Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
12 март 2009
Мислења
20.182
Поени од реакции
16.319
Зашто ВМРО 10 години не утврди колку данок треба да платат Заев и Шекеринска за јахтите и вилите у Грчка? Чим не им е проблем да ми праќаат закани преку УЈП за 1 денар разлика, мислам дека логично е да реагира за поголеми суми. Кажи зашто не е реагирано 10 години?
Па и пред 2006 не функционираше даночната политика регуларно, како каде и како за кого.. пример 2005 го пријавувам станот во Охрид во даночно, пред мене службеничката подучува охриѓанка да не пријавува, демел не тужеле а за 3 години застарува, најповеќе што ќе плати е за 3 години... Данок на имот е на локална управа и господ знае како и колку се наплаќа, да не кажувам за албанските општини... а после немаат пари.
Јас лично поодамно имам пишано барем мал дел од даникот на имот да оди во државна каса, од аспект на државна контрола на општините.
А има дузини и дузини транзициони богаташи, а и други граѓани, кој имаат значителен имот а не плаќаат реални или никакви даноци на имот, не во странство туку во РМ
А имотот во странство не оданочува тука, за него е спорно дека е изнесен кеш да се купи и дали се платени даноци на добивка за тој кеш што е изнесен од тука.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Го имаат управен суд, не ми јасна патетикава што ја демонстрираше Грујо.
Мислам дека Аљи му има кажано дека нема да коалицира со него, и сега Гвујо го избира единственото можно решение за да не оди во затвор. Ќе дозволи Управен Суд да ги прифати заклучоците на ДИК и потоа нема да оди на гласање во спорните изборни едници, се со цел Собранието да не се конституира и Гвујо да држи некоја полувонредна ситуација во државата. Потоа ќе се обиде на сила да ја држи власта и да организира некои избори кои овој пат нема да дозволи да ги изгуби.

Опасна игра игра сега Гвујо, ама нема многу избор, Идризово се приближува со голема брзина.

Кој пад, неверојатно. Толку многу го потценија Заев, а го јадоа стапот само така. Мислам дека гром да паднеше во седиштето на ДПМНЕ помалку ќе се изненадеа отколку од изборните резултати.
 
Последно уредено:
Член од
8 октомври 2015
Мислења
935
Поени од реакции
2.995
Сдсм тури 500 услови за да добие некакви избори. Сто пати се пишманеше само мани наоѓаше за да добие добар резултат. Со сите прљави трикови сдсм се служи веќе 10 години протести бојкоти. Конечно извади некој резултат ама има сега големи долгови за исплаќање. Сдсм ја уништи демократијата во рм и го подели народот. Ама толку ова му е максимум на силата. Сега почнаа да тепаат луѓе по улици и сокаци.
Абе и самио не верваш во ова шо го напиша,колку очајни сте то е ненормална работа..
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Ај нека објасни некој не сум во тек зашто е оваа паника кај ВМРО, нели само еден приговор од БЕСА во 2-ката беше прифатен, а од СДСМ беа сите одбиени?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Ова во ДИК во врска со оваа Фатиме е курташак.5 души комисија, плус наблидувачи да ги прелажат, ај да не се заебаваме.
Другата пак Фатиме вчера јадеше дебакл од невидени размери.
Грујо си ја знае судбината или ќе е како Асад вечен до крај, или ќе е како Гадафи, а и членството му е мотивирано и исплашено, спремно да се бие на улица.Две толпи на народ ќе се судрат да ги бранат двајцата хардкор докажени криминалци Груевски и Заев.Прост народ, силна држава.
Таа Фатиме јадеше дебакл само затоа што судството ни е во ситуација во која ни е, а тоа е Маријана Тренч, најдлабокото дно во Тихиот Океан, тоа е моментално Македонија.

На СЈО им ги одбиле доказите оти произлегувале од „незаконски снимените разговори.“ Пази, на Обвинителнство кое е формирано заради незаконски снимените разговори, им ги одбиваат разговорите ко доказ. Тоа е исто ко во Судот за човекови права во Стразбур да одбијат некој оти се жалел дека му е забрането правото на живот, и овие да го одбијат.

Ама тоа го прават за да има алиби Уставен да го скине СЈО ако дојде време за тоа. Во 1/4нормална држава сите обвиненија од вчера ќе беа прифатени едногласно. Во полунормална држава, функционерите кои беа фатени на дело како нарачуваат шамари ќе поднесоа оставка. Во нормална, тоа никад не би се десило. Ама за среќа ние сме 100% ненормална држава, а и двојазична и федерализирана од 2001ва.

Ај нека објасни некој не сум во тек зашто е оваа паника кај ВМРО, нели само еден приговор од БЕСА во 2-ката беше прифатен, а од СДСМ беа сите одбиени?
Најверојатно и последниот од СДСМ ќе биде прифатен. Со тоа ќе се прегласува на две избирачки места. Разликата во количникот за последниот пратеник меѓу ВМРО и СДСМ е само 67 гласа, што значи дека со прегласувањето на тие две места ептен можно е СДСМ ра ги стигне тие 67 и да освои пратеник место ВМРО, со што вкупниот резултат ќе е 50:50.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.182
Поени од реакции
16.319
Лесно е за крадење, како не е.После 25 години држава се гледа дека најлесно е да се украде од македончето. На крај и ќе те фали и ќе "гине" за тебе. Колку повеќе му украдеш, толку повеќе те сака.
за мене е крадење и овие дебили од СЈО што земаат по 2000 евра плата, а само работат по директива на зајко и бејли...нека откријат не 5, барем 1 милиарда украдени пари ( оштетена државата за толку)... тие не знаат ни што значи интерес на државата... ако Бетон работел на вересија кај музеот и после на тендер понудил најмалку, тоа не значи дека е оштетена државата; бидејќи Бетон веќе ги имал веќе машините на терен понудил многу помала сума од другите... Но државата не е оштетена, напротив, проблемот настанал бидејќи не е дозволен анекс на постоен тендер.
А јас убаво се сеќавам како беше во СФРЈ, кога 1978 сплитски Конструктор( го градеше сега мостот Око) го градеше стадионот на Пољуд , заглави, па од власта проценија дека нема да стигне во рокот и му ја ОДЗЕМАА работата, ја дадоа на фирма од Карловац која на време го заврши ( за Медитеранските Игри )
Кај нас робуваме на тендерите и нивните крути закони без реално согледување на државниот интерес... а патем, зошто опозицијата и СЈО не побара постапка за утврдување одговорности од градбата на Обиколницата ?? таа е градена строго по тендер и проектна документација, имало забелешки по медиуми од некој стручни лица дека не е добар проектот за одводот, ама одговорните во стартот на градбата не побарале Ревизија на проектот...сега по катастрофалната поплава излегоа муабети и критики ама се замолча, без правно расчистување, туку само предизборен маркетинг по митинзи во полавените општини
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Па и пред 2006 не функционираше даночната политика регуларно, како каде и како за кого.
Десет години имаа да ја оправат нефункционалната пракса и да стават ред.[DOUBLEPOST=1482000364][/DOUBLEPOST]
за мене е крадење и овие дебили од СЈО што земаат по 2000 евра плата, а само работат по директива на зајко и бејли...нека откријат не 5, барем 1 милиарда украдени пари ( оштетена државата за толку)... тие не знаат ни што значи интерес на државата... ако Бетон работел на вересија кај музеот и после на тендер понудил најмалку, тоа не значи дека е оштетена државата; бидејќи Бетон веќе ги имал веќе машините на терен понудил многу помала сума од другите... Но државата не е оштетена, напротив, проблемот настанал бидејќи не е дозволен анекс на постоен тендер.
Предметите што ги покренува СЈО не се ограничени единствено на финансиски криминал. Организирање физички напади, политички реваншизам и злоупотреба на позиција се исто така предмет на постапките.

Пробај со анекси да ја дигнеш цената на проектот да е поголема од почетната да видиш кој ќе те чешла цела фискална година.;)
 
Последно уредено:

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
1.786
Таа Фатиме јадеше дебакл само затоа што судството ни е во ситуација во која ни е, а тоа е Маријана Тренч, најдлабокото дно во Тихиот Океан, тоа е моментално Македонија.

На СЈО им ги одбиле доказите оти произлегувале од „незаконски снимените разговори.“ Пази, на Обвинителнство кое е формирано заради незаконски снимените разговори, им ги одбиваат разговорите ко доказ. Тоа е исто ко во Судот за човекови права во Стразбур да одбијат некој оти се жалел дека му е забрането правото на живот, и овие да го одбијат.

Ама тоа го прават за да има алиби Уставен да го скине СЈО ако дојде време за тоа. Во 1/4нормална држава сите обвиненија од вчера ќе беа прифатени едногласно. Во полунормална држава, функционерите кои беа фатени на дело како нарачуваат шамари ќе поднесоа оставка. Во нормална, тоа никад не би се десило. Ама за среќа ние сме 100% ненормална држава, а и двојазична и федерализирана од 2001ва.



Најверојатно и последниот од СДСМ ќе биде прифатен. Со тоа ќе се прегласува на две избирачки места. Разликата во количникот за последниот пратеник меѓу ВМРО и СДСМ е само 67 гласа, што значи дека со прегласувањето на тие две места ептен можно е СДСМ ра ги стигне тие 67 и да освои пратеник место ВМРО, со што вкупниот резултат ќе е 50:50.
Пазам јас се, арно ама од една страна колку само разговорите ќе се доказ ??? Колку знам приватни разговори не може да се користат како докази или сум грешка ???
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Не случајно нг збореше денеска, а не првиот ден, затоа што е ден после состанокот со Бејли, кој можам да замислам колку му бил непријатен. Милијардите му се депонирани во Белизе, земја измислена од УСА за крадење даночни пари. Можат да му ги блокираат кога сакаат, ако веќе не го направиле тоа.
Ама глуп чоек, не го научи филмот од Гадафи, Садам, а тек тие какви ѕверки беа - за него едно казанче вода е доволно.
Поддршка од некоја европска држава освен од оние двајца корумпирани бламатори од Австрија и Унгарија како поединци упорно не добива.
Жално е да гледаш какви очигледни странски интервенции пред нос ти се случуваат. Ама уште пожално едно такво ѓубре и овој никаков мир, кој што е веројатно највредното нешто што го имаме, пошто друго ништо немаме, ни пари, ни здравје, ни чист воздух - сега се обидува и него да го жртвува за тоа алчно г'зиште.
Ги читам оние глупердине, зборат за чадори, Сороси, Трампови - па ќе остаат на некој патор да одлучи со кого ќе оди оваа земја? Волови ниедни! Уште си мислат дека тоа е прашање на избор.
Оваа недефинирана територија де факто е американска колонија со привидно независен лидер - по некоја дефиниција десничар (ама во срж предавник), кој требаше да го смени името и да не спопика во да бидеме робови во ЕУ. Никако не видовме во него мудар човек, што ќе се обиде да избалансира и да не доведе до најповолна можна состојба, туку не однесе у „сред море, у сред магла“.
Наспроти тоа, овој говнар не само што не дава отпор, туку на сите дополнително ни ги симна гаќите пред цел свет. Не десеткуваше демографски, не посрами со оние историски, антички спрдачини, не закрви со сите наоколу и не испокраде ко мајмуни, за сега и да проба да не испотепа меѓу себе. На време видоа каков Франкенштајн изразна од тој исфрустриран пропали боксер од ѓорче, па се обидуваат да не извадат од некое поголемо срање, (а можеби и касно е веќе).
30 и кусур посто не излегле на избори, другите сите до еден што не се за него се против него и уште искача со тие бајки дека „народ стои позади него“. Ни сам не се веруе што збори.
Најмал е проблемот во ДИК. Ги има таму срцев и онаа сељандура бонева. Ако сака да не ја признае работата на ДИК, ќе ги повлече тие два пиони од таму. Очигледно знае дека не може да формира никаква влада и сега работава е купување ден за ден и подгревање атмосфера за немири, судири или што уште може да има во таа криминална глава.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Таа Фатиме јадеше дебакл само затоа што судството ни е во ситуација во која ни е, а тоа е Маријана Тренч, најдлабокото дно во Тихиот Океан, тоа е моментално Македонија.

На СЈО им ги одбиле доказите оти произлегувале од „незаконски снимените разговори.“ Пази, на Обвинителнство кое е формирано заради незаконски снимените разговори, им ги одбиваат разговорите ко доказ. Тоа е исто ко во Судот за човекови права во Стразбур да одбијат некој оти се жалел дека му е забрането правото на живот, и овие да го одбијат.

Ама тоа го прават за да има алиби Уставен да го скине СЈО ако дојде време за тоа. Во 1/4нормална држава сите обвиненија од вчера ќе беа прифатени едногласно. Во полунормална држава, функционерите кои беа фатени на дело како нарачуваат шамари ќе поднесоа оставка. Во нормална, тоа никад не би се десило. Ама за среќа ние сме 100% ненормална држава, а и двојазична и федерализирана од 2001ва.



Најверојатно и последниот од СДСМ ќе биде прифатен. Со тоа ќе се прегласува на две избирачки места. Разликата во количникот за последниот пратеник меѓу ВМРО и СДСМ е само 67 гласа, што значи дека со прегласувањето на тие две места ептен можно е СДСМ ра ги стигне тие 67 и да освои пратеник место ВМРО, со што вкупниот резултат ќе е 50:50.
Претпоставувам за двојката кажуваш. Но, нели таму тесната разлика беше меѓу БЕСА и ВМРО?
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.382
Поени од реакции
3.567
Јас мислам дека нема потреба да се плашите од никакви судири и немири, онаа багра онаму што кисне пред нова македонија не е изградена од карактер, чест, достоинство туку е изградена од страв, впрочем како и секој оној кој се одлучил да му верува на груевски. Никој од тие испрдоци нема да крене рака ни на македонец ни на албанец од проста причина затоа што се кукавици во душа кои само креваат врева.

 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Денешниов проглас на Груевски значи само една работа, он влада нема да прави.

И не само тоа, туку сака да ја турне Македонија во директен конфликт со сите наши пријатели и стратешки сојузници. Не памтам дека некој политички лидер толку директно тргнал да се пресметува со странски претставници, посебно на клучни земји.

Вчера најверојатно Бејли му има кажано дека дојде време да се тргне од политичката сцена на Македонија и Дпмне со него нема Влада да прави.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.182
Поени од реакции
16.319
Не случајно нг збореше денеска, а не првиот ден, затоа што е ден после состанокот со Бејли, кој можам да замислам колку му бил непријатен. Милијардите му се депонирани во Белизе, земја измислена од УСА за крадење даночни пари. Можат да му ги блокираат кога сакаат, ако веќе не го направиле тоа.
Ама глуп чоек, не го научи филмот од Гадафи, Садам, а тек тие какви ѕверки беа - за него едно казанче вода е доволно.
Поддршка од некоја европска држава освен од оние двајца корумпирани бламатори од Австрија и Унгарија како поединци упорно не добива.
Жално е да гледаш какви очигледни странски интервенции пред нос ти се случуваат. Ама уште пожално едно такво ѓубре и овој никаков мир, кој што е веројатно највредното нешто што го имаме, пошто друго ништо немаме, ни пари, ни здравје, ни чист воздух - сега се обидува и него да го жртвува за тоа алчно г'зиште.
Ги читам оние глупердине, зборат за чадори, Сороси, Трампови - па ќе остаат на некој патор да одлучи со кого ќе оди оваа земја? Волови ниедни! Уште си мислат дека тоа е прашање на избор.
Оваа недефинирана територија де факто е американска колонија со привидно независен лидер - по некоја дефиниција десничар (ама во срж предавник), кој требаше да го смени името и да не спопика во да бидеме робови во ЕУ. Никако не видовме во него мудар човек, што ќе се обиде да избалансира и да не доведе до најповолна можна состојба, туку не однесе у „сред море, у сред магла“.
Наспроти тоа, овој говнар не само што не дава отпор, туку на сите дополнително ни ги симна гаќите пред цел свет. Не десеткуваше демографски, не посрами со оние историски, антички спрдачини, не закрви со сите наоколу и не испокраде ко мајмуни, за сега и да проба да не испотепа меѓу себе. На време видоа каков Франкенштајн изразна од тој исфрустриран пропали боксер од ѓорче, па се обидуваат да не извадат од некое поголемо срање, (а можеби и касно е веќе).
30 и кусур посто не излегле на избори, другите сите до еден што не се за него се против него и уште искача со тие бајки дека „народ стои позади него“. Ни сам не се веруе што збори.
Најмал е проблемот во ДИК. Ги има таму срцев и онаа сељандура бонева. Ако сака да не ја признае работата на ДИК, ќе ги повлече тие два пиони од таму. Очигледно знае дека не може да формира никаква влада и сега работава е купување ден за ден и подгревање атмосфера за немири, судири или што уште може да има во таа криминална глава.
ова циркусот со ДИК и не е толку битен.. ако сите албански партии се сложни не помагаат ни 51 пратеник на дпмне...
Проблемот е што сдсм поради 70000 купени албански гласови им седна во скут на албанците, на Зекири, односно Рама и директорот на Циа...
Ама ако еднаш нешто се направи, НАЗАД нема... кога 2001 се потпиша Рамковен, назад нема, има само нови барања..2002 се амнестираа борците на учк, после и хашките случки, сега има и тие од дивље насеље да ги амнестираат... сдсм ги даде Струга и Кичево во предходниот мандат, сега ако добие ќе ја даде пола Македонија а и другата половина ќе биде загушена...
Не дека и досегашната власт не ги губеше позициите на македонците, ама сега се тоа ќе биде форсирано...
..
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom