Јасна е математиката како ден,ова со
ДИК е само "тајм аут",или шо би се рекло филмски
ЗЕМАЊЕ ЗДИВ..
Како прво,јасно е дека
ако не е повеќе власт ВМРО МАЛО СУТРА ќе задржи на било кои наредни избори таква маса од преку
450К.
Историјата тоа го покажа,со сите партии беше така.
Да бидиме реални,освен првите години
2006,7,8 кога го привлекоа најголемиот дел од
НЕОПРЕДЕЛЕНИТЕ + искористија распад на СДСМ во фракции,Бранко ги изгуби конците,случајот Тито
,ги ШМУКНАА Ѕинговци кај нив ,па после откако излезе од затвор и Амди Војвода се приклучи,и Велија беше прво со нив итн.
Оттогаш се случија неколку важни моменти СДСМ губеше сила,но тука беа некаде,Љубчо се изгуби од мапата и немаше проблеми,освен таа 2011 кога многу фактори(случајот А1 пред се) ги вратија во игра, малку фалеше да има ваква ситуација како денес,и тоа без никакви ВЕТРОВИ ВО ГРБ ОД АЛБАНЦИТЕ,значи да не беше самостојниот настап на ЛДП на тие избори и да собереа СДСМ уште некој од тие ИНДИЈАНСКИ ПАРТИИ како тие на
ЉубчоЉубе,Стојанче и тогаш ќе имавме ваква ситуација.
И сигурно тогаш ќе немаше вакви
ЗАКАНИ,ЖАЛБИ,ПРОТЕСТИ И СЛИЧНО. се ќе беше помирно(или барем мислиме така)?
Е сеа,по повеќе од 5 години од тие избори во 2011 шо се случува?
МОЌТА НА ИНТЕРНЕТОТ И НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ И ЕФЕКТИТЕ ОД БОМБИТЕ,ЕТЕ ТОА СЕ СЛУЧИ.
ВМРО сеуште ја има(ше) апсолутната доминација на терен,мислам на активисти,кампањи,осигурување на гласови и тн,си ја задржаа таа војска од преку 400 К,но направија НЕСЕРИОЗНА КАЛКУЛАЦИЈА,овде најмногу потфрлија тие експерти,агенции како Павел Шатев,пи ар менаџери и слично,ни самите не очекуваа во најлудите соништа дека СДСМ може за нешто повеќе од 2 години да направи таков
БЛИЦКРИГ во тие тн
БАСТИОНИ НА ВМРО.
Во Битола направија разлика од
+8000 за само еден изборен циклус,од неполни 19илјади на претседателските избори сеа 27 и кусур,да не прајме муабет во ТВРДИНИТЕ КАРПОШ на вечниот лидер кој има сменето повеќе партии од Златан Ибрахимовиќ клубови.тн НЕ МОЖЕ НАМ НИКО НИШТА ЈАЧИ СМО ОД СУДБИНЕ,за АЕРОДРОМ не треба да се трошат зборови.
Исто така и во скоро сите тие општини каде беше катастофално поразен СДСМ сеа или победи или минимално загуби.
Да не беа тие гласови на Левица во Скопје,и не војводата,генералот и братот во источна резултатот ќе беше поразителен за ВМРО.
Оваа разлика не дојде само дека
АЛБАНЦИТЕ ПРЕКУ НОЌ КОНЕЧНО СЕ ОСВЕСТИЛЕ,ова се претежно чисти етнички општини,значи СДСМ ги собра сите неопределени ,исто како шо напрај ВМРО во 2006.
Е сеа,за Албанските гласови,тие на крај изиграа најпаметно,макар и на нивна "штета"која во случајот излезе како победа за нив,ЗОШТО? СИТЕ ЗНААТ.
Не ми се верува тие гласови од Албанците кои завршија на контото на СДСМ да се повеќе од 30 К,и толку дали се?барем оние кои ја направија разликата,без оние кои ги ШМУКНА ДОНТОВИОТ МОДЕЛ.
Албанските гласачи како во некоја ВОЈНА си ги поделија силите стратешки за да ги остварат целите,точно колку шо требаше за да се упати порака до
АЉИ ДЕКА АКО ПРОДОЛЖИ СО ТОА ТЕМПО ЌЕ ГО СНЕМА ОД ИГРАТА.
Пораката ја примија во ДУИ,за разлика од нашите партии,ДУИ покажа интегритет,баш како шо си викаат ПЕР ИНТЕГРАТИМ
Зошто?,зошто рекоа дека
ЌЕ АНАЛИЗИРААТ КАДЕ ЗГРЕШИЈА,зошто рекоа дека
НЕКОЈ ЌЕ СНОСИ ОДГОВОРНОСТ,а ова
НЕКОЈ е во нивната партија,значи со ова покажаа далеку
ПОГОЛЕМА СВЕСТ И САМОКРИТИКА од сите наши партии во последните 25 години политички плурализам.
Кај нас и по пораз и по победа се велича лидерот до смрт,до вени сечење,ако треба и војна ќе се има.
И ретко кој политичар си поднел оставка по пораз,Рада даде оставка во 2009,ама ете ја пак во ВИП фаците
,можеби само Јово Манасиевски од ЛДП си се повлече откако виде колку е сатот,а неговиот пример треба да го следат шо побрзо и Љубчо,Љубе,Стојанче и другите,барем до онај момент кога ќе се промени изборниот систем и ќе нема веќе ДОНТОВ МОДЕЛ,туку една изборно единица каде малите риби ќе имаат некоја шанса да седнат на големата маса,во спротивно ќе е кланица.
Да се вратам на топикот, нормално е сеа шо од ДУИ како по default стигнува само една порака
ПО КОНЕЧНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК И УПРАВЕН СУД ЌЕ СЕ ИЗЈАСНИМЕ,паметно,шо би рекол еден бивш државник ДРЖАВНИЧКИ.
И тие си знаат јасно и гласно кои се нивните опции,не треба да си некој експерт за да разбериш шо ти говорат резултатите.
Значи од преку 150К на минатите избори сеа имаат речиси 50% помалку гласови,јасна порака добија,нешто во прост превод
ДУМАЈТЕ МУ ЈА.
Сите тие нови играчи како
БЕСА,АЛИЈАНСА го собраа најголемиот вишок од богатството гласови на ДУИ,ДПА полека но сигурно добива порака дека времето и е при крај,но и тие сеуште држат некоја маса од на гласачи,и не се за потценување,а вишокот стратешки го поделија за СДСМ.
И доволно јасен есап,ВМРО нема друго чаре за ДИЛ освен ДУИ,а Аљи ако ја прифати понудената ракавица исто како рачна бомба да прифаќа со изваден пин,зошто?
Јасно е зошто,не само зошто се БЛИЖАТ ПРАЗНИЦИ туку и
ЛОКАЛНИ СЕ БЛИЖАТ.
Да беа локалните во 2018 јас сум сигурен дека многу полесно ќе си се договореа старите другари и никому ништо,па ќе мислеа за 2018,има време,сеа нема,обрачот е стегнат,пука.
По овие јасни пораки шо ги добија од членство и сите бивши симпатизери јасно е,
АКО НЕ СЕ ОПАМЕТЕТ НА НАРЕДНИТЕ ИЗБОРИ НЕМА НИ 50 К ДА ОСВОЈАТ,а со оглед дека на локалните избори треба 51% од гласовите од избирачите шо ќе излезат на гласање,јасно е дека во општините тогаш
ТЕШКА БИТКА ЌЕ СЕ БИЕ,големи пазари ќе се отворат во речиси сите важни општини,зошто повеќе од јасно е дека нема да има многу општини кои уште по прв круг ќе имаат избрано градоачалници,посебно не од оние важните.
Па со овај дебакл на ДУИ над глава им виси и уште еден извесен,можеби и потежок,зошто јасно е дека ќе се
КУЧИ КУЧКАТА за да го освојат пак
Тетово,Чаир,ете како шо викаат и на БУТЕЛ ќе напаѓале,да не прајме муабет за Струга итн,ама со оваа артилерија нема никаде да стигнат.
Затоа нив во никој случај не им одговара да го изгубат уште нешто од и така преполовената армија.
Зошто ќе им треба некој да придобијат,сеа веќе се смени фронтот таму,
БЕСА и АЛИЈАНСА веќе станаа големи играчи,со тенденција да станат уште поГЛАВНИ.
Е сеа кога сум кај нив и нив не им одговара,барем не одпочеток да се втурнат во некои изборни математики,и тие ќе внимаваат каде влегуваат,не се доволно искусни.
Зошто тие грото од своите гласови ги добија играјчи на АНТИДУИ КАРТАТА,и нивната речиси децениска љубов со ВМРО,и сеа уште од старт ако тргнат да играат само за да фатат некое директорско место,или тендер лошо ќе поминат,и тие го знаат ова,зошто сеа играат од улога на победник во албанскиот блок,блок кој лесно покажа дека знае да ги казни некои политичари.
Уште ми е во глава ситуацијата од мај 2015 во Куманово,кога по Диво Насеље дојдоа тие пратениците од ДУИ пред рајата,како мисири ќутеа,ќе ги растгнеа.
Кај нас кога имало такво нешто,замислете да дојдеа некои пратеници од тогашниот СДСМ и компанија во Битола по случајот ТАТ,на плоштад.
Научна фантастика за нашите лидери и пратеници
,ОДГОВОРНОСТ ПРЕД ЕЛЕКТОРАТОТ ШО ГИ СЕДНАЛ НА ФОТЕЉА НУЛА
За ова ќе сонуваме ние,уште долго.
Да резимирам, СДСМ изгледа ќе прај влада шо во случајот е некако позигледно прашање е какви се пазари ќе излезат,зошто е јасно дека без ДУИ нема ништо,а нема ништо ни без БЕСА,а зошто да не и без другите.
Ова е речиси техничка влада,макар и без ВМРО,влада која ако нема ТАПКАЊЕ ПО РАМО НОН СТОП ОД ГОЛЕМИТЕ многу тешко ќе опстани.
Е сеа,многу се спомнува и НОВИ ИЗБОРИ,нови избори според мене нема да донесат некои нови резултати,барем не толку добри за ВМРО, нови избори во блиска иднина најмалку им одговараат на ВМРО?
зошто?
Повеќе од јасно е дека ако оди во опозиција ВМРО тогаш нема повеќе
ЏОКЕР од Администрација,помина тоа време,
нема веќе телефони,списоци на сигурни гласачи,излете до 13 часот,вака така,јасно е ,сите партии овај систем го имаат,не е и СДСМ имун на ова.
Ама кај ВМРО таа "послушност"од новопечените административци даваше далеку поголем ќар и затоа толку години толчеа на избори,сеа јасно е дека ќе ја немаат ниту приближно оваа бројка.
Како се вели СЕКОЈА ВЛАДЕЧКА ПАРТИЈА СТАРТУВА СО ПОЧЕТНА ПРЕДНОСТ ОД БАРЕМ 10,20 ИЛЈАДИ СИГУРНИ ГЛАСОВИ.
Друга работа,КОАЛИЦИИТЕ,сите тие мали но значајни фактори како Србите,Турците,АМДИ ВОЈВОДА,Власи и останата артилерија,да не прајме муабет за ЅИНГО ќе ги преиспитаат своите позиции,малцинствата јасно е дека се лепат на ЈАКИТЕ ФРАЕРИ,и секогаш гледаат најмногу да ќарат,и тука ќе има
ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА НАРОДИТЕ.
Затоа оваа ситуација во никој случај не им одговараше на ВМРО,како прво,изгубија образ пред светот,како второ уште повеќе го навлекоа гневот на и тие други кои не излегле на избори зошто немаат шо да изгубат сеа ако решат да излезат да гласаат.
Со овај потег Грујо само успеа до некаде да ја зацврсти довербата во членството,кај тие хард-кор членови ,колку кај останатите ќе видиме,јасно е дека во армија од 450 К не се сите истомисленици,доказ шо го виде на дело таа армија на Бранко по големата победа во 2002,како се распрсна како кула од карти при првите проблеми,јасно е од шо се плаши секоја партија,од пораз,после доаѓа голема борба да се зачуваат позициите,па имаш поделби во партија,фракции и слично,треба голема сила да се одржиш и да се вратиш во нормала.
Значи сеа ВМРО е во таа ситуација,како ќе се одвива се ќе видиме.
Не е искчлучено дека е можно да формираат влада со ДУИ,зошто да не.Македонија е ова,оценките на експертите не значат ништо.
Дека нема ова лесно да оди јасно е,дека нема да се реши нешто уште појасно.Само да не ескалира целата оваа ситуација во правец кој не ни одговара на сите.
Но сепак,како и да е,овие избори донесоа многу новитети,пред се во јасноста и концизноста на некои пораки кои ги добија политичари како Грујо и Аљи,луѓе кои до пред бомбите беа сметани за НЕДОСТИЖНИ,ЗА КУЛТ,и што уште не?
Овие избори покажаа дека нови играчи се појавија,од сенка,никој не ги ги очекуваше,ама УДРИЈА ТАКВИ ШАМАРИ шо ги рашлапаа големите мангупи во маалото и уште седат траги од шамарите
.
Дека ќе е заебано јасно е,како ќе се одрази цела оваа каша папара ситуација врз сите сектори ќе видиме допрва,јасно е дека штети ќе има,посебно за бизнис секторот.
А за националните интереси на Македонија,ќе видиме,тие сметки се во категорија PENDING.