Одамна не ја читам темава, баш ради ваквите модерни љубовни проблеми што ви никнаа уште на 12 години. Не знаеш што да пишиш, освен оди пишувај домашна и не замарај.
Али ок. Тебе чупето те изневерило, па ајде се ќе простиме, па пак заедно, сега пак те изневерува, а ти сакаш уште да си се вртиш во лавиринтот и да се замараш со наоѓање начини да и вратиш? Сериозно? Не знам колку години имате, но не е ни битно. Секому би му здосадило од тоа постојано да си тера инат со дечко/девојка. Дај откачи се више од нејзе, пушти ја нека прави што сака, а ти најди си покорисни начини да си го тепаш времето, зашто никот ти го памтам ко еден од најчестиве овде.
@macko i , 4 години врска се и многу и не се. Луѓе се разведуваат, па никому ништо. Не пиша ти уствари дали воопшто го сакаш девојчето и гледаш некоја иднина, повеќе се пожали дека постојано ти врши контрола и ти љубомори. Да не спомнувам и дека ти е страв да ја оставиш зашто ко демек нема друга да најдеш. Мене ми изгледа повеќе дека и тебе ти е скурчено, али уште си бараш изговори. Ако една врска те прави повеќе мизерен отколку среќен, нема потреба да си го пролонгираш мизерувањето. Таа реално, не те ни прифаќа каков што си, муабетите со селото и останато. Со онакви уцени и нервози нема ништо да промените на подобро ако решиш да и ја исполниш желбата за регистрирање. Размисли си убаво дали навистина ја сакаш девојка ти, или си од навика/досада со нејзе. И после направи чекор, не чекај таа да ти кажува што и како да правиш. Со среќа.