Словачка одобри закон со кој се блокира исламот да стане официјална државна религија
Парламентот во Братислава одобри закон со кој ефективно се забранува исламот да се регистрира како државна религија во блиска иднина.
Спонзориран од Словачката национална партија (СНС), која е членка на владејачката коалиција на премиерот Роберт Фицо, го изгласа законот вчера, јавува
Ројтерс. Законот бил одобрено со двотретинско мнозинство во парламентот, а за него гласале пратеници и на владејачките и на опозициските партии.
Новиот закон повеќе од двојно го зголемува бројот на потребни следбеници на една религија за да може да се квалификува за државни субвенции и да отвора сопствени училишта. Прагот сега е поставен на најмалку 50.000 членови, за разлика од претходните 20.000, за да се добие официјален статус на религија.
Во моментов, 62 отсто од 5,4-милионската популација на Словачка се декларираат како римокатолици.
Словачката екстремно десничарска партија Наша Словачка сакала прагот да биде поставен на 250.000 членови, но предлогот бил одбиен од парламентот.
„Исламизацијата почнува со ќебап и веќе се случува во Братислава, мора да бидеме свесни со што може да се соочиме за 5 или 10 години“, изјави за Ројтерс претседателот на СНС Андреј Данко. „Мора да направиме сѐ за во иднина да не се градат џамии“.
Според последниот попис, исламот има околу 2.000 следбеници во Словачка, јавува Ројтерс, истакнувајќи дека нема официјални џамии во оваа централноевропска држава. Исламската фондација на Словачка, која засега нема коментар за новиот закон, ја проценува бројката на муслимани во Словачка на околу 5.000.
Вака се брани држава подобро да се спречи него да се лечи.