Dario Argento

  • Креатор на темата Креатор на темата Хоуп
  • Време на започнување Време на започнување
Па ја реков дека сакам да видам што филмови се овие на Аргенто, можда ќе пцујам не викам не, али на невидено не можам ништо да кажам. Два пати ме заеба со азијски хорори, прво со тој Конфешнс, сеа со овој, ќе те тепам со мокар весник!
Азијските хорори имаат ептен напнати и страшни сцени, ама тебе не те плаши ништо изгледа. :D
 
Па тој корејскиот е од нејзе бе кретен, тој ако не ти е страшен овие никад нема да ти бидат т.е Суспириа, само за тој можам да зборам. Тоа ремек-дело беше доволно веќе ни името да му го прочитам на режисеров. :pos:
Бегај бе мене ми се смееш на три теми во под-форумов за тоа што гледам, а потајно таму си предложуваш филмови јас што сум ти ги кажала. :D:D
 
Го изгледав Суспириа вчера. Мојот омилен жанр се трилер/мистерии, така што овој филм беше нешто поинакво за мене. Прво пред да го гледам го прогуглав од аспект на година на снимање, глумци, бла бла. Филмот е 77 година, значи сниман е пред 40 години така што не е ни реално ни фер да бараме некои кадри како во Ревенант на пример. Одма да кажам за боите и саундтракот, иако веќе е спомнато тоа на темава, ФЕНОМЕНАЛНО. Уште од самиот старт те тера на језивост, кога бегаше девојката во шумата, онака паѓа силен дожд, језива музика и во исто време го покажуваат интернатот кој беше РОЗЕВ. :D Баш онака специфичен филм, несекојдневен, со добра прича и најбитно од се е што не ме натера да му дадам нога после 15-20 минути. Увек кога гледам филм пробувам да го гледам од аспект на времето кога е сниман, не пример 80та година филмот ја да се курчам што нема некои ефекти како што ги има во 2016.

Најлуд лик Павло или како и да беше, каква фаца мајко мила. :pos::pos: Романец, киклоп, со вештачка вилица и изгледаше како да лапнал свинска глава и да му се заглавила во уста. :icon_mrgr:

Друго не би кажувал за да не навлезам во спојлер, можеби има некој што сака да го гледа филмов. Од мене 7.5 оцена, Стек Скорсезе.

П.с. Џонтра ИЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗЗГУБИ СЕ!
 
Скоро ништо немам гледано од режисеров а голем дел од овие класици ги знам по име. Баш добра тема, ми отвара доста филмови за гледање периодов.
 
Јас препорачувам филмовиве да се гледаат со слушалки, и во темна атмосфера. Оние језиви музики само така се слушаат, многу е јако.
 
Се немав сретнато со дело од режисеров се до пред некој ден кога го изгледав Суспириа. Обично не сум љубител на жанрот хорор, повеќе го ценам и поштувам трилерот со елементи на хорор.
За хорор се бара посебна атмосфера: гледање сам или со уште некој, никако група, да се гледа во ноќни часови и затемнети простории. На сето тоа кај мене беше додадено уште магловито, врнежливо, лошо време и силниот ветер кој правеше језиво зуење низ фугите, и постојаното лупање на некој предмет во оградата кај комшијата. Си реков, подобро време за хорор не може да има. :D
И ајде ќе се гледа култниов филм...
Очекувања до плафон, а на крај само горчлив вкус и разочараност.
Колку и да не сакав да го споредувам од временска гледна точка со она што е денес, сепак не можев затоа што ова е хорор и нели треба да те уплаши? Е мене повеќе ме насмеаа некои сцени од што ми влеваа страв во коски. :D
Океј. Може да се замиже на сето тоа затоа што сепак се работи за филм стар 40 год. Но што е со приказнава? Барем тоа е нешто што очекував да биде на врвно ниво, а овде имаш ликови кои не знаеш која улога ја имаат во целиот филм. Тотално небитни. На пр Олга. Која беше целта на нејзиниот лик? Со што допринесе за приказната?

Кога е во прашање сетапот, сета таа игра со бои, кадри беше неверојатно искуство кое сеуште го немам доживеано од филм. Штета што едно такво совршенство, снимено со толку низок буџет имаше такви дупки во приказната. Далеку од тоа дека се работи за лош филм, само што јас очекував дека ќе биде 9, 10, а на крај излезе слаба 7.
Не знам дали и останатите филмови му се овакви од аспект на кадри и storytelling. Кој би бил најдобар за следно гледање?
За тој ќе се опремам со слушалки, може тогаш језивата музика ќе допринесе повеќе. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom