Почина Есма Реџепова

Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Чудно, сите плукаат по некој што ќе каже нешто лошо за циганкава, а никој не коментира за вистинитата случка со децата каде што им вика да бегаат од неа, ко демек заразни се.
 
Ф

Флеш

Гостин
Вие,сите .....Жената е почината .... Барем имајте акал дека не чини .... Лоша,нелоша,нека помине недела дена и нека се збори,и јас сум со вас за некои нејзини работи шо праела.Сега жената замина,гадно е и против вакво нешто да пљукам против некој што само што е закопан.Нека помине процес на тишина и неутралност,па идете после со офанзива.Се надевам Анон и др членови разбирате.Не се понижувајте
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.351
Нека почива во мир, дефинитивно една од најдобрите личности што биле во македонија на музички план. На прсти на една рака се бројат македонци што биле супер познати и успешни во Југославија. Баш музика за душа, од душа. И огромна е иронијата што жената која што обединуваше луѓе без разлика на националност и религија почина на ден на избори каде што оваа вест ќе биде во втор план на сметка на "Победивме во Дупени, победивме и во Бирмингем" и што ти знам..

Нека почива во мир. Таа својата песна си ја испеа, се надевам дека во скоро време ќе видеме некој од државава што барем приближно ќе стигне до нејзината слава.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Вие,сите .....Жената е почината .... Барем имајте акал дека не чини .... Лоша,нелоша,нека помине недела дена и нека се збори,и јас сум со вас за некои нејзини работи шо праела.Сега жената замина,гадно е и против вакво нешто да пљукам против некој што само што е закопан.Нека помине процес на тишина и неутралност,па идете после со офанзива.Се надевам Анон и др членови разбирате.Не се понижувајте
А после недела дена демек ќе чини? Дај ова елаборирај го.

Нели е поискрено некој кога ќе напише нешто негативно, еве како ова со децава (од што ми се згади, а не го знаев), отколку некое патетично РИП есма со јутјуб линкче? Јас се сеќавам дека со мажот и, Стево Теодосиевски посвојуваа многу деца, ама и мене ми е останато дека последниве години се избламира во политика и баш нејзините роми ја критикуваа.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
А после недела дена демек ќе чини? Дај ова елаборирај го.

Нели е поискрено некој кога ќе напише нешто негативно, еве како ова со децава (од што ми се згади, а не го знаев), отколку некое патетично РИП есма со јутјуб линкче? Јас се сеќавам дека со мажот и, Стево Теодосиевски посвојуваа многу деца, ама и мене ми е останато дека последниве години се избламира во политика и баш нејзините роми ја критикуваа.
јас знам дека и на два пати има одбиено да даде нејзин придонес во хуманитарни акции (не мора финансиски) ама ајде си реков да не коментирам, срцепарателен народ многу :)

п.с. за музиката и делото нејзино не треба да се коментира, да повлечеме граница.
 
D

Daedalus

Гостин
Добро бе како не ви е срам и човек кога ќе почине вие уште мешате политика и на нечија смрт сеир си терате. Срам да ви е!


Сабајле кога прочитав на Интернет дека починала мислам дека се потресов. Обично кога ќе слушнам дека починала некоја позната личност тоа го доживувам како нешто нормално, па и сеедно, но кога слушнав за Есма навистина се растревожив. За малку и солзи ќе ми надојдеа.

Она беше и ќе остане вистинска ѕвезда и еден вистински уметник и хуман човек. Нека почива во мир:(

Кој шизо си ти човече. Нејќам ни да замислам кој седи позади Спонџ Боб.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
По темава може да се види колку ние Македонците сме расипан народ. Криво ни е за другите и јадеме гомна, а самите не се погледнуваме да видиме дека сме дно дна. Со ваков менталитет никогаш нема да мрднеме од тапкање во место, не ни е никој крив сами сме си криви.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
По темава може да се види колку ние Македонците сме расипан народ. Криво ни е за другите и јадеме гомна, а самите не се погледнуваме да видиме дека сме дно дна. Со ваков менталитет никогаш нема да мрднеме од тапкање во место, не ни е никој крив сами сме си криви.
Така е.
Според десетината постови во темава (отворена на интернет) и насловот на Поликлинико, ти слободно можеш да дадеш оценка за македонскиот народ и неговиот менталитет.
На вакви основи и со олку податоци треба да формираш мислења.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Chaje Shukarije e песна која таа сама ја напиша
Песна е за првпат објавена 1961 година и имаше неверојатен успех и во Скопје и во цела Југославија

https://www.youtube.com/watch?v=4oK3NQvS08Y
Јас бев дете кога таа песна е снимена и паметам дека „ цело Скопје “ ја пееше.
Беше голем уметник, хуманист
Ми е жал што почина - ќе ја паметиме
 
Последно уредено:
S

silmarillion

Гостин
Ко за секој човек така и за неа ќе речам нека почива во мир. Ништо посебно, ништо дополнително.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom