Акции на СЈО (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Каков црн напад, се испосраа и го исклучија сајтот. Така е тоа, ќе правиш бељи по интернетов, не е ова Диме со Туарегот па ќе снимаш филмови отпосле.
Секој просечен граѓанин може да добие информации за рандом сајт. Освен нели, овие неколкумина што виреат овде.
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Јас не верувам дека се работи за напад конкретно врз некои сајтови а и не е тоа толку битни за мене. Искрено сум запрепастена од лудилото и паранојата што владеела кај братучедите па следеле преку 4000 луѓе со стотици денови. Ќе има материјал за пишување во Црните Станици на ДПМНЕ
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Еве ги изгледав видеата (сепак најважното го имаат напишано и нема потреба да се гледа) и единствено плус што разбрав е тоа дека имаат податоци кој кога е следен и дека 3 лица се осомничени, од кој најглавниот бил шеф на некој одел.

Изгледа сепак братучедот се има спасено, како што и велев дека нема да одговара голема риба, туку некој обичен службеник.
Како може да си го гледал пресот а да не знаеш кој е прво осомничен, се надевам дека си трол оти другото објаснување за вакви заклучоци е лошо.

Какви се овие мазохистички нагони кај голем дел од македонците да ги оправдуваат па и да се восхитуваат на луѓето што "силувале" илјадници наши сограѓани за пари и моќ. Па некој пред 10 години да ми го кажуваше ова ќе мислев дека е под дејство на недозволени супстанци.
 
S

silmarillion

Гостин
Абе ќе искочи Протугер визионер со она "а да имаме војна?" . Само што ќе биде меѓу нас изгледа. А ко ќе видиш дека треба да живееш у иста земја со некој како Иреал или Глагол, си викаш, па што да не?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.578
Поени од реакции
16.777
Јас не верувам дека се работи за напад конкретно врз некои сајтови а и не е тоа толку битни за мене. Искрено сум запрепастена од лудилото и паранојата што владеела кај братучедите па следеле преку 4000 луѓе со стотици денови. Ќе има материјал за пишување во Црните Станици на ДПМНЕ
Вообичаено е во секоја држава, па и најдемократските, како скандинавските тајната служба да следи и без одобрение од судот. Ќе следат и новинари ако се поврзани со надворешна организација, а гледавме мизеријата на Шведска со оптужбата врз Јулијан Асанге.
Кој се овие 4000 луѓе, не сум ни јас ни ти , освен новинарите кој се на заб ( тнр соросоидни медиуми) следени се и бизнисмени. Не верувам дека следените бизнисмени немаат некоја незаконска работа, а симптоматично е што никој не е гонет, веројатно се завршува со донации кон владечките партии. Но сето тоа го имаше и порано, менаџерот на годината од Охис му донираше перманентно на сдсм за избори а не плаќаше доприноси на вработените од 2000 а на некој и од пред тоа. Ако нешто треба да се превземе е да се преиспита се од 1991 не само што се ограбувани работниците туку се пљачкосувани и малите акционери. Не случајно е што ниту една влада не ги заштити малите акционери, дел од колачот што им го крадат бизнисмените мора да го дадат на власта, донации и тоа најчесто за време на избори... така целата ова работа со случајот Таргет е само предизборен балон.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Дека сдс ќе победи на овие предвремени избори до сега поголема глупост не сум слушнал
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Вообичаено е во секоја држава, па и најдемократските, како скандинавските тајната служба да следи и без одобрение од судот. Ќе следат и новинари ако се поврзани со надворешна организација, а гледавме мизеријата на Шведска со оптужбата врз Јулијан Асанге.
Кој се овие 4000 луѓе, не сум ни јас ни ти , освен новинарите кој се на заб ( тнр соросоидни медиуми) следени се и бизнисмени.
Не верувам дека следените бизнисмени немаат некоја незаконска работа, а симптоматично е што никој не е гонет, веројатно се завршува со донации кон владечките партии. Но сето тоа го имаше и порано, менаџерот на годината од Охис му донираше перманентно на сдсм за избори а не плаќаше доприноси на вработените од 2000 а на некој и од пред тоа. Ако нешто треба да се превземе е да се преиспита се од 1991 не само што се ограбувани работниците туку се пљачкосувани и малите акционери. Не случајно е што ниту една влада не ги заштити малите акционери, дел од колачот што им го крадат бизнисмените мора да го дадат на власта, донации и тоа најчесто за време на избори... така целата ова работа со случајот Таргет е само предизборен балон.
Абе види, јас не верувам дека ти немаш некоја незаконска работа, па мораш да изиграваш дворски шут.

Преку незаконско следење не може да се изврши гонење. Пошто нели се врши злоупотреба на една од најчуствителните служби во државата и вршителот може да наебе и на начини вон пропишаното. Особено доколку се побараат донации/спонзорства. Уценувачите добиваат бонус поени во областа "наебување". Доколку има потреба некој да биде прислушкуван/следен се вади судски налог за истото. Во спротивно е незаконско(удбашки?).

Во принцип, твојата рационализација на горенаведеното самоволно дивеење на некои бандити, е оправдување на удбашко однесување. Баш она, следење на граѓани од страна на тајните служби поради "политичка неадекватност" и за остварување на лични интереси. Таквото оправдување тебе те прави комуњар. Или да бидам попрецизен "Комуњарана маторска".

Колку да имаш на ум доколку некогаш ги опцуеш комуњарите - сам себе би се пцуел. Би станал лик кој сам себе се мрази. Во таков случај би ти препорачал да побараш професионална помош, бидејќи постоењето на омраза кон себе си е индикатор за постоење на ментални пореметувања и пореметувања на личноста.

:gjavol:
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.922
Поени од реакции
41.894
Каков црн напад, се испосраа и го исклучија сајтот. Така е тоа, ќе правиш бељи по интернетов, не е ова Диме со Туарегот па ќе снимаш филмови отпосле.
Секој просечен граѓанин може да добие информации за рандом сајт. Освен нели, овие неколкумина што виреат овде.
И да не провериш се гледа дека не е пишувано на хрватски. :LOL: Не се ни трудат да бидат поиновативни и да се сокријат малку. :tapp: Мислат сите се глупи како нивните членови.
Ова е најголема глупост после тоа видеото со пораката од анонимусите. Очај.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom