jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.422
Незнам дали приметуваш ама геополитичката ситуација видно почна да се менува во 2008 година, со финансиската криза на Западот и 5дневната војна во Грузија. за среќа никој од нашите властодржци до сега немаше муда да го направи сепукуто кое ќе не внесеше во НАТО и ЕУ да бидеме топовско месо, па така и не испадна да се глупираме и да правиме како што викаш стратешки грешки. Имај во предвид дека во САД дојде Трамп и не дека којзнае што ќе се смени, но се најавува една подруга политика на САД во однос на Русија. Од друга страна имаме Русија, која испадна фактор во Украина, но и во Сирија....ние сме поблиску до Русија одколку што е Сирија, имај во предвид.Ја вртите темата, друго ми беше поентата, геополитичката ситуација можеби ќе се смени еден ден, ни јас не сум за такво условено влегување во НАТО и ЕУ, но ние заради тоа да се глупираме и да правиме стратешки грешки станувајќи некаков руски пандан на Косово на балканот, скапо ќе не чини.
Така да размислување во таа насока, и отворено пропагирање во таа насока не е воопшто грешно, ниту пак ризично. Пази, притоа не ги правдам некролозите за странските Амбасадори, но мора да се признае дека ептен ни се мешаат и ни покажуваат со часовници за да се придвижиме напред. А ние секогаш ги слушаме и ништо не добиваме за возрврат.