kano
Farang
Ептен си сигурен дека сега ова моментално е најдоброто време со најдобра власт за Македонија.
Така внатрешно чуство имаш дека поарно од ова не може.
Напротив, знам како беше за времето на Анте Маркович и како се живееше во МКД тогаш а како денес. Далеку сме од добро а не пак најдобро. Јас оставам простор за дебата дали овие или некој други треба да не водат, дали ете требало да се гласа за овие и нивниот барок проект или некој други со незнам каков проект. Она што го кажа за централите итн си држи вода.
Дискусијата сепак беше окулу иселените македонци. Митот дека ради вмро се иселиле толку и толку илјади ми е смешен. Да, се иселиле ама се селеле од секогаш. Се селеле за подобра иднина и сега и порано и кога било најдобро. Сега е само полесно, поевтино, има подобри информации сега си е ера на мобилна работна рака и глобални фирми и професии. Кој и да е на власт ај задржи некој кадар што има барана струка на запад... Нема шанси. Задржи земјоделец што зима 200е што може да ги заработи собирајќи јагоди во холандија за 2 дена. Поентата е кој и да беше, колку и да беше добра власта немаше да го задржи народот. Порано секогаш кога некој сакал да емигрира си постоела таа доза страв како ќе биде надвор, дали ќе се снајде итн итн... Денес може да има интервју на скајп и да емигрира со веќе договорена работа, со 20-30К евра бонус за преселба, со платена кирија и што ти не... Се смени светот, остај ти како било во „магичната“ бивша држава...