Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
во каква мизерија сме родени бе, ебате баксузите :place:

бугарски пасош here I come :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.264
A кај напишав дека ВМРО ќе формира влада? И точно, исходот што го посакував се оствари, климаво владеење за било кој.
Никој не рече дека посакуваш ВМРО да формира влада туку дека посакуваш да има климаво владеење кој и да формира влада. Само што цел нормален свет тежнее државата да има стабилна влада само ти се радуваш дека нема да има. Баш би сакал да образложиш зошто тоа би било добро и зошто цел свет греши а ти си во право.
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Затоа што на клептомани не треба да им се даде апсолутна власт, не сум идиот за да верувам во идеална влада која не прави криминал, но ми се чини дека кај нас и во двете опции надвладеал клептоманизмот и ставање на лични интереси и лечење фрустрации пред општото добро.

Е па во таква ситуација, не посакувам стабилна влада за некој стабилно да го уништува граѓаниниот на оваа земја, нека се потат и нервираат политичарите сега за мнозинства, бадинтерово, двотретинско, обично, ултиматуми, гласање, кадровски решенија и сите други заврзлами.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
..хмм а како не ти текнало , ти вака ко шарен револуционер се тоа да снимиш и документираш, можеше и Верушевски да го замолиш ко експерт да ти помогне, па милу им маму да им ебеш на тие од дојдената инспекција кои ти рекоја да им дадеш на вработените кои имаат до 30 години по 100евра од твој џеб плус, за да ги поттикнеш за да прават деца :) Зајко троши ресурси на немогучи мисии , а со вакви едноставни марифетлуци, не влада туку и Вавилонска кула може да се сруши :) :) :) :)
Ете Заев има бомби се му одбиваат на суд. Што да правиме со сваровски судии.
Да шарен револуционер сум, едвај наоѓав време но претежно бев на улица затоа што немам испран мозок и знам совесно да бирам кого да подржувам.
Тоа што ми рекоја да дадам по 100евра не ми се има само мене случено.
Кои ресурси и какви немогучи мисии се тоа?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Ете јас веќе се прилагодвам на ситуацијата. Прашање е само на време кога и ти ке го прилагодиш аватарот со некој додаток како кече на пример.
мојот аватар носи традиционална албанска фустанела само не се гледа на сликата
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Сега треба да биде достоен и да се изврли од партија, да си се посвети на семејство, како што и впрочем кажа и да остави на некој способен да ја води најголемата опозициска партија. Снимки, пари, цел ебан политички свет застана на негова страна и не успеа да дојде на власт. Не знам што друго да се каже за Заев освен, „хк, пу“, #реално.
Знаеш што е најтрагично?
Ќе победеа да не беше она со "грдото лице на Македонецот"...
 

Rokko

SiFU 師父
Член од
30 мај 2014
Мислења
714
Поени од реакции
299
Тоа кажи им го на твоите за 4 че кружеа со 70000 гласа +, а сега мене ми збориш за двојазичност. Чим си гласал за Муки тебе не ти смета на Шкон да биде премиер. Оди пишувај за СФРЈ, остај ја Македонија на Македонците и на ВМРО! И може да славите пораз!
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.264
мојот аватар носи традиционална албанска фустанела само не се гледа на сликата
Па напрај некој измени за да се гледа, нели гледаш дека нови ветришта дуваат. Прилагоди се не биди како динасоурусите. И тие не сакаа да се прилагодат па исчезнаа.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Твојот бизнис, ако е мала фирма не си воочлив директно во ујп. Според закон ми следува поврат на ДДВ, знаеш што добивам ако ги побарам назад парите? Инспекција.
Пред избори секогаш ме „поздравуваат“ знаеш зашто? За да има дадам пари од мој џеб за партиски цели.
Пред 1 година ми дојде инспекција и ми рекоја да им дадам на вработените кои имаат до 30 години по 100евра од мој џеб плус, за да ги поттикнем за да прават деца, со тоа да се зголеми наталитетот. Им реков нема проблем вие пуштите ми мене па јас ќе им дадам. Знаеш што добив другиот ден? Казна на некој измислен основ. Се влечев низ судовите како судија некој за на крај да добијам.
Можеби мојата е мала, а можеби и не, за да не сум ддв обврзник...но работам со клиенти кои се и те како воочливи во ујп. Плус и споменав у потесна фамилија/семејство повеќе примери...Сите сме се соочиле со ситуациите кои ги споменуваш, но незнам зашто се гледа на тоа како на нешто лошо...па инспекциите затоа постојат, да контролираат. Ако си чист, ќе помине инспекцијата, ќе си почекаш одредено време и ќе си го земеш ддв-то. Друго, парите од ујп незнам како мислиш дека одат во „патриотски цели“ као демек во вмро? тие одат во буџет, а тој буџет е за сите. Тоа по 100 евра за наталитет, искрен да бидам, прв пат слушам, не велам дека не ти се случило, ама ете јас не сум сретнал друг пример...ако име некој друг на да сподели такво нешто би бил благодарен...има закон за тоа? има основа да ти го бара тоа? Но бидејќи си ги добил на суд, веројатно не постои таков основ и судството си функционарало беспрекорно, правдата била истерана...
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
@MASTERPIECE не ти реплицирав на тоа што си ме цитирал али од тоа што си го пишал ти, дефинитивно јас и ти живееме во различна Македонија.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.868
Поени од реакции
23.264
Затоа што на клептомани не треба да им се даде апсолутна власт, не сум идиот за да верувам во идеална влада која не прави криминал, но ми се чини дека кај нас и во двете опции надвладеал клептоманизмот и ставање на лични интереси и лечење фрустрации пред општото добро.

Е па во таква ситуација, не посакувам стабилна влада за некој стабилно да го уништува граѓаниниот на оваа земја, нека се потат и нервираат политичарите сега за мнозинства, бадинтерово, двотретинско, обично, ултиматуми, гласање, кадровски решенија и сите други заврзлами.
И ти сметаш дека тоа е добро решение, дека као демек ке се пазат едни од други и ке носат одлуки за општо добро. Не верувам дека си толку наивен или толку наивно размислуваш. Додуша можи и си мал и не си запознаен или не ти кажале но на времето иако СДСМ и ВМРО беа смртни непријатели , нешто како и сега да видиш како сложно и здружно си изгласаја зголемување на пратеничките плати и други бенефиции кои ги носи пратеничката функција. После ке се чудиш зошто толку големи патни трошоци, зошто некој земаше плата иако не доаѓаше на работа и го блокираше цел парламент. Види за нив ке нема зима, тие ке си се договорат некако,ќе замижат кога ке треба и така. Сите останати ке патат од таа нестабилна влада и нестабилно парламентарно мнозинство додека на тв ке си ги вадат очите. Ова можеш да си го зачуваш и по некоја година да се потсетиш колку јас сум бил во право. Сепак искуството некогаш и со годините иди.[DOUBLEPOST=1482710473][/DOUBLEPOST]
Ете Заев има бомби се му одбиваат на суд. Што да правиме со сваровски судии.
Да шарен револуционер сум, едвај наоѓав време но претежно бев на улица затоа што немам испран мозок и знам совесно да бирам кого да подржувам.
Тоа што ми рекоја да дадам по 100евра не ми се има само мене случено.
Кои ресурси и какви немогучи мисии се тоа?
Да сум на твое место не би се петелчел толку дека сум шарен револуционер, барем не сега од кога се виде дека повеќето ве искористија како топовско месо, ама ете ти си знаеш.
И си запнал за сваровски судиите, никој да спомни за тие 500 судии кои во еден ден без назначени од парламентот без опозиција. Тие како се нешто совесно работат. Имаше некој идеја, Шилегов мислам дека беше кога рече ке прави ревизија на судиите кога ке дојдат на власт. Ете ВМРО нека им ја укради идејата и нека направат ревизија на сите тие судии кои преку ноќ беа назначени и тоа од парламент во кој немаше ни П од опозиција. Верувам дека СДСМ нема да има ништо против пошто сепак тоа беше нивна идеја. Ете нека почнат од тие судии , така темелно да се прочешлаат кој што направил. Кој си работеле совесно и чесно нека седат, кој го дупеле магарето не да се избркаат од работа туку да заглават во затвор и тоа дебело чисто за пример за другите сегашни и идни судии како превентива за во иднина кога им се дава таква можност два пати да размислат дали ке ја прифатат.
 
Последно уредено:
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
@MASTERPIECE не ти реплицирав на тоа што си ме цитирал али од тоа што си го пишал ти, дефинитивно јас и ти живееме во различна Македонија.
Хаха, не брат, не би рекол, јас имам друго толкување...живееме во различни опкружувања а во истата таа Македонија.Што сакам да кажам...можеби кругот на пријатели/колеги/познаници/роднини/фамилија ти е таков да речам негативно настроен, незадоволен од сенешто, секогаш некој друг им е крив за неуспесите, а за успесите се секогаш они должни, плукаат по држава и по другите успешни луѓе...не ти го говорам ова заради навреда, него како лично искуство...сум бил во таа ситуација, за среќа, во мојата фамилија има еден човек (не би откривал повеќе за него зашто е многу добро познат и многу ценет од секое живо битие во и надвор од Македонија) кој ми помогна да сфатам дека доколку си опкружен со такви луѓе таков ќе станеш и ти, доколку се опкружиш со среќни, весели, способни и успешни луѓе таков ќе станеш ти, односно така ќе си ја креираш Македонијата во која живееш...И втората многу битна работа што ме научи, е да бидам објективен, ама онака болно објективен колку и да не ми се допаѓа тоа што ќе го добијам како резултат. Тежок процес е, бара многу жтрви, со голем број пријатели, па и роднини повеќе не сум во комуникација поради „нивното живеење во твојата Македонија“. Но, верувај ми, на крајот се исплати.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.349
Поени од реакции
38.536
кој ми помогна да сфатам дека доколку си опкружен со такви луѓе таков ќе станеш и ти, доколку се опкружиш со среќни, весели, способни и успешни луѓе таков ќе станеш ти, односно така ќе си ја креираш Македонијата во која живееш...И втората многу битна работа што ме научи, е да бидам објективен, ама онака болно објективен колку и да не ми се допаѓа тоа што ќе го добијам како резултат. Тежок процес е, бара многу жтрви, со голем број пријатели, па и роднини повеќе не сум во комуникација поради „нивното живеење во твојата Македонија“. Но, верувај ми, на крајот се исплати.

Ова е дефиниција за успех насекаде во светот , не само во Македонија. Јас немам 2 ебени вистински другари поради ваквиот селективен начин на живот , и од почетокот беше крваво тешко , па поминаа пар добри години додека осетив резултат и квалитети во животот. Од емотивни , до сменети гледишта во животот и на крај финансиска стабилност. Се е до тебе , ти треба да ги креираш условите , не некој да ти ги креира за да можеш да тргнеш. Си ебало мајчето ако го чекаш Годо.
Не дека ќе немаш даун периоди и нема да пцуеш се живо и диво , али многу подобро е кога си во друштво на позитивни и успешни луѓе.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.255
Поени од реакции
18.205
Сега треба да биде достоен и да се изврли од партија, да си се посвети на семејство, како што и впрочем кажа и да остави на некој способен да ја води најголемата опозициска партија. Снимки, пари, цел ебан политички свет застана на негова страна и не успеа да дојде на власт. Не знам што друго да се каже за Заев освен, „хк, пу“, #реално.
На прецедателските избори Сдсм извади кандидат кој беше подобар од противничкиот во секој поглед. Водеше добра кампања додека Иванов се резилеше со Казакстан и тн.. Памтам сите другари што се неутрални гласаа за него,што не беше случај на овие избори каде што дел не излегоа. И пак доживеа дебакл како сите нивни каднидати 10 години уназад. Едноставно немаат сите луѓе погледи како мене,тебе. Заев направи добра процена со албанците што на крај ќе му донесе власт,а не бомбите и скандалите на вмро.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.441
Поени од реакции
18.426
Ова е дефиниција за успех насекаде во светот , не само во Македонија. Јас немам 2 ебени вистински другари поради ваквиот селективен начин на живот , и од почетокот беше крваво тешко , па поминаа пар добри години додека осетив резултат и квалитети во животот. Од емотивни , до сменети гледишта во животот и на крај финансиска стабилност. Се е до тебе , ти треба да ги креираш условите , не некој да ти ги креира за да можеш да тргнеш. Си ебало мајчето ако го чекаш Годо.
Не дека ќе немаш даун периоди и нема да пцуеш се живо и диво , али многу подобро е кога си во друштво на позитивни и успешни луѓе.
Баш така, ова важи секаде, посебно во приватно, ако си успешен зошто толку имаш потреба да ги браниш овие што се на власт?
Освен ако успешноста не ти зависи од партиската пенетрација, што ќе ти смени кој е на власт?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom