Русија - смена во надворешната политика?

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.523
Поени од реакции
26.012
Ја вртите темата, друго ми беше поентата, геополитичката ситуација можеби ќе се смени еден ден, ни јас не сум за такво условено влегување во НАТО и ЕУ, но ние заради тоа да се глупираме и да правиме стратешки грешки станувајќи некаков руски пандан на Косово на балканот, скапо ќе не чини.
Незнам дали приметуваш ама геополитичката ситуација видно почна да се менува во 2008 година, со финансиската криза на Западот и 5дневната војна во Грузија. за среќа никој од нашите властодржци до сега немаше муда да го направи сепукуто кое ќе не внесеше во НАТО и ЕУ да бидеме топовско месо, па така и не испадна да се глупираме и да правиме како што викаш стратешки грешки. Имај во предвид дека во САД дојде Трамп и не дека којзнае што ќе се смени, но се најавува една подруга политика на САД во однос на Русија. Од друга страна имаме Русија, која испадна фактор во Украина, но и во Сирија....ние сме поблиску до Русија одколку што е Сирија, имај во предвид.

Така да размислување во таа насока, и отворено пропагирање во таа насока не е воопшто грешно, ниту пак ризично. Пази, притоа не ги правдам некролозите за странските Амбасадори, но мора да се признае дека ептен ни се мешаат и ни покажуваат со часовници за да се придвижиме напред. А ние секогаш ги слушаме и ништо не добиваме за возрврат.
 
W

wicked_1

Гостин
тогаш зошто да не се обратиме кон Русија
Која е понудата на Русија како евентуален источен блок?

Како е уреден пазарот и колкава е понудата т.е на кој начин ќе ни помогнат да го ребрендираме поквалитетно пазарот?
Како земја која зависи од увоз, имаат ли поефтини понуди за струја, прехрамбени продукти, метали итн?
Каков им е кредитниот систем, имаат подобри понуди оти ние зависиме од кредити заради утепано стопанство и огромна администрација?
Имаат ли проекти за инфраструктура со кои ги финансираат земјите членки, проекти за цивилен сектор, и развој на слични сектори?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
образложи малку подетално
Вашата алтернатива на напуштање на НАТО и ЕУ интеграциите е тоа зар не? Некаков сојуз со Русија, со тоа што русите ќе не користат како противтежа на америчкиот Бондстил, односно фактот дека Косово е дефакто америчка колонија. Русите во моментов немаат никакво присуство на терен на балканот и активно бараат држава каде можат да се „посадат“, во игра се Р.Српска, Србија, ние, Бугарија или Грција, со тоа што последниве две се веќе членки на НАТО и таму многу потешко ќе оди тоа, ќе треба политички потрес од големи размери да се случи. Србите ми се чини нема да си играат и повторно да се изгорат како во 90-тите, што значи остануваат двата најнестабилни точки, Р.Српска и Македонија.[DOUBLEPOST=1482182092][/DOUBLEPOST]
Незнам дали приметуваш ама геополитичката ситуација видно почна да се менува во 2008 година, со финансиската криза на Западот и 5дневната војна во Грузија. за среќа никој од нашите властодржци до сега немаше муда да го направи сепукуто кое ќе не внесеше во НАТО и ЕУ да бидеме топовско месо, па така и не испадна да се глупираме и да правиме како што викаш стратешки грешки. Имај во предвид дека во САД дојде Трамп и не дека којзнае што ќе се смени, но се најавува една подруга политика на САД во однос на Русија. Од друга страна имаме Русија, која испадна фактор во Украина, но и во Сирија....ние сме поблиску до Русија одколку што е Сирија, имај во предвид.

Така да размислување во таа насока, и отворено пропагирање во таа насока не е воопшто грешно, ниту пак ризично. Пази, притоа не ги правдам некролозите за странските Амбасадори, но мора да се признае дека ептен ни се мешаат и ни покажуваат со часовници за да се придвижиме напред. А ние секогаш ги слушаме и ништо не добиваме за возрврат.
Несомнено се менува, но не е сменета до тој степен да ризична и нестабилна држава како нас се залетува во такви авантури, една Србија со вековни руски врски и отворена војна со НАТО не се осмелува на таков чекор, напротив Вучиќ делував про САД/ЕУ како никој друг, па ние баш ќе најдеме да се правиме најпаменти.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Вашата алтернатива на напуштање на НАТО и ЕУ интеграциите е тоа зар не? Некаков сојуз со Русија, со тоа што русите ќе не користат како противтежа на америчкиот Бондстил, односно фактот дека Косово е дефакто америчка колонија. Русите во моментов немаат никакво присуство на терен на балканот и активно бараат држава каде можат да се „посадат“, во игра се Р.Српска, Србија, ние, Бугарија или Грција, со тоа што последниве две се веќе членки на НАТО и таму многу потешко ќе оди тоа, ќе треба политички потрес од големи размери да се случи. Србите ми се чини нема да си играат и повторно да се изгорат како во 90-тите, што значи остануваат двата најнестабилни точки, Р.Српска и Македонија.
Супер одговори.
Иднината како Република Оваа Земја во НАТО, како ја гледаш?
Колку ќе биде рокот на траење на Република Оваа Земја?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.523
Поени од реакции
26.012
Која е понудата на Русија како евентуален источен блок?

Како е уреден пазарот и колкава е понудата т.е на кој начин ќе ни помогне тоа да го ребрендираме поквалитетно пазарот? Како земја која зависи од увоз, имаат ли поефтини понуди за струја, прехрамбени продукти, метали итн? Каков им е кредитниот систем, имаат подобри понуди оти ние зависиме од кредити заради утепано стопанство со огромна администрација? Имаат ли проекти за инфраструктура со кои ги финансираат земјите членки?
Ок валиден ти е ставот, ние имаме многу повеќе заедничко со западот, отколку што имаме со Русија. Тоа е факт од кој неможеме да побегнеме. Но јас не сум за тоа ние да и објавиме војна на САД и да речеме кој ве ебе, ние не сме за НАТО и ЕУ ќе одиме со Русија. Тоа не успева така, доколку нема некои посериозни превирања во нашиот регион.

Ама тоа не значи дека треба да се затвориме за соработка со Русија. Еве САД и Кина исто имаат стратешки несогласувања, па сепак еден куп фабрики на амерички стопанственици има во Кина. Русија се уште се буди од сонот, а има огромен капацитет како држава, зошто да не градиме поконкретни пријателски односи со нив ?[DOUBLEPOST=1482182544][/DOUBLEPOST]
Несомнено се менува, но не е сменета до тој степен да ризична и нестабилна држава како нас се залетува во такви авантури, една Србија со вековни руски врски и отворена војна со НАТО не се осмелува на таков чекор, напротив Вучиќ делував про САД/ЕУ како никој друг, па ние баш ќе најдеме да се правиме најпаменти.
Не е сменета до толку, ама се движи натаму. Никој не рече сега одма новиот премиер да стави слика од Путин у канцеларија. Ама кокетирање може да има. Впрочем и Русија се повеќе покажува интерес за Македонија....
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Супер одговори.
Иднината како Република Оваа Земја во НАТО, како ја гледаш?
Колку ќе биде рокот на траење на Република Оваа Земја?
Ако го прочита мојот претходен пост јас не сум за влез во НАТО и ЕУ со услов промена на име. Но исто така не сум за целосно напуштање на тие аспирации само затоа што во моментов геополитиката не ни е наколонета и правање авантури од тајвански тип. Ние може и треба да си градиме економски и други блиски односи со Русија, но преголеми политички свртувања кон нив не ни се потребни и ќе бидат контрапродуктивни.[DOUBLEPOST=1482182677][/DOUBLEPOST]
Ок валиден ти е ставот, ние имаме многу повеќе заедничко со западот, отколку што имаме со Русија. Тоа е факт од кој неможеме да побегнеме. Но јас не сум за тоа ние да и објавиме војна на САД и да речеме кој ве ебе, ние не сме за НАТО и ЕУ ќе одиме со Русија. Тоа не успева така, доколку нема некои посериозни превирања во нашиот регион.

Ама тоа не значи дека треба да се затвориме за соработка со Русија. Еве САД и Кина исто имаат стратешки несогласувања, па сепак еден куп фабрики на амерички стопанственици има во Кина. Русија се уште се буди од сонот, а има огромен капацитет како држава, зошто да не градиме поконкретни пријателски односи со нив ?[DOUBLEPOST=1482182544][/DOUBLEPOST]
Не е сменета до толку, ама се движи натаму. Никој не рече сега одма Новиот премиер да стави слика од Путин у канцеларија. Ама кокетирање може да има. Впрочем и Русија се повеќе покажува интерес за Македонија....
Интересот јасно зошто го покажува, претходно кажав, ја користи политичката криза како никулец за да може да воспостави теренско присуство на Балканот, нешто што го немаат уште од 1989.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.379
Зашто мислиш дека Русија попрво би не избрала нас пред Грците да речеме? Ти одиш од логиката дека ако они се во едниот сојуз ние да идеме во другиот и да чекаме Русите да ојачаат,ама кај си видел вечни пријатели во геополитика Грција секогаш ќе биде попримамлива за големите сојузи,мислиш ако бевме во Еу ние ќе ги блокиравме ко они нас?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Секако би ја одбрале Грција пред нас, но таму многу потешко би навлегле отколку кај нас. Мене повеќе би ме загрижувале албанците отколку грците во таква ситуација.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.523
Поени од реакции
26.012
Зашто мислиш дека Русија попрво би не избрала нас пред Грците да речеме? Ти одиш од логиката дека ако они се во едниот сојуз ние да идеме во другиот и да чекаме Русите да ојачаат,ама кај си видел вечни пријатели во геостратегија? Грција секогаш ќе биде попримамлива за големите сојузи,мислиш ако бевме во Еу ние ќе ги блокиравме ко они нас?
Како би ги избрала Русија Грците? Па Грците се веќе во НАТО. Имај во предвид дека пред 3-4 години добија 400 Абрамс тенкови на поклон од САД, мислиш на лепе очи е тоа? Зарем си мислиш дека на Грција ќе и биде дозволено да излезе од НАТО и да влезе во сојуз со Грција??? Никогаш, тоа впрочем го пробаа крајон на 60тите кога попија воен удар на Пападополус. Сега одприлика биполарноста во светот е на еднакво ниво како тогаш(кубанската криза). Па така да види дали Русија ја има Грција на располагање.[DOUBLEPOST=1482183070][/DOUBLEPOST]
Секако би ја одбрале Грција пред нас, но таму многу потешко би навлегле отколку кај нас. Мене повеќе би ме загрижувале албанците отколку грците во таква ситуација.
Албанците веќе биле во пакт со СССР после вв2, па така да не им е непозната таа улога... Јас се кладам дека после Трамп они веќе размислуваат на таа тема.
 
W

wicked_1

Гостин
Русија се уште се буди од сонот, а има огромен капацитет како држава, зошто да не градиме поконкретни пријателски односи со нив ?
Реално Русија нема доволно транспарентност за да нуди било што на трети држави оти дискутабилно е колкав е стандардот на населението таму за да стои земјава на мапа како блок кон кој треба да иде една држава.

Од пријателски односи како држава ние ништо не добиваме, нам ни се потребни проекти од ЕК кои се 10 пати во поголеми цифри од тие денес што ги имаме од фондовите со кои ќе финансираме инфраструктура и можеби некакво индустријализирање, поголема безбедност, слободно движење на луѓето до поголем пазар, ослободување од царини и слични давачки, кредити по пониски стапки, редефинирање на многу неповолни трговски договори за увоз, и меѓу другото делегирање на одговорност и поголем надзор внатре - пошто ние сме преситни луѓе за да менаџираме држава (ситуацијава денес) и меѓуетнички односи.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
@jamajka

Твоите ставови се издржани и твое право е да си имаш став и држење страна за тоа каде Македонија треба да се постави во геополитичката реалност.

Целата работа почна од тоа дека сакам да се согласиш дека русите ги користат истите техники и алатки за ширење на своето влијание во светот како и САД. Не со истиот интензитет, но ги користат. Мене ме нервира тоа што сега е модерно русите да се прикажуваат како некакви безгрешни спасители на светот.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.716
Поени од реакции
17.379
Зборам доколку ситуацијата се сврти да Русија биде на местото на Сад,со истото влијание .Ако може една Србија бомбардирана од нив да сака да им биде сојузник,може и Грците да сменат страна. А тогаш они ќе си го изберат оној што им е покорисен.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.523
Поени од реакции
26.012
Реално Русија нема доволно транспарентност за да нуди било што на трети држави оти дискутабилно е колкав е стандардот на населението таму за да стои земјава на мапа како блок кон кој треба да иде една држава.

Од пријателски односи како држава ние ништо не добиваме, нам ни се потребни проекти од ЕК кои се 10 пати во поголеми цифри од тие денес што ги имаме од фондовите со кои ќе финансираме инфраструктура и можеби некакво индустријализирање, поголема безбедност, слободно движење на луѓето до поголем пазар, ослободување на царина, кредити по пониски стапки, редефинирање на многу неповолни трговски договори за увоз и меѓу делегирање на одговорност и поголем надзор внатре - пошто ние сме преситни луѓе за да менаџираме држава (ситуацијава денес) и меѓуетнички односи.
Ти така мислиш, дека не размислуваш како претприемач, дали знаеш дека колкава соработка има Израел со Русија, не на државно ниво туку во Бизнис релации. Јас на пример работев на два такви стартапи.

Види, што се дешава со Балканските земји во ЕУ? Стануваат паразитски земји, не мрдаат напред и зависат од помошта на ЕУ и нивните кредити. Ок е, ние можеме да си учествуваме во тие ЕУ фондови, ама зошто да не форсираме бизнис со Русија, како на пример Грујо што одеше во САД, да оди новиот премиер и во Русија. Рускиот пазар е огромен и захтевен....[DOUBLEPOST=1482183749][/DOUBLEPOST]
@jamajka

Твоите ставови се издржани и твое право е да си имаш став и држење страна за тоа каде Македонија треба да се постави во геополитичката реалност.

Целата работа почна од тоа дека сакам да се согласиш дека русите ги користат истите техники и алатки за ширење на своето влијание во светот како и САД. Не со истиот интензитет, но ги користат. Мене ме нервира тоа што сега е модерно русите да се прикажуваат како некакви безгрешни спасители на светот.
Не навлегувам во начините, туку само ја кажав моменталнта кои се САД, а која е Русија.[DOUBLEPOST=1482183863][/DOUBLEPOST]
Зборам доколку ситуацијата се сврти да Русија биде на местото на Сад,со истото влијание .Ако може една Србија бомбардирана од нив да сака да им биде сојузник,може и Грците да сменат страна. А тогаш они ќе си го изберат оној што им е покорисен.
Абе може све да се деси, не викам не. Но зошто да немаме отворено опции некакви. На пример еве ако дојде утре Ал Багдади тука, добро би било да го имаме Стрелков на наша страна....
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Ако го прочита мојот претходен пост јас не сум за влез во НАТО и ЕУ со услов промена на име. Но исто така не сум за целосно напуштање на тие аспирации само затоа што во моментов геополитиката не ни е наколонета и правање авантури од тајвански тип.
Без разлика, и да ни речат утре повелете во НАТО како Македонија - би одбил, не за друго туку заради тоа што всушност е НАТО - чеканот на Глобалистите.
Не знам за другите, но 500 години јаничари мислам дека доста е.
Друга работа, некако не ми се допаѓа помислата некој однадвор да ми ја контролира Армијата.
Трета работа, преку таквото ми е од low-IQ новинари и политичари да слушам, како тоа за НАТО - нема алтернатива, во НАТО во јато итн.
Македонија во НАТО, со оваа ситуација значи БАВНА СМРТ.
Немаме политичари што би знаеле да се изборат за нашите интереси, туку гниди, и ништо чудно цела Македонија да стане една голема база на НАТО.

Муабетот ми е, секогаш има алтернатива.
Ако викаш "примете ме ве молам, не можеме да живееме без вас" само си ја спушташ цената, и во старт правиш стратешки отстапки.
А токму тоа го прават и политичарите и медиумските инсталации.

Некое друго НАТО и некоја друга Европа, каде ќе се цени идентитетот и културата, а пак ќе можеш да останеш свој на своето - maybe.
Но во Меркелова Европа, во таа нео-либерална марксистичка бљувотина од ЕУ - никогаш.
Некој ќе рече - зошто да не?
А кој сака browser-ot да му отвара табови без да кликнеш на линк?
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ако алтернативата е Шангајски сојуз со Путин и кинеските комунисти, исто-никогаш.

Се поправив, мислев на кинеските комунсити. ;)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom