Воен Удар во Турција

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.802
Поени од реакции
23.146
:pos: да да турција треба да ни е пример...
Земја што моментално има војна на своја територија со епилог од 1000 загинати војници и преку 20 терористички напади за 1 година. Битно си ги уапсија своите заевисти,ко тие заевисти да беа овчари како нашиот а не генерали.
И што ако беа генерали ? Алудираш на тоа дека со тоа ја поткопале способноста на војската да се справи со предизвиците ?
Уапсија и еден куп професори, судии и медиумски работници. Оние кои имаа моќ и влијание и го злоупотребиле тоа влијание за насилно рушење на уставниот поредок и легално избрана власт во државата.
Туку батали тоа, се стори и веќе е завршена приказна. Но друго ме интересира. Што требаше да се направи после неуспешниот воен удар со пучистите. Како ете да речиме ти би постапил? Гледам некој се жалат толку и толку професори уапсиле, толку и толку генерали, толку и толку судии. Има некој максимален број што може да се уапси што ние ете не го знаеме или како? Нешто на пример не смее повеќе од 4 судии, 10 професори и 2 генерали. Се друго е претеризам и не е фер и демократски?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.141
Поени од реакции
16.291
http://www.libertas.mk/berzata-vo-istanbul-gi-pretvori-site-parichni-sredstva-vo-turski-liri/

На отворањето трговски центар денеска во Истанбул Ердоган повторно ги повика Турците да ги претворат нивните девизи во злато или во турски лири.

Тој одговори на прашањето и дали луѓето ќе претрпат загуби при размената.

– Видете ова е национално прашање, има корист од тоа, нема да загубите, не стравувајте. Всушност другите странски валути предизвикуваат загуби кај турскиот народ, бидејќи се претставници на империјалистичката логика, рече тој.

Ердоган нагласи дека им предложил на Русија, Кина и Иран да вршат трговска рамзена со Турција во локална валута.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806

И Сорос го прави истото, ги продал сите акции на JP Morgan, Goldman Sachs и купил реално физичко злато, мислам дека ТАТ штедилницата е пред затварање, кој успее да се ослободи од доларите и еврото, треба да го направи сега, има точкана прелом, после нема да има време за смена, слично беше и со цената на франкот, за 3 сата порасна 40%, ако имаш влог во банка, немаш време да раскинеш договор за штедење, молба за раскинување, молба за исплата, физички да отидеш во странство и купиш монетарно злато...
Тоа е одговорен политичар, го предупредува народот, секогаш има некој што ќе каже прв царот е гол, а другите ќе му се смеат, после сите ќе разберат но веќе ќе е касно да ги спасат заштедите.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.249
Поени од реакции
18.191
Откако ги средија домашните предавници,вчера повторно Турција во најдобро светло. За некој тука земја на која треба да се угледуваме:icon_lol:
Кога сите служби ти работат на останување на султанот на власт а не тоа за што се направени.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.569
Поени од реакции
42.072
И Сорос го прави истото, ги продал сите акции на JP Morgan, Goldman Sachs и купил реално физичко злато, мислам дека ТАТ штедилницата е пред затварање, кој успее да се ослободи од доларите и еврото, треба да го направи сега, има точкана прелом, после нема да има време за смена, слично беше и со цената на франкот, за 3 сата порасна 40%, ако имаш влог во банка, немаш време да раскинеш договор за штедење, молба за раскинување, молба за исплата, физички да отидеш во странство и купиш монетарно злато...
Тоа е одговорен политичар, го предупредува народот, секогаш има некој што ќе каже прв царот е гол, а другите ќе му се смеат, после сите ќе разберат но веќе ќе е касно да ги спасат заштедите.
ти ги смени еврата во турски лири?:facepalm:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.805
Поени од реакции
36.834
Најмалку 38 загинати од бомбите пред стадионот на Бешикташ.

Член од
21 февруари 2014
Мислења
77
Поени од реакции
20
Моментално слушнав на вести дека ПКК *курдска партија* го оствари нападот
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.423
Поени од реакции
17.740
Не, туку ТАК. Не знам какви се нивните односи и врски со ПКК, можеби кајзер созе ќе сака да напише нешто повеќе.
 
Член од
21 февруари 2014
Мислења
77
Поени од реакции
20
Не, туку ТАК. Не знам какви се нивните односи и врски со ПКК, можеби кајзер созе ќе сака да напише нешто повеќе.
тие се соработуваат заедно TAK е втората терористичка група на ПКК
Така што може да се каже дека ПКК го оствари нападов
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.423
Поени од реакции
17.740
ТАК е исто со ПКК мислам тие се соработуваат заедно
Така што може да се каже дека ПКК го оствари нападов
ТАК се имаат отцепено од ПКК, верувам како крајно радикално крило и некои идеолошки несогласувања, така да не верувам дека се едно те исто. Ниту знам дали соработуваат.

Како што пишав, @kaiser soze би можел поточно да ни каже за нивниот меѓусебен однос.
 
Член од
21 февруари 2014
Мислења
77
Поени од реакции
20
ТАК се имаат отцепено од ПКК, верувам како крајно радикално крило и некои идеолошки несогласувања, така да не верувам дека се едно те исто. Ниту знам дали соработуваат.

Како што пишав, @kaiser soze би можел поточно да ни каже за нивниот меѓусебен однос.
Па не знам но јас слушнав на Турксите вести дека се соработуваат и так е исто така нивна група но несум сигурен.. јас првпат слушнав за так со нападов.. не се толку многу активни како пкк
(Btw живеам во турција)

Ps да сега сум истражувал повеќе за так и да так се имаат отцепено од ппк.так е многу по радикално од ппк и затоа се разделиле но можеби пак се соработувале за овој напад
 
Последно уредено:
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.423
Поени од реакции
17.740
Па не знам но јас слушнав на Турксите вести дека се соработуваат и так е исто така нивна група но несум сигурен.. јас првпат слушнав за так со нападов.. не се толку многу активни како пкк
(Btw живеам во турција)
Можеби медиумите во Турција ја пласираат таа вест, за се во пакет да се демонизираат и ПКК и Курдите воопшто и на некој начин Ердоган да си добие уште повеќе алиби за војната, сеопшта, која ја води на југоистокот и во северна Сирија против Курдите. Има многу тези и несогласувања за тоа дали ТАК и ПКК соработуваат, дали се под иста команда, дали се крило за посебни операции и слично.
Крајно, тие и идеолошки се разминуваат, ТАК се крајно десно насочени, ПКК се социјалисти, но пак сето тоа не мора ништо да значи и да е само на хартија, ако имаат иста цел.

Како кај нас, ДУИ нешто како социјалисти, но во суштина кога се работи за каузата се радикални десничари.
 
Член од
21 февруари 2014
Мислења
77
Поени од реакции
20
Можеби медиумите во Турција ја пласираат таа вест, за се во пакет да се демонизираат и ПКК и Курдите воопшто и на некој начин Ердоган да си добие уште повеќе алиби за војната, сеопшта, која ја води на југоистокот и во северна Сирија. Има многу тези и несогласувања за тоа дали ТАК и ПКК соработуваат, дали се под иста команда, дали се крило за посебни операции и слично.
Крајно, тие и идеолошки се разминуваат, ТАК се крајно десно насочени, ПКК се социјалисти, но пак сето тоа не мора ништо да значи и да е само на хартија, ако имаат иста цел.

Како кај нас, ДУИ нешто како социјалисти, но во суштина кога се работи за каузата се радикални десничари.
Хмм да во право си штом станува збор за турските медуими и ердоган се е возможно за жал.. Многу ми е жал за државава човек веќе не смее да ја кажува својата идеја одма ќе те уапсат.. но веќе сум многу уморен..затоа не размислувам за тоа многу..
мислам дека турците го заслужуваат овој ердоган штом го избираат на секои избори..
 
K

kaiser soze

Гостин
ТАК се имаат отцепено од ПКК, верувам како крајно радикално крило и некои идеолошки несогласувања, така да не верувам дека се едно те исто. Ниту знам дали соработуваат.

Како што пишав, @kaiser soze би можел поточно да ни каже за нивниот меѓусебен однос.
Тоа е најрадикалното крило, кое е отцепено од ПКК.Делува во урбани средини, и честопати ги користи овие методи, иако во другите случаи, грото од загинатите беа војници или полицајци.Сепак, некои курдски кругови тврдат оти имаат сеуште релации со ПКК, а и во самото ПКК постојат две струи.

Морам да кажам, дека јас воопшто не ги оправдувам ваквите напади, каде што жртви можат да бидат и недолжни граѓани.Целта во овој случај не ги оправдува средствата, а и отпорот мора да биде на поинаков начин, сосема различен од средствата кои ги користи Ердоган.Ваквите напади не се одлика на курдските движења, кои напротив, долг период се најголеми жртви на слични дејствија.

Инаку, жал ми е што Ердоган ја отера државата во ваква ситуација, кога нападите се секојдневие таму.Хранењето на терористички групи и радикални кругови, се враќа како бумеранг во негативна смисла.Тоа се докажало и покажало многупати во историјата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom