... кај нас имаме чудна појава, или за секоја ситница која воопшто не е здравствен проблем се јавуваме на доктор секојдневно или воопшто не се јавуваме на доктор и покрај присутни потешки здравствени проблеми сакајќи да се реши преку ноќ ...
за да се реши проблемот со покачениот крвен притисок и забрзаното срцебиење треба да се најде причината и таму да се делува, а да се најде причината треба да имаме некој почеток - патоказ кој ќе го даде првенствено лабораториското испитување на крвта и урината во смисол на сите параметри сврзани со срцето, бубрегот, хепарот, тироидни хормони ...
доколку тука нема промена и вредностите се во нормала тоа значи дека немаме некое оштетување на соодветниот орган ниту пак неговата функцијата е пореметена, па затоа следно мора да се направи електокрадиограм ЕКГ на срцето и ЕХО на срце, бубрег, хепар да нема ,,нешто скриено,, во тие органи кој прави оптовар и ако и тука ќе биде во граница на нормалата тогаш можеме да размислуваме кон нашиот моментален статус на однесување кон стресот, сонот, физичка активност, исхрана ....
и доколку не се испита сето тоа ние можеме само да погодуваме што би можело да биде, но не и точноста на здравствениот проблем кои се рефлектира со покачен крвен притисок и тахикардија ...
... и сега додека не направите такви испитувања, моето размислување иде кон тоа што ваквите проблеми не се од ,,болно срце,, , но ако не се превземе мерки тој висок притисок и силно срцебиење ќе го направи вистински болно срце... вродени аномалии околу срцето сигурно немате оти ќе го осетивте тоа порано, вашата возраст не може да укаже на болест на срце, а женскиот член кој се жали од покачен крвен притисок највероватно е од хормонско пореметување дисбаланс на естрогенот или можеби на штитната жледа или преголемо лачење на кортизолот ... инаку секое пешачење овозможува добра циркулација, а со тоа и регулирање на крвниот притисок барем извесно време кога ќе се вратите дома... инаку школски пристап во врска со лековите за покачениот крвен притисок (затоа што 160/100 веќе треба да се делува со лекови доколку се задржува повеќе денови) и е давање на диуретик (средство за зголемено мокрење) и со исклучување на пресолување на јадењата , менување на начин на исхрана на еднократни преобилен оброк кој доведува до притискање на дијафрагмата со надувување на желудникот и појава на тахикардија, пролонгираниот стрес доведува до покачување на кортизолот како хормон кој покачува и притисок и доведува до ,,возбудено срце,, и затоа следно би било давање на Бета блокатори и тоа неселективни односно четвртинка Тбл.Пропранолол од 40 мг кои ќе делува на смирување на ,,возбудениот ритам,, на срцето кое не му го знеме потеклото дали е од желудникот, стресот, надбубрег ..итн , докторите денес тука најчесто даваат селективни бета блокатори, лично не се сложувам затоа што тие најдобро делуваат кога тахикардијата е последица од патолошки промени на срцето, но не и кога причината е од друга природа , а не е срцето туку тоа само така реагира и кога ќе делуваме на таа друга причина и срцето само од себе ,,ќе се смири,, , лековите од типот на калциеви антагонисти се избегнуваат поради многу несакани дејства, а посебно ако се даваат како лек против висок крвен притисок која не им е прва индикација и затоа послабо делуваат на кр,притисок со тоа што ги отекува зглобовите ( аплодипин лек) на нозете што потоа треба тоа да се третира со диуретик...итн ... со додавање на диуретик и бета блокатор се додава потоа лек од група на АКЕ инхибитори што се спомна горе лекот ,,скоприл,,..., но пак ќе повторам без лабораторсиките испитување ништо не треба да се пие оти не се знае кој орган провоцира покачен кр,притисок, а со тоа иде и срцебиење односно тахикардијата ...[DOUBLEPOST=1480096528][/DOUBLEPOST]
Вака сега, три дена по ред главата ми пука, ќе експлодира. Пред ова да ми се деси, за прв пат во животот доживеав нешто ненормално, осетив дека лицето ми е толку топло,некоја тежина на лицето, како да ми гори лицето значи потполно ми гореше, си дојдов дома,бев излезена, само ја извадив шминката и се стаив да спијам. кога се разбудив веќе, се разбудив со главоболки.
Висок крвен притисок, 100 со 160. се напив два амлодипина, два диазепама од по 2мг. Четири лимона изедов, ми дојде до 140 со 70. За еден час, повторно ми скокна, 160 со 100. Се напив скорпил, и уше еден диазепам и лимунада испив. Џабе. Се намалува на моменти и овој 100-ката од срцето никако не се намалува,шо и да прам,што и да пијам.
Чаре некое, а главата сеуште ми бучи. Шо да прам?
ШТО МИ СЕ СЛУЧУВА?
дали е можно да ми е од очите?
Да напоменам,јас сум имала проблеми со високиот крвен притисок, тахикардија, дијабет значи све тоа, инсулинемија. Шеќерот ми паѓаше многу, ама пиев сиофор, ама на своја рака престанав да пијам се што ми дале. И бев супер. Ама сега, не знам. Одеднаш, немав никакви проблеми, башка ова со притисокот порано одма ми паѓање од амлодипинот, а сега воопшто не ми делува, десетка се напив, бадијала.
А имам само 24 год. Не сакам да умрам.
... ако си дијабетичар треба да се следи шеќерот да го стабилизираш, ако не си дијабатичар тогаш направи лабораториски испитување на Т4, ТСХ , Т3 и ТПО антитела на штитната жлезда, ако тоа ти е добро тогаш види со менструалниот циклус хормони, според паниката што ја имаш можеби оправдано, но можеби неоправдано укажува на хипохондер што сигурно влече долгорочен стрес кој ако не можеш самата со своето ,,Јас,, да го решиш мора помош од стручно лице да те ,,направи ,, психолошки силна, а не со диазепам...
а за умирачка не се плаши, никој тоа не го знае, твое е да почнеш нешто да правиш за твоето здравје земи хартија пенкало и пиши ... прво кај матичен за лабораториски упат, второ кои пороци имаш во смисол кафе , цигари, неспиење, исхрана, телесна тежина, физичка активност ...и делувај тука секојдневно со пишување што си направила на тоа прашање и следи го кр,притисок секојдневно запишувајќи го во колку саат си ги измерила... така да ! , а не тука без веза ќе умрела....така се умира кој како ќе му текне??
