Денес цел ден по Фејсбук читам плукање по Левица и нивните гласачи од страна на членови/симпатизери на СДСМ. Со нивото на култура тие луѓе покажуваат дека не се ништо поарни од вмровци. Тука можам само да кажам "Кривом курцу и длака смета". Наместо да ја бараат вината во други за својот неуспех (иако сметам дека резултатот кој го остварија е успех), нека погледаат во својата партија и нејзината неспособност. Да не беше СДСМ крајно неспособна партија како опозиција изминатите 10 години, дпмне немаше да има толкава доминација и немаше денес да бидеме во ваква ситуација.
Велат дека тие 12.000 гласови за Левица се фрлени во вода. Што испаѓа дека е делумно точно. Но за тоа постојат две причини:
1. Хајката против Левица од страна на "независните" медиуми и новинари и "Не го ситнете отпорот", кое е еквивалент на вмровското "Битно се гради". На моменти се чинеше дека кампањата е насочена кон Левица наместо кон режимот. Секако дека тоа влијаеше врз дел од граѓаните кои имаа намера да гласаат за Левица. И така испадна од 5%, колку што изнесуваше поддршката за Левица во ИЕ1 на последната анкета, поддршката на денот на изборите да биде само 2%. Со 5% ќе имаа 1 мандат, оној 20-тиот, кој ќе им припаднеше на нив наместо на дпмне. Ќе влезеа во постизборна коалиција со СДСМ и распределбата на мандати во однос на дпмне ќе беше 50-50 (доколку испадне дека оние 51-49 од синоќа се точни).
2. Втората причина е овој народ, кој цело време кука за трета опција, бидејќи и СДСМ и дпмне се исти. Се појавува конечно трета опција (вистинска трета опција, а не опција предводена од бивш премиер лопов), доаѓаат избори и тој народ повторно бира меѓу двете најголеми партии, избирајќи го помалото зло. Ако не, ај да се укинат сите мали партии и да се воведе двопартиски систем како во САД. Овој народ не заслужува подобро.
Ова најверојатно се последните избори на кои гласам. Се надевам во скоро време дека ќе заминам од земјава. Две работи ми ја убиваат надежта дека може да биде држава од ова напатено парче земја: 450-те илјади гласачи кои и покрај се повторно гласаат за дпмне... и тоа што овој народ уште долго време нема да го има тој мајндсет за да биде вистински подготвен за трета опција.
П.С. Ветувам дека нема да гласам од дијаспората, не сум вмровец што од Острелија се лупа во гради како голем патриот.