Они без разлика на цената ќе гледаат да останат на власт па макар и со непризнавање на избори и правење уште поголема криза.
Исто така и свесно ја оставија шестата изборна единица со 5% повеќе гласачи од единицата со најмалку гласачи што е против законски.
Тоа теоретски значи дека Уставен Суд по поднесена претставка може да ги поништи изборите зошто биле спротивни на Изборниот Законик.
Нека ме поправи некој ако грешам ама тој loophole беше оставен намерно ако им затреба во краен случај.
Споредбата малку ти е лоша, ако веќе правеме така да ставеме и тоа дека пратеник не смее да биде никој со помалку од 7500 гласа по единица,
во 6-ката иако има најмногу гласачи, има најмала излезност, речиси на сите избори е околу 50%
Е сега можеме да направиме да се намали бројот на пратеници со тоа што ќе ставеме колку треба да има гласови еден пратеник, нешто слично што е направено со дијаспората.
Пр. просекот за 120 пратеници сега е 9932 гласа
и сите што би имале помалку во количникот, да испаднат
направив брза математика според сегашните резултати, вака би било
ВМРО 43
СДСМ 42
ДУИ 7
БЕСА 4
АА 1
ДПА1
Ќе треба 50 за мнозинство, признајте многу поинтересно плус шошоните ќе го намалат својот удел