Пред скоро две години, кога почна опозицијата со „бомбите“, овие прашања околу односите со најголемото малцинство во државава не само што беа во преден план, туку никој не зборуваше за тоа. И претходно Фокус со Младенов на големо пишуваше за тешките криминали со превземање бизниси, местење тендери, распаднато здравство, уште по-распаднато образование, корумпирано судство, медиуми преку кои лијат државни пари по туѓи џебови и се' тоа што од граѓански, човечки карактер ги засега сите луѓе во земјава без оглед на националноста - по сите параметри руинирана, демолирана, загушена држава. Со „бомбите“ се' тоа доби само дополнителна потврда дека се фатени во криминал од епски размери од кој нема вадење. Се обидоа преку скапо платената пропагандна машинерија да го угушат излегувањето на вистината на површина, ама неуспешно - за да соберат сили во мај лани да го организираат она катастрофално одиграно сценарио во Диво Насеље и оваа криза засекогаш да добие друга, националистичка димензија.
Само тешки националистички вештачки креирани проблеми од џелатот на државава - коалицијата на дпне со учк можеа да им го оттргнат фокусот од гнасотиите со кои ни го усраа животот на сите. Нормално, сега се лае за федерализација, кантонизација, а не за 15% мавнат сатар на кинеска фирма за автопат - „па што е тоа, чекај у Пехчево ќе учат децата на албански“, а тоа што у Пехчево деца не се раѓаат - „ме заболе“. Сите одеднаш го заборавија октоподот Ексико и (самоубиениот) Коста Крпач и фирмите преку кои се молзеше државава и тоа не само крадени даночни пари, туку и додатни гигантски задолжувања за тоа. Нормално е во темава, после 200 страни тој дебилен, затуцан национализам ископан од под усмрдените мишки на пијандурата мирко велиновски да е побитен од милијардите на Белизе, од сите фирми, имоти и плацеви на мијалков и орце, од затварање операциони сали поради немање персонал, од смртност на новороденчиња со срамно голем процент, од милионски инвестиции во разноразни барокни говна, фасади, тркала и кули на Водно, милионски суми испокрадени од зинго, стојменов што преку медиуми, што преку фирми за набавки на се' и сешто, никој не зборува за шескаши во врховен, уставен суд и бараби по мвр што упропастуваат човечки судбини во име на една банда инсталирана во партија....листата е бескрајна.
И на се' ова треба да се додаде и оваа огромна идеја за овие (навидум нереални) барања на албанското малцинство - кои немаше ни да дојде на ред да не беше тоа дел од агендата за спас на нг, тоа негово пењавење и тегавење цели две години, за да си го спаси шупчето од Идризово - фала ви и за тоа дпне! Кога цел свет крена раце од него, само најглупите (а со тоа и најлојалните) останаа да ја тераат таа приказна во која ни тој сам не си верува. Тоа се тие големи „патриотски“ методи со кои уште еднаш докажавте дека го срамите тоа ВМРО што го носите напред и треба за век и веков да ви се одземе. И претходно амнестиравте хашки учкари, стававте бивши команданти на учк за министри за одбрана, дававте пензии на тоа учкарите...Само продолжете вака како хиени да бљуете дополнителен раздор во земјава и слушајте си ги мирко, цветин, сотка, амди, каракамишева, оној намачканион со кило свинска маст - науновски - тоа се тие големи „македончишта“. Како коска на кучиња го лансираа тој спин од геј-центарот за анални комуникации на халкидики, со кој сега се бави цела земја и е на работ на војна благодарение на тоа. Браво, само продолжете со „патриотизмов“, Македонија „ви е благодарна“!