Која кинеска марка ја препорачуваете?
Знам дека повеќето ќе искоментирате да си купам Априлија на старо отколку кинеска нова. Сепак би сакал да знаам зошто. Јасно и гласно. без оние „гласините“ за пластичните елементи во моторот. Ми требаат конкретни „ЗА/ПРОТИВ“.
Значи одржување (сервиси и цена на работна рака како и делови), потрошувачка, комфор при возење, забрзување, максимална брзина,
...
Пример не знам колку се исплаќа да купиш половна Априлија и нешто да ти се расипи, отколку нова кинеска која ќе се расипи за една година и да се поправи. Ме сфаќате?
Плус тоа повеќе ме интересира до 50цц, над 50 не сакам да се замарам со А категории итн. Кога ќе сакам да купувам салам машина (чопер над 1200цц) тогаш ќе плаќам за А категорија. Не плаанирам да ја користам за тротинет (без навреда
)