлече оставката. Гледаш ли колку ти држи „логиката“?
Ти да ми црташ... бог да чува. Остави настрана тенденции и одговори логично. Никој не ти брани да имаш страна.[DOUBLEPOST=1482760207][/DOUBLEPOST]
победници не се дуи и дпмне. Победници се дпмне и сдсм. а кој ќе прави влада...тој што ќе се напупи на редефинирање на двојазичност, прекроен буџет...
Па, кај македонците се ВМРО ДПМНЕ, а кај албанците веројатно се ДУИ, треба да расчистат со СДСМ... Ако се СДСМ.. тогаш ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ќе треба, според „наметнатото правило“ на состав на влада последниве години.
 
S

silmarillion

Гостин
Апсолутно е победник тој кој ќе влезе во влада без разлика на бројот на гласови вклучувајќи ја и ДПА. Затоа што направил коалиција со мнозинството гласови во државата. Мислам ја разбирам сагата, вас ви е ете има 100 партии, една има 2 гласа другите 99 имаат по 1 глас и таа со 2 гласа е победникот. Тоа што другиве 99 нема да коалицираат со таа 1 што има 2 гласа не ви е битно. Битно таа има еден глас повеќе од сите други поединечно. А тоа е затоа што 99% од времето сте во тренерки во кладилница со билтенот у рука и кафето од автомат во друга и чекате дојава на фејсбук.

Што би рекол Владе, ако ви е утеха, ок, нека ви биде :)
 
Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Па кога ќе прочитам од небањативе како зборат за некој дека е „изрод“ затоа што не е ограничен и глуп како нив, да се гордееш со етикетата, кога веќе модераториве не ја бришат.
Паторот утре, заутре ќе се залапа уште еднаш со аљи учкарот, ќе му прифати и државава Источна Албанија (Скопје) да се вика и пак небањативе ќе си го живеат сонот дека се големи патриоти и родољубци.
Сите сме бањати, христијани сме!!! Небањат си знаеш кој е! А зашто мислиш дека некој треба да попушти! Ако ВМРО е опозиција ќе ги апсите без докази ли!. Една гребнатинка неможете да најдете! Те уверувам! А за СДС и ДУИ и друг кој сакаш се ќе ти најдеме! Сакаш разговори на СДС и тие ќе си излезат! Сакаш возење со Ауди, каде возело кого зимало и што доставувало!? Како е правен трансфер на пари! Амбасадорски да кажеме! Се по список ќе одмотуваме! Стрпи се и забањај се! :) Хе Хе
Оставка Мукицо!!!
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.389
Празници се ближат, г'зови се лижат..........

Мала анализа од мене,
работата е толку комплицирана, што ни господ да дојде нема да може да ја оправе,
викате дека Грујо ќе дадел се само да остане на власт, што не верувам баш, ама не е невозможно
мислам дека опцијата СДСМ да дојде на власт е подобра за ВМРО во овој момент, ќе се создаде поголема критична маса за улична демократија, а на локалните избори ќе доживее дебакал, колку би издржала влада на СДСМ при такви услови, не верувам дека долго, освен ако не применува груба сила, со што ќе си го резервира столчето во опозиција за наредните неколку децении.
Сега ќе речете дека ќе оди во затвор, ако можеше така лесно да се стави некој во затвор, Зајко ќе беше првиот до сега, значи ништо и од затворот...

Тоа е, до следните парламентарни избори, има да биде “колеж“ на народот, додека политичарите ќе си ги чешлаат
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.887
Поени од реакции
23.294
Апсолутно е победник тој кој ќе влезе во влада без разлика на бројот на гласови вклучувајќи ја и ДПА. Затоа што направил коалиција со мнозинството гласови во државата. Мислам ја разбирам сагата, вас ви е ете има 100 партии, една има 2 гласа другите 99 имаат по 1 глас и таа со 2 гласа е победникот. Тоа што другиве 99 нема да коалицираат со таа 1 што има 2 гласа не ви е битно. Битно таа има еден глас повеќе од сите други поединечно. А тоа е затоа што 99% од времето сте во тренерки во кладилница со билтенот у рука и кафето од автомат во друга и чекате дојава на фејсбук.

Што би рекол Владе, ако ви е утеха, ок, нека ви биде :)
Да де како што ти реков кој победил на избори и кој ке формира влада не е те едно те исто. Не е тоа моја , твоја или некоја сага туку едноставно е така и тоа е тоа.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
...ете има 100 партии, една има 2 гласа другите 99 имаат по 1 глас и таа со 2 гласа е победникот. Тоа што другиве 99 нема да коалицираат со таа 1 што има 2 гласа не ви е битно...
Е ова е опсежно објаснување... ме убеди. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom