Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Зошто и ти со глупа споредба? Не сфаќаш дека сам се укопуваш со ова?
Во време на есдеес си немал ништо, таа власт се сменила и е во опозиција стоилјади години.
Во време на дпмне исто немаш ништо али не, оваа власт е супер, имаме се' што ни треба.

За кур ги бивало и едни и други, ниту едни ниту други до сега направиле нешто за средната и ниската класа. Односно за средната направиле, да бидат ниска класа.
Не би се сложил...мојот бизнис или ајде да речеме мала фирма, а и на многу клиенти со кои соработувам, во последниве 5-6 години се движеа во нагорна линија...не велам како ракета, меѓутоа стабилно нагоре...од 2015 летото се забележа грчење...а трае и ден денес, меѓутоа со оглед на политичката состојба, сепак сеуште не сме (и на мое лично изненадување) не сме дошле до фазата на crises management...во време на сдс ликвидиравме фирми повеќе него муви по дома...И не, немаме се што ни треба, но се движевме натаму пред кризата од заев
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Со повеќе од 80 гласа од Албанците, Никола го спаси гзот... прашањето е што им има ветено Грујос на Албанците?!?! Дали во прашање е вистинска федерализација на чело со Али Ахмети?
Според него албанците се „клети Албанци“
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Со повеќе од 80 гласа од Албанците, Никола го спаси гзот... прашањето е што им има ветено Грујос на Албанците?!?! Дали во прашање е вистинска федерализација на чело со Али Ахмети?
Добро бе брат, 100 пати, праша. Ако сака да формира влада по секоја цена и гзот ќе го дава на вересија до следни избори, ќе даде шкиптарски премиер и се' што ќе посака (демек омразениот) коалиционен партнер. Се разбира, за дпмне заслепените, виновник за тоа ќе биде Заев.

Се разбира, според нив, пастирот не смее да каже „види, под тие услови, јас не сакам да формирам влада“ и мислат дека неформирање влада ќе биде криминал.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.756
Поени од реакции
3.793
Зошто и ти со глупа споредба? Не сфаќаш дека сам се укопуваш со ова?
Во време на есдеес си немал ништо, таа власт се сменила и е во опозиција стоилјади години.
Во време на дпмне исто немаш ништо али не, оваа власт е супер, имаме се' што ни треба.

За кур ги бивало и едни и други, ниту едни ниту други до сега направиле нешто за средната и ниската класа. Односно за средната направиле, да бидат ниска класа.
Од каде знаеш што сум имал во време на сдс, а што сега?
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Интересно, според гласовите по прегласувањето испаѓа дека БЕСА + ДУИ му дале поддршка на СДС, а ДПА на ВМРО.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.403
Поени од реакции
9.032
Добро бе брат, 100 пати, праша. Ако сака да формира влада по секоја цена и гзот ќе го дава на вересија до следни избори, ќе даде шкиптарски премиер и се' што ќе посака (демек омразениот) коалиционен партнер. Се разбира, за дпмне заслепените, виновник за тоа ќе биде Заев.

Се разбира, според нив, пастирот не смее да каже „види, под тие услови, јас не сакам да формирам влада“ и мислат дека неформирање влада ќе биде криминал.
јас све мислам дека овој пат Али ќе го враќа долгот за последниве 8 години што се шлепа во власта според неговото непишано правило, ама ајде ќе видиме, следуваат интересни моменти.
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Не би се сложил...мојот бизнис или ајде да речеме мала фирма, а и на многу клиенти со кои соработувам, во последниве 5-6 години се движеа во нагорна линија...не велам како ракета, меѓутоа стабилно нагоре...од 2015 летото се забележа грчење...а трае и ден денес, меѓутоа со оглед на политичката состојба, сепак сеуште не сме (и на мое лично изненадување) не сме дошле до фазата на crises management...во време на сдс ликвидиравме фирми повеќе него муви по дома...И не, немаме се што ни треба, но се движевме натаму пред кризата од заев
Твојот бизнис, ако е мала фирма не си воочлив директно во ујп. Според закон ми следува поврат на ДДВ, знаеш што добивам ако ги побарам назад парите? Инспекција.
Пред избори секогаш ме „поздравуваат“ знаеш зашто? За да има дадам пари од мој џеб за партиски цели.
Пред 1 година ми дојде инспекција и ми рекоја да им дадам на вработените кои имаат до 30 години по 100евра од мој џеб плус, за да ги поттикнем за да прават деца, со тоа да се зголеми наталитетот. Им реков нема проблем вие пуштите ми мене па јас ќе им дадам. Знаеш што добив другиот ден? Казна на некој измислен основ. Се влечев низ судовите како судија некој за на крај да добијам.
 
D

Darko_ufo

Гостин
Добро бе брат, 100 пати, праша. Ако сака да формира влада по секоја цена и гзот ќе го дава на вересија до следни избори, ќе даде шкиптарски премиер и се' што ќе посака (демек омразениот) коалиционен партнер. Се разбира, за дпмне заслепените, виновник за тоа ќе биде Заев.

Се разбира, според нив, пастирот не смее да каже „види, под тие услови, јас не сакам да формирам влада“ и мислат дека неформирање влада ќе биде криминал.
Па намерно прашав 100 пати зашто Сител им го избушија мозокот на Орките со тие Албански гласови за СДСМ а сега кога и за ДПНЕ има Албански гласови никој не го спомнува тоа... А факт е дека ако ДПНЕ формира влада ќе има Албанец премиер и за тоа ''крив'' ќе биде Заев и СДСМ како и за се што е лошо во државава, прашај ги кој е крив за Кичево :pos:.

Инаку не би ми сметало влада со Заев и овие кримниаците да завршат во затвор па нека биде и Албанец премиер... Е откако ќе ги затворат нека има пак избори.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Не би се сложил...мојот бизнис или ајде да речеме мала фирма, а и на многу клиенти со кои соработувам, во последниве 5-6 години се движеа во нагорна линија...не велам како ракета, меѓутоа стабилно нагоре...од 2015 летото се забележа грчење...а трае и ден денес, меѓутоа со оглед на политичката состојба, сепак сеуште не сме (и на мое лично изненадување) не сме дошле до фазата на crises management...во време на сдс ликвидиравме фирми повеќе него муви по дома...И не, немаме се што ни треба, но се движевме натаму пред кризата од заев
Во ред, значи си знаел нормално да реплицираш. Драго ми е.

Кои фирми, кој капитал, која криза од заев, што збориш? Се' што вредеше и носеше пари дојде под „закрила“ на фамилијата, односно го купија со „милом или силом“ принцип. Се' останато труе, пропаѓа и оди у бајбок. Те оставаат без работа, те вработуваат за 12к и треба да им бидеш благодарен, пошто те вработиле. Ти пропаднала фирмата, зошто пред 10 години есдеес биле на власт. Муабет за мали деца.

Како и да е, мило ми е што твојата оди во нагорна линија. Се надевам дека и на татко ми ќе почне да оди, само што татко ми има книговодствено биро и знам колку можеле да плаќаат порано за тие услуги а колку плаќаат сега. Плус, да додадам сите давачки што му ги залепија, плус лиценци, плус семинари, плус да мора да има уште еден вработен, па да му одредува плата колку да му биде.

Според мене, мали и средни претпријатија има се' помалку и помалку, затоа што се' потешко и потешко можат да бидат во позитива. Народот нема пари, нема одржлив раст, нема капитал. Капиталот е закржлавен, секој секому должи, едноставно е.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Не ја знам точната процедура сега, не сум правник јас.
Но ова не е неучество на избирачко место 2011, ако не учестуваваш сигурно има и некоја процедура да те тргнат од листот за гласање.
Нема таква процедура и можност... демократски е да се остави секој на ливчето, а право на гласачот е ако сака и да го поништи ливчето или да гласа за Чак Норис. Ако раководството решило дека нема да прави кампања на одредено избирачко место или т.н. нема да учествува, не значи и дека нивни поддржувачи, гласачи, фанови и членови го мислат истото...тие си сакаат да ја изразат својата поддршка кон нив или казна за другите, и треба да им се остави простор да го сторат истото...
 
Член од
29 декември 2012
Мислења
275
Поени од реакции
480
Бомбите не беа за некој да оди во затвор онолку колку што беа за да му се отворат очите на простиот македонски народ дека пред нос, додека тој гладува, пастирот наш и неговата фамилија граба милиони и ги носи надвор од ова сиромашно тло. Да сфатиме дека ако купиме кола од 2002ра година во 2016та не е луксуз, туку доказ дека сме сиромашни. Доколку мајка ти и татко ти отидат на зимовање 5 дена во Берово, не е луксуз, едноставно, можат да си го приуштат тоа. Со оглед на тоа што 5% од семејствата во РМ можат да си приуштат автомобил 5 години стар или понов автомобил, можат да си приуштат зимовање, зошто го заслужиле, знаеме колку сме бедни и колку ни е всадено во глава дека сланина за вечера е луксуз и мора да јадеме посебна со растителен кашкавал.

Само што не, снимките се монтирани а пастирот и семејството се хранат со туцана сол и Кристал маргарин, како и 90% од македонското бедно, сиромашно население.
Објасни се .. може да ја затворите темата комотно..
 
G

Goldie

Гостин
СДС да беше здрава опозиција оваа власт ќе паднеше многу лесно на избори.Ама пошто не се здава,него трула..ништо.Едно ме чуди,како покрај сите бомби,афери вакви такви,странска помош,СОРОС,амерички,британски итн. амабасади и помош од албанскиот електорат,ПАК не успееаја да ја бутнат владата.Не е до вмро,вмро не е толку добро,колку што овие другиве се ОЧАЈНИЦИ.
Марсовците ги заборави

Сега треба да биде достоен и да се изврли од партија, да си се посвети на семејство, како што и впрочем кажа и да остави на некој способен да ја води најголемата опозициска партија. Снимки, пари, цел ебан политички свет застана на негова страна и не успеа да дојде на власт. Не знам што друго да се каже за Заев освен, „хк, пу“, #реално.
Многу филмови гледаш, мислиш туку така се руши криминална мрежа градена десеттина години
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Објасни се .. може да ја затворите темата комотно..
Не само јас, има доста попаметни членови од мене на форумов а и општо ликови надвор од него, само што после ваков пост на форум или муабет во живо, секогаш наидуваш на „ama vo vremeto na branko...“
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom