Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.762
Поени од реакции
3.811
На сметка на продлабочен буџетски дефицит кој се финансира со скапи кредити, а не на зголемена продуктивност на администрацијата или зголемените наплати на пензиски придонеси. Во 2006-та буџетскиот дефицит бил 40-50 милиони евра, дотациите во пензискиот фонд 150 милиони евра, во 2016-та буџетскиот дефицит оди накај 400 милиони евра, дотациите во пензискиот фонд накај 500 милиони евра. Nма разлика.
Oва ти се апсолутни бројки. Не значат ништо. За да ти докажам дека ти е глупав примерот, сакаш да ти набројам 10 држави со поголем дефицит од Македонија во апсолутни бројки ?
Еве, Америка, Кина, Јапонија, Австралија, Холандија, Британија, Шведска, Данска, Нов Зеланд, Финска. Сите имаат многу поголем дефицит од Македонија.

Но споредба не се прави така, се прави во проценти. Дури и така, не сме полоши од регионот. Задолжување има насекаде. Земјите од ЕУ со задолжени до гуша, кука цела Европа. Ние не измисливме топла вода.

Туку кажи ми, што е работата со албанизацијата во Македонија. Со најавите за двојазичност на цела територија? Со виткањето кичма за името, поделбата, знамето, грбот? Што е со мешањето на странските амбасади и надворешните влијание за промена на вољата на граѓаните?
Тоа објасни го.[DOUBLEPOST=1482583500][/DOUBLEPOST]
Аа значи 12.000 била минимална плата. Секаде ова?
Иначе ме боли стојко за пензиите и за старите вампири. Тие си изживеале нивното.
Да, секаде
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.396
Поени од реакции
5.774

Не знам како можеш да ги споредуваш сите тие економии со македонската економија :popce::popce:Граѓаните на тие земји на просек годишно земаат +40.000 долари(освен Кина), кај нас просечниот граѓанин одвај прави 6.000 долари.
 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Oва ти се апсолутни бројки. Не значат ништо. За да ти докажам дека ти е глупав примерот, сакаш да ти набројам 10 држави со поголем дефицит од Македонија во апсолутни бројки ?
Ајде во апсолутни бројки , во 2006-та буџетскиот дефицит бил 0,7%, сега е 3.5%. Тоа е 5 пати повеќе. Во 2006-та дупката во пензискиот фонд била помалку од 25%, денес е 50%. Тоа е дупло, во апсолутни бројки.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Не знам како можеш да ги споредуваш сите тие економии со македонската економија :popce::popce:Граѓаните на тие земји на просек годишно земаат +40.000 долари(освен Кина), кај нас просечниот граѓанин одвај прави 6.000 долари.
..претпоставувам дека нашите граѓани и трошат седум пати помалку , а и што е мнногу битно имаат бар толку пати и помала продуктивност , ако не и уште помала...
Ајде во апсолутни бројки , во 2006-та буџетскиот дефицит бил 0,7%, сега е 3.5%. Тоа е 5 пати повеќе. Во 2006-та дупката во пензискиот фонд била помалку од 25%, денес е 50%. Тоа е дупло, во апсолутни бројки.
многу е важно да спомеш од што 3.5%, пошто и тродупло од ништо е ништо...
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Oва ти се апсолутни бројки. Не значат ништо. За да ти докажам дека ти е глупав примерот, сакаш да ти набројам 10 држави со поголем дефицит од Македонија во апсолутни бројки ?
Еве, Америка, Кина, Јапонија, Австралија, Холандија, Британија, Шведска, Данска, Нов Зеланд, Финска. Сите имаат многу поголем дефицит од Македонија.

Но споредба не се прави така, се прави во проценти. Дури и така, не сме полоши од регионот. Задолжување има насекаде. Земјите од ЕУ со задолжени до гуша, кука цела Европа. Ние не измисливме топла вода.

Туку кажи ми, што е работата со албанизацијата во Македонија. Со најавите за двојазичност на цела територија? Со виткањето кичма за името, поделбата, знамето, грбот? Што е со мешањето на странските амбасади и надворешните влијание за промена на вољата на граѓаните?
Тоа објасни го.[DOUBLEPOST=1482583500][/DOUBLEPOST]
Да, секаде
Не, не треба тоа да го објасни бидејќи треба да гледаме на тоа каква ни е економијата и како да се извадиме од дупката во која не турна поранешната власт. Приказни за двојазичност продавај му на друг не тука, ти ако не гледаш да ти е подобра иднината ние гледаме. А подобра нема да ти е ако ги истераш клетите Албанци туку ако ја средиш економијата. Па дури тоа објасни го викаш, ко демек тоа е најзначајно прашање за нас моментално, на криминалот треба да замижиме, на тоа дека ќе враќаме долгови додека остареме треба да замижиме, битни се клетите Албанци, *мод* националистички. Објасни ова објасни она, а замижува пред криминал и убиства, предавник. Си заокружил и браниш предавници, ти си соучесник бе во ослободувањето на терористите, ти предавнику. *мод*

И лажеш за платите, јас земам плата од 9000 денари. *мод*
 
Последно уредено од модератор:
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Аа значи 12.000 била минимална плата. Секаде ова?
Иначе ме боли стојко за пензиите и за старите вампири. Тие си изживеале нивното.
Минималната плата е толку, со закон утврдена (освен во текстилно-кожарската-шивачка-кројачка или како и да ја именуваат индустрија)...за разкика од времето на СДС кога не постоеше поим минимална плата, а уште помалку утврдена со закон...во тоа време томбола беше дали кога колку и како ќе се земе плата (да не заборавиме дека се делеа канти сирење и креновки во замена као за платата)...

Коментаров за пензиите и старите вампири е директен показател зашто ни твоите дома не те сакаат, твоите покојни дедо/баба те презираат од горе а оние што се сеуште живи го колнат денот кога твоите те напраиле....Исто така е показател зашто си форумџија и немаш капацитет да водиш сметка за повеќе луѓе отколку самиот себе...а веројатно ни тоа неможеш со оглед на гневот кој го покажуваш во твојот пост....Сигурен сум дека за твоите лични фрустрации не се виновни „старите вампири“
 
Член од
19 мај 2012
Мислења
1.550
Поени од реакции
364
91 приватизација уништено и распродадено се со криминална приватизација.
Пример Куманово ни една фабрика нема останато се е аут. Невработеност накај 38℅.
Платите ке си останат такви се додека има голема невработеност ако нејќе еден да работи за таа пара секогаш ке најде некој друг. Тоа нема да се промени во овој момент се додека има голема невработеност со паѓање на невработеност и платите ке растат.

Sent from my MI 5s using Tapatalk
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
На сметка на продлабочен буџетски дефицит
Продлабочен буџетски дефицит као демек нешто негативно го кажуваш? Као подобро да нема продлабочен буџетски дефицит ама на сметка на тоа да нема покачување на плати/пензии/социјала, као подобро е да се врати времето кога на руски рулет беше зимање на плата?? Подобро е да се отпушта народ??? За да може некој на форумов да каже намален буџетски дефицит...јака штикла, добро размислување нема што...нека не работат луѓето, нека не зимаат пензии, нека нема инвестиции, нека се затвараат фабрики, нека се вратат времињата кога секој ден пред влада имаше некоја општествена група што штрајкува...храна у фрижидер не ти става глупоста „намален буџетски дефицит“. Друго, најголем дел од физичките или правните лица кога планираат унапредување на бизнисот зимаат кредити, секаде во светот, и од друга страна финансиските институции не ти даваат кредит ако не сметаат дека неможеш да го вратиш...исто е и со Македонија, без проблеми досега ги сервисира надворешните и внатрешни долгови. Трето, процентот на задолженост на Македонија е многу уреден во споредба со многу поразвиени европски и светски економии, односно не е најмал не е нејголем, на средина си е.

кој се финансира со скапи кредити
,
Тоа не зависи од ниедна влада од ниедна партија...кредитните линии се тие, дал си бил од вмро дал од сдс, дал Тунгузија дал Македонија, генерално тоа си го одредува финансиската институција.
а не на зголемена продуктивност на администрацијата или зголемените наплати на пензиски придонеси.
Мхм, ок, како се мери ефикасност на администрација? која е единицата мерка? како знаеш дека во време на СДС била поефикасна или со што СДС понуди дека ќе ја направи поефикасна? Во која врска ја доведуваш таа некаква си ефикасност на администрација со покачување на плати или зголемување на буџетски дефицит?

Во 2006-та буџетскиот дефицит бил 40-50 милиони евра, дотациите во пензискиот фонд 150 милиони евра, во 2016-та буџетскиот дефицит оди накај 400 милиони евра, дотациите во пензискиот фонд накај 500 милиони евра. Nма разлика.
Во 2006 скоро 40% невработеност и единствени инвестиции беа коа ќе дојдеа избори некоја канделабра се мењаше и евентуално крепење на дупки по улиците.

А за пензискиот фонд информирај се подобро и подетално...да, има проблеми на светско ниво со стареење на населението и токму поради тоа Германија ја крена границата на пензионирање за у просек 3 години. Значи ако Германскиот пензиски фонд е во проблеми и презема еден таков непопуларен чекор, а кај нас сеуште не е дојдено до тоа, значи сеуште некако добро се менаџира.

Во право си, не да има разлика....[DOUBLEPOST=1482590535][/DOUBLEPOST]
Ајде во апсолутни бројки , во 2006-та буџетскиот дефицит бил 0,7%, сега е 3.5%. Тоа е 5 пати повеќе. Во 2006-та дупката во пензискиот фонд била помалку од 25%, денес е 50%. Тоа е дупло, во апсолутни бројки.
Во 2006 работеле околу 200.000 луѓе помалку, не се исплаќале плати за толкав број на луѓе и нормално нема за што да се задужуваш, во 2006 во ниедна општествено-индустриска гранка не се вложувало и не се задолжувало, во 2006 не постоела минимална плата а просечната била околу 11.000 денари а пензиите и социјалната (во случај ако даел папата да се исплатат) биле двојно и тројно помали од сега и нема за што да се задолжуваш...едноставно не давај пари кај народот, и нема потреба да се задолжуваш...ама ќе кажеш дека 0.7% било задолжувањето и веднаш после тоа сите гушнати весели сплотени ќе се фатат за оро и ќе пукаат од среќа зашто баш тој сув податок им ги исполнил срцата и душата и мирно ќе заспијат со мислата што бил убав животот, нема за јадење, нема за пиење, нема за живот али кој му јебе матер, државата е со 0.7% буџетски дефицит. WOoohooOOO, let's fuckin parteyyyyyy!!!
 
Последно уредено:

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.091
Поени од реакции
11.496
Продлабочен буџетски дефицит као демек нешто негативно го кажуваш? Као подобро да нема продлабочен буџетски дефицит ама на сметка на тоа да нема покачување на плати/пензии/социјала, као подобро е да се врати времето кога на руски рулет беше зимање на плата??
Буџетски дефицит е оправдан само во функција на инфраструктурни инвестиции, не за плати и пензии на непродуктивен слој од општеството.

Подобро е да се отпушта народ??? За да може некој на форумов да каже намален буџетски дефицит...јака штикла, добро размислување нема што...
Ако се прашувам јас, а верувам и 90% од вработените што сме во приватно, уште утре треба да се отпушти пола јавна администрација и да се пратат да си го вадат лебот во Дрекслер и слични инвеститори за 10.000 плата. Се' што е непродуктивно треба да си тргне од државна цицка.

Друго, најголем дел од физичките или правните лица кога планираат унапредување на бизнисот зимаат кредити, секаде во светот, и од друга страна финансиските институции не ти даваат кредит ако не сметаат дека неможеш да го вратиш...исто е и со Македонија, без проблеми досега ги сервисира надворешните и внатрешни долгови.
Затоа плачеше министерот за финансии дека не можат да поделат плати и пензии ако не земат 450 милиони евра кредит. Оти ептен сме биле солвентни :icon_lol:
А и лани за да вратат стар кредит од 200 и кусир милиони евра мораа да земат пола милијарда нов.

Трето, процентот на задолженост на Македонија е многу уреден во споредба со многу поразвиени европски и светски економии, односно не е најмал не е нејголем, на средина си е.
На добар пат сме да станеме високо задолжена земја, со ова темпо за 4-5 години.

Мхм, ок, како се мери ефикасност на администрација?
Кај доктор, по број на интервенции и успешност на иситите, кај цајкан по раст/пад на криминалитетот и расчистување на истиот во регионот каде работи, кај судија по решени предмети кои не се вратени од апелација итн итн.
Има начин, само слабо желба.

Во право си, не да има разлика....
Ќе ја осетиш разликата и на твој газ кога ќе дојдат извршителите, ќе има редици пред банкоматите за да се извадат месечниот лимит од 100 евра , колку за леб и вазелин. Ако не ми веруваш да ти постирам линкови од мерките на штедење кај Гејците.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Не, не треба тоа да го објасни бидејќи треба да гледаме на тоа каква ни е економијата и како да се извадиме од дупката во која не турна поранешната власт.
Треба да се гледа и тоа, тоа си е дел од понудата на една партија, исто како и за економијата. Убаво прашав поназад незнам дали ми одговори дали сметаш дека барањата на албанците, баш двојазичноста, албанизацијата, федерализацијата и остали антимакедонски барања ќе придонесат за подобра економија?

Приказни за двојазичност продавај му на друг не тука, ти ако не гледаш да ти е подобра иднината ние гледаме. А подобра нема да ти е ако ги истераш клетите Албанци туку ако ја средиш економијата.
Ти гледаш твојата иднина дека ќе биде подобра ако се прифати двојазичност? Албанците ќе ти ја средат економијата? Многу способните и високо интелектуално издигнати наши браќа експерти за тероризам и човекови права чекаш да ти ја средат економијата преку двојазичност и федерализација???Спојување на територии со ултрауспешните економии на Албанија и Косово??

Па дури тоа објасни го викаш, ко демек тоа е најзначајно прашање за нас моментално,
Ти ако не гледаш да ти е подобра иднината ние гледаме. А подобра нема да ти е ако ги прифатиш барањата на Албанците и ги повикаш од Косово од Албанија и од пичке си матер да ти донаселат каде што сега ги нема.
на криминалот треба да замижиме,
Веројатно алудираш на милионите криминали од страна на СДС и Заев и сите околу него...Се сложувам, вмро опасно ја згреши што замижа на криминалите на Заев (ти текнуе оноа на сниката со ПИМ како објаснува каква била праксата за митото?)
на тоа дека ќе враќаме долгови додека остареме треба да замижиме,
Не, треба да не замижиме на тоа што т.н. твои „долгови“ се и пари за инвестиции покрај другото така да не треба да замижиме дека има огромни инвестиции во Македонија...моја забелешка е тоа што ВМРО премалку се задолжува, има простор за многу повеќе задолжување кое македонската растечка економија (пред Заев да почне да ја руши) можеше без никакви проблеми да го сервисира, тие задолжувања да беа искористени во развојни и инфраструктурни цели.
битни се клетите Албанци, ви ебам ботовите националистички.
Нажалост битни се, ради СДС и Заев битни се и они одлучуваат за мене, за тебе, за твоите најблиски и за сите нас...а албанците не се познати како јаки економисти, предузимачи, нобеловци, академци и луѓе со најискрени намери за соживот и подобар живот, особено не за подобар живот на тебе и на нас македонците. А ова ботови националистички ми е најсмешно...као нешто лошо или навредливо да кажал...као демек вие што си ја сакате државата, нацијата, својот народ, култура, обичаи, вера...срам и арам да ви е безобразни низаедни.

Објасни ова објасни она, а замижува пред криминал и убиства, предавник.
Пред кој криминал замижува? На Заев? Не, сите го видовме верувам. Кои убиства? Мислам дека алудираш на Мартин Нешковски, но ќе те потсетам дека по галамата што се создаде, и уште пред објавувањето на бомбите, сторителот си е во затвор...веројатно ти замижуваш кога правадата е задоволена.
Си заокружил и браниш предавници, ти си соучесник бе во ослободувањето на терористите, ти предавнику.
Предавници??? СДС поточно Заев склучи пакт со сите антимакедонски сили, и внатрешни и надворешни, и става на коцка цел еден народ, неговиот народ во единствената држава која ја има а единствените кои што јавно изразиле намера да ја превземат се албанците. А за ослободување на терористите исто така Заев мислам или некој друг од СДС најави ослободување на терористите од Диво Насење... и оние радикални исламисти од Смилковци.
Ај мрш да му го пушиш на Стевчо.
Високо развиена интелектуална мисла, доста квалитетно аргументирана, збогатена со силни докази и непобитни факти кои недвосмислено ја докажаа тезата која ти ја поддржуваш. Со оваа реченица дефинитивно ја доби дебатата и форумот може да се распушти.
И лажеш за платите, јас земам плата од 9000 денари. Глуп.
И во стилот на вистински шампион, најдоброто си го зачувал за крај...Твојот вистински капацитет е содржан во тажната вистина за тебе што во држава со утврдена минимална плата 11.000 и нешо ти зимаш 9000. И многу ти се. Да и ги вратиш на државата.Глуп.[DOUBLEPOST=1482594466][/DOUBLEPOST]
Буџетски дефицит е оправдан само во функција на инфраструктурни инвестиции, не за плати и пензии на непродуктивен слој од општеството.
Се сложувам, во функција на развојни, капитални и инфраструктурни проекти, но нема ништо страшно доколку дел од тоа се користи за рефинансирање на долгови и за исплаќање плати и пензии. Впрочем, затоа и постојат кредитите, да покриеш кај што немаш или да инвестираш во нешто за што ги немаш моментално парите. Сите знаеме дека е најдобро да имаш суфицит ама веројатно си свесен дека Македонија нема ни нафта, ни гас, ни пристаниште, ни излез на море, пловна река, Вол стрит, воена индустрија итн итн...
Непродуктивен слој од општеството е социјалниот слој, кој не работи ништо а зема некаква парична надохнада само поради тоа што дише на територијата на оваа држава.

Ако се прашувам јас, а верувам и 90% од вработените што сме во приватно, уште утре треба да се отпушти пола јавна администрација и да се пратат да си го вадат лебот во Дрекслер и слични инвеститори за 10.000 плата. Се' што е непродуктивно треба да си тргне од државна цицка.
Се сложувам, веднаш да се укине рамковниот договор и да се тргнат рамковните албанци кои или не идат или ако идат исто ко да не идат односно подобро да не идат на работа зашто све они ништо не знаат, све не разбираат, све нешто не се они за тоа...али ако е за албанец на албанец услуга одма све знаат и не постојат закони.... Со тој само еден потег, ќе се намали можеби не за пола но за добар процент вработеноста во администрација и во исто време неколкукратно ќе се зголеми ефикасноста.

Затоа плачеше министерот за финансии дека не можат да поделат плати и пензии ако не земат 450 милиони евра кредит. Оти ептен сме биле солвентни :icon_lol:
А и лани за да вратат стар кредит од 200 и кусир милиони евра мораа да земат пола милијарда нов.
Тоа му е работа и одлично си ја вршел. Сеуште не дочекале, барем најголемиот дел од вработените, откога вмро е на власт, да не дојде плата или да има намалување. И јас у фирма кога влагам во инвестиции, без разлика дали мали или големи, или тековни трошоци неочекувани, зиам кредит ем за да исплатам плата ем за да го преживее фирмата тој период ем за да инвестирам во нешто кое потоа ќе ми врати со некаков профит...истото го правеше и ставревски односно вмро. И истото го прават сите способни економии.

На добар пат сме да станеме високо задолжена земја, со ова темпо за 4-5 години.
Дај боже, чул господ, камо среќа да видам таква влада која ќе се задолжува и презадолжува, ама луѓето ќе имаат зголемени и работа и плати и пензии и социјала и инвестиции во инфраструктура и инвестиции во здравство и инвестиции во спорт и субвенции во земјоделие итн итн. Едно 200К+ граѓани пред 2006 не ги хранеше „ниско задолжена земја сме“. И ако си приватњак веројатно си свесен дека најголем убиец за микро и малите претпријатија е невработеност (како во 2006), дупло пониски плати (како во 2006), дупло пониски пензии (како во 2006) и чување на парите поради несигурноста дали ќе има плата и кога ќе има...ако не си имал фирма тогаш, претпоставувам незнаеш како било.

Кај доктор, по број на интервенции и успешност на иситите, кај цајкан по раст/пад на криминалитетот и расчистување на истиот во регионот каде работи, кај судија по решени предмети кои не се вратени од апелација итн итн.
Има начин, само слабо желба.
Во 2006 сите овие параметри беа забележувани и мерени? Беа подобри него сеа? Yeah right...

Ќе ја осетиш разликата и на твој газ кога ќе дојдат извршителите, ќе има редици пред банкоматите за да се извадат месечниот лимит од 100 евра , колку за леб и вазелин. Ако не ми веруваш да ти постирам линкови од мерките на штедење кај Гејците.
Ех ех ех, сеа ме исплаши...тоа е можно само доколку СДС дојде на власт...додека е вмро на власт, еве 10 години чекам тоа да се случи ама никако да дојде до тоа...
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
http://republika.mk/706263

Ако, само така, продолжете да се конфронтирате со сите, прво беа американците, па Брисел, па итаљаните, па не знам кој, сега се најголемиот сојузник до лани Германија и Меркел, само напред, ептен мерак ќе ми биде така сами да останеме во овие опасни времиња, само со лажно тапшање по рамо од Путин, има да биде весело.
 
Член од
10 јануари 2008
Мислења
745
Поени од реакции
1.890
Почитувани форумџии, претходните две слики ја кренаа македонската економија за неверојатни и засега незабележани процентни поени, донесоа подобар живот за граѓаните и служат како репер што да се превземе кога неможеш да се спротиставиш на аргументи. Е сега веќе Има правда, има мир!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom