Бомбите не беа за некој да оди во затвор онолку колку што беа за да му се отворат очите на простиот македонски народ дека пред нос, додека тој гладува, пастирот наш и неговата фамилија граба милиони и ги носи надвор од ова сиромашно тло. Да сфатиме дека ако купиме кола од 2002ра година во 2016та не е луксуз, туку доказ дека сме сиромашни. Доколку мајка ти и татко ти отидат на зимовање 5 дена во Берово, не е луксуз, едноставно, можат да си го приуштат тоа. Со оглед на тоа што 5% од семејствата во РМ можат да си приуштат автомобил 5 години стар или понов автомобил, можат да си приуштат зимовање, зошто го заслужиле, знаеме колку сме бедни и колку ни е всадено во глава дека сланина за вечера е луксуз и мора да јадеме посебна со растителен кашкавал.
Само што не, снимките се монтирани а пастирот и семејството се хранат со туцана сол и Кристал маргарин, како и 90% од македонското бедно, сиромашно население.