Луѓе веќе 3 месеци сме тероризирани од страна на комшиите. Земаа куче(џукела/пудлица) затоа што сакала нивната ќерка ама воопшто не водат грижа за истото. Го оставаат секое сабајле од 6 додека да се вратат од работа накај 17 часот. Кучето не престанува да лае ниту една минута. Мајка ми е хронично болна и постојано е дома и не може да го истрпи постојаното лаење. Ги молевме, им укажавме неколку пати дека живеат во зграда, заедница, цивилизација ама не се разбираат од збор. Викнавме и полиција само ги опоменаа(сами се уверија колку лае кучето) и потоа бевме уште неколку пати во полициска станица, но од таму креваат раце дека нема закон за кучиња, само за гласна музика...(мизерии) Сега навистина не знам што да правам, ова не се истрпува или ќе треба да се иселиме или некоја белја да напраиме за да го решиме проблемот. Очигледно си имаме работа со неразбрани и неписмени луѓе. Жал ми е и за кучето, јас сакам многу кучиња ама ова е малтретирање. Домот не го греат кога не се дома, не го шетаат, врши нужда на таванот(плочата) на зградата, а разбрав дека било и малтретирано од претходниот сопственик. Ги известив и Анима Мунди, рекоа ќе реагираат ама ништо. Дајте некој совет, искуство, чаре како да се реши проблемов..