Овие избори се право огледало на тоа колку е бедна нашата политичка понуда у моментов, кретенот Заев им се мести на волеј на вмровциве со оваа чудна кампања која ја води, цела држава е раскурцана на економски и социјален план, он се фатил акцент става на некаква јазична рамноправност на албанците како тоа да е најважно. И со право таквата политика ќе го кошта, он е свесен колку тие прашања се непопуларни и колку пропагандата тоа ќе го злоупотреби и ќе го надуе.
Мене ми е јасно зошто го прави тоа, за да добие некој пратеник плус во шестката, единицата и двојката, како компензација за поразите во четворката и тројката, но е многу глупав потег од неговите стратези.
Другиве пак им дојде супер што цела кампања се труби за двојазичност и федерализација, и сега пак они се јавуваат како спасители на државата да им дадеме 65 пратеници да не „спасат“ со уште милијарда евра непродуктивни трошења во стиропорни фасади, во мерцедеси од 600.000 евра и во еден куп изедени и испиени пари по кафани од еден куп директори на агенции, управи, бироа, министерчиња, заменичиња, заменик на заменикот, помошник на заменикот на заменикот... А сите индиции за криминал од бомбите и од се друго нека се заборави.
Најдобар исход би бил мала разлика во пратеници меѓу едните и другите, кој и да прави влада да не се аздиса како улав да прави што сака и да се пресметува со кого сака. Тоа плашњето со албанците се прикаски за мали деца, они секако ништо не би направиле без амин од горе, а за тоа во моментов тешко дека ќе има клима.
Во врска со предавниците и патриотите, дај прво нека се расчисти по судски пат кој навистина прислушувал и зошто па после да го тераме муабетот, оти во мометов имаме два судски предмети за прислушување, целосно спротивни еден на друг, во нормална земја исходот од изборите не би требало да влијае на исходот на тие постапки, ама во нормална земја...