Dario Argento

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
1.540
Поени од реакции
7.403
Малце налудничаво е да растеш и воспитуваш дете со прераскажување на филмовите на овој режисер, но мајка ми беше опседната со него и скоро секој ден слушав за филмовите што толку ја восхитиле. И ете круша под круша паѓа и 20 и нешто години подоцна истото ми се случува и мене. Само тој дел со желбата за раскажување на мали деца ќе го прескокнам, за другото се осеќам потполно како неа и сега ми се јасни повеќе работи за мене на кои не можев да им најдам од каде потекнуваат : ))
Dario Argento
I make a film - and once I've made it, everyone comes along and says 'Ah! This is a film that's political, or social', or whatever. But I'm not telling the story that they see. I made a film, told a story, but I wasn't thinking about exactly what it all meant.
Dario Argento иначе е италијански режисер кој скоро сите дела ги посветил на жанрот хорор. Најкреативен и најдобар во друштвото режисери на хорор филмови.
Ако ја земеш неизвесноста и напнатоста од филмовите на Хичкок, налудничавите ликови од филм на Полански и боите и атмосферата од филмовите на Линч, и плус ќе додадеш совршена музика, ќе добиеш филм на Argento.

Сигурно сите знаете за него, или знаете за неговите филмови, сигурно барем два сте гледале најмалце, а aко не, мило ми е што ве запознав, седнете и гледајте си, уживањето ви е загарантирано. Посебно ќе уживате во визулените совршенства, боите, ситниците, ентериерот, архитектурата и атмосферата. И музиката!

Само Џонтра нема да ужива, зошто за него се филмови со језива музика и мрднати жени што вриштат наоколу. Него не му ги препорачувам. :D
Is it right to be obsessed with looking at terrible things and sharing them with other people?
https://www.youtube.com/watch?v=QkZ2rdbDHM4
 
B

Blade Torch

Гостин
Не очекував дека некој ќе отвори тема за режисеров. Браво!
Ти имаш многу кул мајка, да си знаеш.;)
Мислам дека сѐ му имам изгледано. Каква фантазија за убиства има ликов, чудо едно навистина. Со оглед на не толку големиот буџет, истите се и повеќе од одлично изведени. Во последно време како и многу други олдскул хорор режисери не може да извади филм кој ќе се памети.
Suspiria и Deep Red се ремек-дела.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.511
Four Flies on Grey Velvet. Тоа е тоа. Не дека само овој го имам гледано, туку овој да го гледате. :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.246
Поени од реакции
17.763
Suspira е најдобриот спој на игра со камера, и вистински хорор терор, неверoјатна камера - колоритност, неверојатни агли, фокусот на изразите на ликовите кои го доживуваат хоророт никогаш не бил толку добро преставен во преден план и не доловувал тензија и страв толку реално.

Секој кадар е ремек дело, а позадинската музика - е врвот кога се работи за морбидност, и окултна атмосфера. Вистинско хорор ремек дело.

Тука би го додал и Demons, браво за темата, вистинско освежување.
 
B

Blade Torch

Гостин

:cuc:

Одличен документарец, зборуваат за него и останатите мајстори на хорор жанрот.
Следен проект му е Sandman, во главна улога со Иги Поп. Знам само дека собираа донации онлајн за да го снимат филмот. Жално...
 
Последно уредено од модератор:
Член од
23 август 2010
Мислења
33.904
Поени од реакции
87.754
А баш бев без идеја у задње време, не знаев што да гледам. Фала ти, се бацам на посао вечер. :D
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.284
Поени од реакции
2.780
Ќе се слуша на рипит денес

Почетник сум во овој жанр, прв филм ми е овој од него, ама не и последен.
Несекојдневно искуство за мене, морничаво, убаво, интересно... мило ми е што се запознавме :D
И ова... :D
upload_2016-11-20_15-9-6.png
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.246
Поени од реакции
17.763
Рецепт за психоза.

Коментарот од видеото подоле, сценава да ја гледаш со слушалки, навечер во скроз затемнета просторија. Ми се има случено неколку пати да прекинувам филмови од Арџенто, its tоo much :shook:

Сепак оваа сцена не е најстрашната, најстрашната е танцот/ритуалот на вештерките, кој девојките ќе го гледаат низ завесите, имено тоа е моментот кој ме натера да го исклучaм/паузирам филмот за да се соземам, кога бев помал ЕПТЕН се соживував со филмовите :gjavol:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
33.904
Поени од реакции
87.754
И? Четири вечери поминаа..
Ќе пцуеш? :P
Немам гледано сеуште ништо, пробав Опера да го симнам, на Замунда не можев да најдам асална снимка и се откажав, башка Марио ме замараше да сум глеал корејски хорор, приказна за две сестри, две мајки да му ебам ја на него. Ќе гледам вечер после тренинг веројатно. :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Немам гледано сеуште ништо, пробав Опера да го симнам, на Замунда не можев да најдам асална снимка и се откажав, башка Марио ме замараше да сум глеал корејски хорор, приказна за две сестри, две мајки да му ебам ја на него. Ќе гледам вечер после тренинг веројатно. :D
Па тој корејскиот е од нејзе бе кретен, тој ако не ти е страшен овие никад нема да ти бидат т.е Суспириа, само за тој можам да зборам. Тоа ремек-дело беше доволно веќе ни името да му го прочитам на режисеров. :pos:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
33.904
Поени од реакции
87.754
Па тој корејскиот е од нејзе бе кретен, тој ако не ти е страшен овие никад нема да ти бидат т.е Суспириа, само за тој можам да зборам. Тоа ремек-дело беше доволно веќе ни името да му го прочитам на режисеров. :pos:
Па ја реков дека сакам да видам што филмови се овие на Аргенто, можда ќе пцујам не викам не, али на невидено не можам ништо да кажам. Два пати ме заеба со азијски хорори, прво со тој Конфешнс, сеа со овој, ќе те тепам со мокар весник!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom