добро бе, решение ? сам викаш ке уценуваат до бескрај, што мислиш , како да се реши проблемот?
Имаат силен надворешен сојузник во USA. Ние имаме што - к***ц. Дури и кога нашата страна е (условно) во право, тие имаат ветер во грб. Проблемот е лоциран во нашите партии и политичари.
Градоначалникот често се жали дека државата ништо не инвестира во Струга. Централната влада треба да му даде јасно до знаење дека тоа е казна заради ваквите негови малоумни, националистички, дневнополитички потези, креирање етнички тензии и дека ако продолжи дека тек тогаш уште поголем к** ќе добие. Тогаш ќе има притисок и од неговиот народ, а во оваа ситуација тој испаѓа како победник - што би рекло дека пак вината е кај нашата централна власт која не може да покаже кој е маж.
Секојдневното нивно култивирање мислам дека мора да се поддржи, затоа што паметен едуциран човек може да направи разлика дека побитно му е да не му пливаат г***а по улица, која е полна со дупки отколку на бандерите на истата да има знамиња. Тоа се покажува дека е така со тоа што кај нив се појавува трета политичка опција, која ги лови тие што може да согледаат ова што го пишав горе.
Во 25 години независност, не излезе еден мудар, вешт политичар кој со ветувања ќе ги дриблаше овие дивјаци, туку сите се во прекрасен криминален брак и хармонија, а општото добро е секогаш на нивна страна.
Така да, решение - вакви работи не се оправаат со еднократни решенија. Опцијата со к** за нас е невозможна, затоа што не само што не се размножуваме како народ, туку и „најголемите патриоти“ ни го предизвикаа најголемиот егзодус од државава. Затоа останува опцијата со здрав систем, општество што ќе едуцира, ќе отфрли национализам, религија и ќе форсира граѓански концепт по секоја цена. Знам, има многу „хард-кор патриоти“, па ова им звучи мекушки, либерален приод, не знам каков....да не се лажеме, ниту имаме оружје, ниту војска, ниту полиција, ниту знаеме да војуваме, а и имаме пример од 2001-ва во која видовме дека поддршка од надвор немаме апсолутно никаква, така да у следна тешка ситуација, ако ја фатиме со сила, ќе останеме на улица.