Не случајно нг збореше денеска, а не првиот ден, затоа што е ден после состанокот со Бејли, кој можам да замислам колку му бил непријатен. Милијардите му се депонирани во Белизе, земја измислена од УСА за крадење даночни пари. Можат да му ги блокираат кога сакаат, ако веќе не го направиле тоа.
Ама глуп чоек, не го научи филмот од Гадафи, Садам, а тек тие какви ѕверки беа - за него едно казанче вода е доволно.
Поддршка од некоја европска држава освен од оние двајца корумпирани бламатори од Австрија и Унгарија како поединци упорно не добива.
Жално е да гледаш какви очигледни странски интервенции пред нос ти се случуваат. Ама уште пожално едно такво ѓубре и овој никаков мир, кој што е веројатно највредното нешто што го имаме, пошто друго ништо немаме, ни пари, ни здравје, ни чист воздух - сега се обидува и него да го жртвува за тоа алчно г'зиште.
Ги читам оние глупердине, зборат за чадори, Сороси, Трампови - па ќе остаат на некој патор да одлучи со кого ќе оди оваа земја? Волови ниедни! Уште си мислат дека тоа е прашање на избор.
Оваа недефинирана територија де факто е американска колонија со привидно независен лидер - по некоја дефиниција десничар (ама во срж предавник), кој требаше да го смени името и да не спопика во да бидеме робови во ЕУ. Никако не видовме во него мудар човек, што ќе се обиде да избалансира и да не доведе до најповолна можна состојба, туку не однесе у „сред море, у сред магла“.
Наспроти тоа, овој говнар не само што не дава отпор, туку на сите дополнително ни ги симна гаќите пред цел свет. Не десеткуваше демографски, не посрами со оние историски, антички спрдачини, не закрви со сите наоколу и не испокраде ко мајмуни, за сега и да проба да не испотепа меѓу себе. На време видоа каков Франкенштајн изразна од тој исфрустриран пропали боксер од ѓорче, па се обидуваат да не извадат од некое поголемо срање, (а можеби и касно е веќе).
30 и кусур посто не излегле на избори, другите сите до еден што не се за него се против него и уште искача со тие бајки дека „народ стои позади него“. Ни сам не се веруе што збори.
Најмал е проблемот во ДИК. Ги има таму срцев и онаа сељандура бонева. Ако сака да не ја признае работата на ДИК, ќе ги повлече тие два пиони од таму. Очигледно знае дека не може да формира никаква влада и сега работава е купување ден за ден и подгревање атмосфера за немири, судири или што уште може да има во таа криминална глава.