Дали успешна кариера влијае лошо на семејниот живот?

Дали успешна кариера влијае лошо на семејниот живот?

  • Да

    Гласови: 46 46,0%
  • Не

    Гласови: 38 38,0%
  • Немам одговор

    Гласови: 16 16,0%

  • Вкупно гласачи
    100

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Се зависи тоа од човекот :)
Некогаш сум гласал за ,,Немам одговор" и сум го напишал ова, но затоа сега го променувам мислењето.

И те како успешната кариера влијае врз семејниот живот. Еден успешен човек кој е посветен на својата работа и кариера и кој постојано некаде патува, со денови останува на пат или скоро цел ден го минува на работа, неможе да му се посвети целосно на своето семејство и да биде постојано со нив. Со самото тоа што си постојано оддалечен од домот и од семејството, осеќаш оддалечување од нив, а и страв од таа оддалеченост. Тие успешни луѓе џабе се успешни ако до нив постојано не е она најбитното, семејството.
 
A

Antigona

Гостин

1.Не се осеќа страв бидеќи парите те мотивираат дополнително да работиш повеќе , но по извесно време си го вртиш филмот у глава како би било кога не се посветуваш толку на кариерата. Искрено , не гледам среќни луѓе кои живеат од љубов , изгледа се се врти околу парите.

2. Можеби си во право - не велам не. Само не знам како ќе го усреќиш семејството ако си постојано со нив - мора да се работи за да им се обезбедат многу работи во животот. Не сакам да се повторувам и да зборувам детално за кои работи се потребни пари, а да работиш part time job само за да поминуваш повеќе време со семејството и не е доволно.

Ти си изгледа премногу поврзан со твоите дома, исто како сестра ми. Она е премногу блиска со моиве дома а моиве не сакаат да чујат за странство, така да и она нема шанси да се исели од Мк, ако сака и најмизерно да биде во Македонија и сите најлошо да зборат мислам дека ќе остане да живее таму :)
 
Не викам не, парите се многу битни во еден брак/семејство. Најчесто проблемите кои настануваат во едно семејство се и поради парите. Но ако погледнеш и размислиш поубаво, што ќе ти се толку пари ако немаш со кој да ги споделиш. Не е само дај му пари на твоето семејство, поседи на ден два со нив и пак оди на работа. Работата е во тоа заработените пари да ги уживаш во време поминато со своето семејство. Подобро помалку пари (не зборам за сиромаштија), но со своето семејство, отколку премногу пари, но сам и неисполнет.
 
Последно уредено:
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Некогаш сум гласала дека немам одговор, денес гласам дека успешна кариера влијае и тоа позитивно на семејниот живот само под услов кога и двајцата партнери се стремеат кон истото (успех во кариерата).

Многу погрешно го сфаќате успехот во кариерата. Не сите кариери и професии бараат од вас да патувате и да имате доцни состаноци. Вие самите си избирате на каква кариера сакате да и се посветите!

Да продолжам, успешна каиера влијае позитивно на семејството само доколку и двајцата партнери се трудат да бидат успешни во својата кариера, во спротивно , жртвувањето на едниот партнер за сметка на успехот на другиот на долгорочен пат може само да го уништи бракот и со тоа, раздели семејството.
Кога едниот партнер се жртвува за сметка на другиот, на почетокот е се во ред, но со текот на годините се појавува еден вид на "класна" разлика меѓу партнерите и едниот партнер (кариерист) почнува да станува незаинтересиран за другиот партнер. Затоа е многу важно и двајцата партнери да се кариеристи или барем едниот да не прави жртва за другиот, за да постои балансот помеѓу нив.
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.204
Не знам, зависно како го сфаќаме.

Ако под 'успешна кариера' подроазбираме по 10-12 сати дневно на работа од кои 8 ти се платени, а другото ти е од љубов кон фирмата...
Секако дека е влијателно, ако ти 5 дена излегуваш од дома пред 7, а се враќаш во 18:30 најрано и уште ако работиш за викенд и празник и на повик и за замена на тнр. привилегирани работници...и кога не ти е ценето од претпоставените (никогаш не е доволно!),секоја чест за луѓето со задржан баланс меѓу ова и социјалниот живот и семејството.
Уште поголема почит за тие со деца, а можат да го фатат ваквиот ритам без поголеми нарушувања во едно од трите полиња.

Ако тие дополнителни часови работа се соодветно платени (читај воопшто платени), можда би било поинаку па да имаме изговор дека финансиската мотивација е фактор за останување подолго и можност за поголем бенефит во семејството.Логично, сите работиме за подобра плата, не од хоби!
А вака во реални услови на една од најнапредните светски економии - срање.Ниту си финансиски мотивиран (или било како поинаку) ниту имаш доволно време за семејство и дружење.Секако дека е негативно.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom