Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Тешко дека постои поголема глупост од твоиве „заклучоци„, иако веќе ти е укажано дека се погрешни. А оти не ти текна да го прочиташ и нагласениот збор, тој си сината боја?...
Па истиот тој - нагласениот збор со сина боја им го кажува и змијата! Е сега бидејќи ти тврдиш дека не зборувала, можеби на вибер или месинџер им го потенцирала со сина боја.
Адам и Ева умреле духовно, во моментот од чинењето на првиот грев, односно првата непослушност кон Бога, со која (непослушност), Адам и Ева ја прекинаа врската со Животодавецот, ја изгубија благодатната енергија Божја, за да умрат телесно подоцна, после 900г.
Сето ова е само ваше толкување ништо повеќе. Не само што никаде не е кажано дека биле бесмртни, туку јасно си пишува како Бог вели - ,,Но сега да не посегнат и по дрвото на животот па да заживеат вечно!" Што значи дека не биле бесмртни.
Апсурдно е да тврдиш дека може да создадеш некого без сознание за добро и зло и потоа да сметаш оти е одговорен и дека згрешил! Ако тие немале сознание што е добро а што зло, тогаш неможеле да знаат ни дали одредена нивна постапка е погрешна или не.
На погрешно прашаење,. како и обично, се дава погрешен одговор.

Црквата никаде не вели дека Адам и Ева се створени како бесмртни, туку дека се створени за бесмртност.

Створени се како совршени по тело и како несовршени по дух, кој (дух), преку надградување, би ги водел кон бесмрност.
Ако твојот бог неможел да предвиди што ќе направат или ако неможел да го превентира тоа, тогаш тој не е совршен ниту безгрешен - не е Господ.
 
Па истиот тој - нагласениот збор со сина боја им го кажува и змијата!

Им го кажува, ама не го читаш, уште помалку го разбираш.

Адам и Ева ниту станале богови, ниту не умреле, туку им се случиле токму спротивните нешта.[DOUBLEPOST=1482504733][/DOUBLEPOST]
Сето ова е само ваше толкување ништо повеќе. Не само што никаде не е кажано дека биле бесмртни, туку јасно си пишува како Бог вели - ,,Но сега да не посегнат и по дрвото на животот па да заживеат вечно!" Што значи дека не биле бесмртни.

Веќе одговорив.[DOUBLEPOST=1482504780][/DOUBLEPOST]
Апсурдно е да тврдиш дека може да создадеш некого без сознание за добро и зло и потоа да сметаш оти е одговорен и дека згрешил! Ако тие немале сознание што е добро а што зло, тогаш неможеле да знаат ни дали одредена нивна постапка е погрешна или не.
.

Апсурдно е да сметаш дека токму твоето мнение е поточно и повистинито од Црковното толкување.[DOUBLEPOST=1482504814][/DOUBLEPOST]
Ако твојот бог неможел да предвиди што ќе направат или ако неможел да го превентира тоа, тогаш тој не е совршен ниту безгрешен - не е Господ.

Од погрешни претпоставки, се извлекуваат погрешни заклучоци.
 
Им го кажува, ама не го читаш, уште помалку го разбираш.

Адам и Ева ниту станале богови, ниту не умреле, туку им се случиле токму спротивните нешта.
Ти тврдеше дека змијата лажела, змијата им кажала дека нема да умрат, туку дека ќе им се отворат очите и ќе бидат КАКО богови, знаејќи добро и зло! Тоа и се случило, имаш конкретен стих каде Бог констатира дека станале како него, знаејќи добро и зло! Не вели - ,,Ете јадеа и умреа" туку - ,,Ете станаа како нас, знаејќи добро и зло!"
Адам и Ева според бајкава умреле после 900 години! А дека не биле бесмртни, аргумент е стихот од битие кога Бог ги протерува и вели - ,,Но сега да не посегнат по дрвото на животот па да заживеат вечно!" Што значи дека не биле бесмртни.

А ти верглај си сега и понатаму.
 
Прашањево не само што е погрешно, туку е и бааги приглупо. Повеќе пати напишав дека змијата не зборувала.

Можам да живеам вечно само по Божјата милост.[DOUBLEPOST=1482499575][/DOUBLEPOST]

Која е таа басна...пардон, бајка?

Адам и Ева каснаа, и не само што не станаа богови, туку умреа. Која е таа басна која зборува за суштински нешта?[DOUBLEPOST=1482499693][/DOUBLEPOST]

@Let3,

дај му „лајк„ на чо‘еков...

Не ќе живееш вечно во Божјата Милост доколку не го воспоставиш Темелот силно во Кралството Божје и да ја достигнеш Убавината на Духот, не ќе живееш вечно во Божјата Милост доколку не ја балансираш со Неговата Строгост. Во спротивно ќе постанеш само едно конче од веќе партаљавата ти робска душа недостојна за Круната имајќи толку голема милост за фантомите што ти го јадат духот и зацрнуваат патот. Ќе ти се разнишат столбовите и на своја кожа ќе го осетиш адот, омиленото ти место кое го посакуваш на секој човек што не се согласува со твоето безумие. Ѕвездо црна неогреана од Неговите Зраци, читајќи ги веќе цела година твоите старо-вампирски, проклети мненија, верувам дека еден ден сепак ќе засатанеш пред Него и ќе кукаш

„Господи Господи, нели во твое име пророкувавме? И зар во твое име бесови не изгонувавме? И нели во твое име многу чуда правевме? И тогаш јас ќе им кажам? Никогаш не сум ве познавал, бегајте од мене вие што правите незаконски дела.“ Maтеј 7:21-23.
 
Уште се држиме и ви покажуваме и да воочите дека тајни учења имало низ религиите на профаните од каде доаѓаат иницијацнти, дека имало тајни школи кои се обвиткаа со наметката на религијата за да се заштитат од будалите... но што разбираш ти од тие работи и уреденоста на светот?
Сржта не се менува, само наметката - наменета за мноштвото кое еволуира (збор што за старо-еонците е како клетва)!

По се изгледа, ништо... битно ти е да се расправаш со мене воопшто не читајќи што ти зборувам, бидејќи мислиш дека зборувам против тебе...
Лудости...

Нема да расправам за свети работи со еден мирјанин кој што не знае ниту правилно да го пресмета својот, не пак туѓиот храм!
Не вреди.

Но вреди да се насочи ;)

„Прави што ти е волја тоа нека биде целиот Закон!
Одбиј го ова и падни под клетвата на судбината. Подели ја волјата против самата себе, резултатот е слабост и борба, залудна борба.
Законот не го осудува Човекот.
Прифати го законот и се е законски.

Одбивајќи го Законот, се ставаш себе си надвор од неговите ограничувањa.

Тоа е законот на Исус Христос, или подобро Гностичката традиција на која легендата за Христос е деградација, Христос кој се обиде да подучува; но приближно секој збор што тој го кажал бил погрешно интерпретиран и искривен од неговите непријатели, посебно од оние кои се нарекувале негови ученици.

Во секој случај Еонот не беше созреан за Законот на Слободата. Од сите следбеници само Св. Августин изгледа дека разбрал иако само блесок од она што тој го мислел.“

--- Еквинокс на Боговите, извадок од „Магика, Книга 4“ наскоро на македонски јазик
 
Ѕвездо црна неогреана од Неговите Зраци, читајќи ги веќе цела година твоите старо-вампирски, проклети мненија, верувам дека еден ден сепак ќе засатанеш пред Него и ќе кукаш

Според учењето од мојата вера, секоја човекова душа ќе излезе пред Христа Бога, за да поднесе отчет за начинот на кој го потрошила овосветовното време, ............Изменето од модератор......, имајќи на ум дека токму првиот лажго, ги излажа Адама и Ева со за нив веќе позната вистина...

Ти, секако, нема да излезеш пред образот Божји, оти нели, змијата ви рече дека нема да умрете.[DOUBLEPOST=1482527601][/DOUBLEPOST]
Ти тврдеше дека змијата лажела, змијата им кажала дека нема да умрат, туку дека ќе им се отворат очите и ќе бидат КАКО богови, знаејќи добро и зло! Тоа и се случило, имаш конкретен стих каде Бог констатира дека станале како него, знаејќи добро и зло! Не вели - ,,Ете јадеа и умреа" туку - ,,Ете станаа како нас, знаејќи добро и зло!"

Очигледно дека не ти се познати стихвовите и што се крие во нив па сметаш дека со простото препишување на истите, ќе ме насанкаш...

Адам и Ева, ниту станаа како богови, уште помалку станаа богови, туку умреа, одбирајќи да бидат не во Божјата близина, симболизирана преку плодоносните дрвја, оние кои Бог им ги препорача за јадење, туку да одат по умот и предлогот од ѓаволот, симболизиран преку јадењето на плодот од забранетото дрво, од Бога забрането за јадење.

Ако Адам и Ева станеа како богови, не затоа што дознале што е „добро„ а што е „зло„, (што значи дека се приклониле кон лажгото и кон нивната желба да станат „некој и нешто„ по полесниот пат, без да бидат пораснати за истиот), тоа би било апсурдна ситуација, оти со својата обоженост, не би можеле да умрат. А умреа.

Ќе ти текне...

[DOUBLEPOST=1482527720][/DOUBLEPOST]
Адам и Ева според бајкава умреле после 900 години! А дека не биле бесмртни, аргумент е стихот од битие кога Бог ги протерува и вели - ,,Но сега да не посегнат по дрвото на животот па да заживеат вечно!" Што значи дека не биле бесмртни.

А ти верглај си сега и понатаму.

Се преповторуваш; веќе напишав дека првите луѓе не беа створени како бесмртни, туку за да бидат бесмртни.
Верглај си и понатаму и ласкај си дека си открил нешта кои на другите не им се познати...
 
Очигледно дека не ти се познати стихвовите и што се крие во нив па сметаш дека со простото препишување на истите, ќе ме насанкаш...

Адам и Ева, ниту станаа како богови, уште помалку станаа богови, туку умреа, одбирајќи да бидат не во Божјата близина, симболизирана преку плодоносните дрвја, оние кои Бог им ги препорача за јадење, туку да одат по умот и предлогот од ѓаволот, симболизиран преку јадењето на плодот од забранетото дрво, од Бога забрането за јадење.

Ако Адам и Ева станеа како богови, не само затоа што дознале што е „добро„ а што е „зло„, (што значи дека се приклониле кон лажгото и кон нивната желба да станат „некој и нешто„ по полесниот пат, без да бидат пораснати за истиот), тоа би било апсурдна ситуација, оти со својата обоженост, не би можеле да умрат. А умреа.

Ќе ти текне...

Обиди се пак, само не користи протестантски финти, оти веќе ми се познати.
............Изменето од модератор......, ако има ,,финти" барај ги кај оној што го пишувал текстот! Јас ниту измислив, ниту додадов ниту одзедов нешто! Јасно си пишува:

1. Адам и Ева немале сознание за добро и зло! Без тоа, апсурдно е да се казнуваат бидејќи неможе да знаат дали нивните постапки и одлуки се добри или не.
2. Твоето тврдење дека змијата лажела е побиено, бидејќи истото што им го кажала таа, Бог подоцна го констатира самиот - Станаа како богови знаејќи добро и зло! Не вели - Ете пробаа и умреа, туку - Ете станаа како нас!
3. ,,Аргументот" дека умреле е смешен, бидејќи тоа се случило дури после 900 години! А дека не биле бесмртни сведочи изјавата на бог да им го спречи пристапот до дрвото на животот за да не ,,заживеат вечно". Ако биле бесмртни тогаш ваквата изјава би била апсурдна и бесмислена.

Сето ова се аргументи што колку и да тролаш неможеш да ги смениш, колку и да ги повторуваш твоите клевети, лаги и глупости, нема да ги направиш вистинити!
 
Според учењето од мојата вера, секоја човекова душа ќе излезе пред Христа Бога, за да поднесе отчет за начинот на кој го потрошила овосветовното време, ............Изменето од модератор......, имајќи на ум дека токму првиот лажго, ги излажа Адама и Ева со за нив веќе позната вистина...

Ти, секако, нема да излезеш пред образот Божји, оти нели, змијата ви рече дека нема да умрете.[DOUBLEPOST=1482527601][/DOUBLEPOST]

Очигледно дека не ти се познати стихвовите и што се крие во нив па сметаш дека со простото препишување на истите, ќе ме насанкаш...

Адам и Ева, ниту станаа како богови, уште помалку станаа богови, туку умреа, одбирајќи да бидат не во Божјата близина, симболизирана преку плодоносните дрвја, оние кои Бог им ги препорача за јадење, туку да одат по умот и предлогот од ѓаволот, симболизиран преку јадењето на плодот од забранетото дрво, од Бога забрането за јадење.

Ако Адам и Ева станеа како богови, не затоа што дознале што е „добро„ а што е „зло„, (што значи дека се приклониле кон лажгото и кон нивната желба да станат „некој и нешто„ по полесниот пат, без да бидат пораснати за истиот), тоа би било апсурдна ситуација, оти со својата обоженост, не би можеле да умрат. А умреа.

Ќе ти текне...

[DOUBLEPOST=1482527720][/DOUBLEPOST]

Се преповторуваш; веќе напишав дека првите луѓе не беа створени како бесмртни, туку за да бидат бесмртни.
Верглај си и понатаму и ласкај си дека си открил нешта кои на другите не им се познати...

Никој не ќе ви брани во твојата вера и за пингвини да се сметате. Но и те како на луѓето им е преку глава некој да ги деклинира за грешници и да ги лаже и плаше дека после смртта ќе се соочат со некаков ентитет кој ќе им суди за делата и во тоа што верувале. Времето само од себе ќе ви ги ускрати тие „привилегии“
 
Никој не ќе ви брани во твојата вера и за пингвини да се сметате.

Во нашата вера, се сметаме за човечки битија, со вграден лик Божји, кои тежнеат кон Небесата.
 
Но и те како на луѓето им е преку глава некој да ги деклинира за грешници и да ги лаже и плаше дека после смртта ќе се соочат со некаков ентитет кој ќе им суди за делата и во тоа што верувале. Времето само од себе ќе ви ги ускрати тие „привилегии“

И Битието и реалното живеење, ни сведочат дека човекот е склон кон лесно прифаќање на лагата и кон тешко прифаќање на вистината.
 
Џабе верглаш, неможеш да го сокриеш очигледното, неможеш да го побиеш! И на трепки да висиш залудно ти е, овие три точки неможеш да ги побиеш:
1. Адам и Ева немале сознание за добро и зло! Без тоа, апсурдно е да се казнуваат бидејќи неможе да знаат дали нивните постапки и одлуки се добри или не.
2. Твоето тврдење дека змијата лажела е побиено, бидејќи истото што им го кажала таа, Бог подоцна го констатира самиот - Станаа како богови знаејќи добро и зло! Не вели - Ете пробаа и умреа, туку - Ете станаа како нас!
3. ,,Аргументот" дека умреле е смешен, бидејќи тоа се случило дури после 900 години! А дека не биле бесмртни сведочи изјавата на бог да им го спречи пристапот до дрвото на животот за да не ,,заживеат вечно". Ако биле бесмртни тогаш ваквата изјава би била апсурдна и бесмислена.

Сето ова се аргументи што колку и да тролаш неможеш да ги смениш, колку и да ги повторуваш твоите клевети, лаги и глупости, нема да ги направиш вистинити!
 
Џабе верглаш, неможеш да го сокриеш очигледното, неможеш да го побиеш! И на трепки да висиш залудно ти е, овие три точки неможеш да ги побиеш:

Не си ласкај непотребно...

Еве како те побивам со леснотија.

1. Велиш, цитирам:

„...1. Адам и Ева немале сознание за добро и зло! Без тоа, апсурдно е да се казнуваат бидејќи неможе да знаат дали нивните постапки и одлуки се добри или не....„

А Ева, во Битието, вели, цитирам:

„...А жената и‘ рече на змијата: „Мие јадеме род од секое дрво во Рајот...„
„...само од родот на на она дрво среде Рајот,-рече Бог, - не јадете од него и не допирајте се до него, за да не умрете...„ (Битие, 3.2, 3.3.)

Така, јасно е дека Адам и Ева и тоа како знаеле што е „добро„ а што „зло„, оти само Бог така ги научил, но очигледноста од записот не ти е доволно очигледна а уште помалку позната.

2. Велиш, цитирам:

„...2. Твоето тврдење дека змијата лажела е побиено, бидејќи истото што им го кажала таа, Бог подоцна го констатира самиот - Станаа како богови знаејќи добро и зло! Не вели - Ете пробаа и умреа, туку - Ете станаа како нас!...„

А ѓаволот во Битието, вели, цитирам:

„...Не, нема да умрете!...„. (Битие, 3.4.)

Така, ѓаволот го излажа.

Мојсеј пак, пишува и вели:

„...И сите денови, што ги поживеа Адам, изнесуваа деветстотини и триесет години; потоа, тој умре...„ (Битие, 5.5.).

Значи, Адам умрел, иако ѓаволот му ветил бесмртност.

3. Велиш, цитирам:

„...Аргументот" дека умреле е смешен, бидејќи тоа се случило дури после 900 години! А дека не биле бесмртни сведочи изјавата на бог да им го спречи пристапот до дрвото на животот за да не ,,заживеат вечно". Ако биле бесмртни тогаш ваквата изјава би била апсурдна и бесмислена....„.

Аргументот не е смешен, оти Адам умира по губитокот на благодатната енергија од себе (Битие, 3.7), па затоа прво умира духовно, непочитувајќи ја првата Божја заповед, а подоцна, умира и телесно, како што ни сведочи Писмото.

Појќе е од јасно дека очигледноста од записите во Писмото, кои те побиваат „у појам„, не ти е доволно видлива.
 
Ако знаеле што е добро а што зло, тогаш е апсурдно да им забрануваш да добијат сознание за добро и зло. Тоа е исто како некому преку писмо да му забраниш да научи да чита и да пишува.
2. Велиш, цитирам:

„...2. Твоето тврдење дека змијата лажела е побиено, бидејќи истото што им го кажала таа, Бог подоцна го констатира самиот - Станаа како богови знаејќи добро и зло! Не вели - Ете пробаа и умреа, туку - Ете станаа како нас!...„

А ѓаволот во Битието, вели, цитирам:

„...Не, нема да умрете!...„. (Битие, 3.4.)

Така, ѓаволот го излажа.

Мојсеј пак, пишува и вели:

„...И сите денови, што ги поживеа Адам, изнесуваа деветстотини и триесет години; потоа, тој умре...„ (Битие, 5.5.).

Значи, Адам умрел, иако ѓаволот му ветил бесмртност.
Никаде не пишува дека змијата им ветила бесмртност! Тоа е твоја лага! Тој дијалог се однесува на дрвото на сознанието за доброто и злото! Змијата им вели ако каснат од него нема да умрат! А не дека нема да умрат во општа смисла! Ако Адам и Ева биле бесмртни, тогаш зошто Бог одкако го констатирал тоа што змијата им го кажала - ,,ќе бидете како богови знаејќи добро и зло", би изјавил вакво нешто: ,,...Но сега да не посегнат по дрвото на животот па да заживеат вечно!""? Таа изјава е доказ дека тие не биле бесмртни! А дека умреле одкако посегнале по дрвото е само уште една ваша лага! Бидејќи никаде нема констатација дека умреле после тој чин! Напротив, живееле, имале деца, обработувале земја итн, итн! Умреле дури после 930 години!
3. Велиш, цитирам:

„...Аргументот" дека умреле е смешен, бидејќи тоа се случило дури после 900 години! А дека не биле бесмртни сведочи изјавата на бог да им го спречи пристапот до дрвото на животот за да не ,,заживеат вечно". Ако биле бесмртни тогаш ваквата изјава би била апсурдна и бесмислена....„.

Аргументот не е смешен, оти Адам умира по губитокот на благодатната енергија од себе (Битие, 3.7), па затоа прво умира духовно, непочитувајќи ја првата Божја заповед, а подоцна, умира и телесно, како што ни сведочи Писмото.

Појќе е од јасно дека очигледноста од записите во Писмото, кои те побиваат „у појам„, не ти е доволно видлива.
За да биде очигледно ова што го тврдиш, треба да има очигледен - конкретен стих, изјава дека Адам имал губиток на некаква си благодатна енергија, такво нешто нема, се се сведува на толкување и манипулирање.
Апсурд е да создадеш некого без сознание за добро и зло и потоа да го обвинуваш и казнуваш бидејќи згрешил! Уште поголем апсурд е од перспектива на апсолутно битие да постои креација што е грешна, исход што е зло и слично! Од проста причина што со таквиот суд и став, тој ,,Бог" сам себе би се демантирал дека е апсолутно битие, дека е Господ! Бидејќи што и да прогласи за погрешно, истото ќе потекнува од него.
Побиен си по сите можни основи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom