кога нешто тврдиш барем да дадеш некој доказ нешто аргумент... дај твојата математика да ја видиме како израчуда дека нема есап да се грееш на пелети... искрено многу ме интересира како си прерачунал.
кога купувате котел за пелети обавезно доаѓа некој од фирмата кај што го купувате и тие 50 100 евра ви ги зимаат ако да сте ненормални и незнаете да ја уклучите печкката/котелот... - може и без ова да поминете НО во тој случај гаранцијата не ви важи (македонска работа) - монтерите не се должни да ти монтираат ниту ќунци ниту термостати и слично - тоа е работа за парногреачи....
вишата проценка можеш грубо да ја пресметаш а се што ке потрошиш помалку од од грубата проценка ти иде во твој прилог нели.... како што знам печките имаат 5 нивоа на работа каде што на почеток работи со полн капацитет и троши максимум а после како постигнува температура паѓа и потрошувачката... јас лично се интересирав за МИНИМА котелот. тој е 12 киловати минимум потрошувачка му е 0,7 кила а максимум 2.1 мислам дека... така што ке земеш средна вредност од 1.5 Кг пелети на час да троши па од тука израчунај 1.5 пелети на час * 8 часа ако грееш излага 12кг односно нецела вреќа односно 168 денара дневно. направи ја оваа математика според потрошувачката на твојт котел и ке најдеш некоја
груба математика (за точна математика зависат многу работи одт квадратура кубикажа изолација на куќа прозори радијатори и ред други работи)
и последниот болд - барем јас откако ги гледам котливе не се намалени ниту денар.... ниту котлите ниту пелетите....
шамотната цигла абсорбира толина и откако ке прекинеш со греење таа сеуште зрачи топлина а и со самото поставување на истата цигла не дозволуваш топлината да се шири наоколу од самиот котел... има логика и тоа бајаги.
тоа дека е поевтино од струја нема збор... дека е почисто од дрва и тоа е многу точно... имаш и многу други бенефити наназад пролистај ја темата и ке прочиташ многу работи... според квадратурата што ја кажа ти значи ти треба котел од 8 до 10 киловати а минимален котел е минима на екошпар од 12 киловати така да би требало да ги задоволи твоите потреби... спомнав погоре - за да израчунаш колку јак котел ти треба реба повеќе работи да се имаат во предвид.. кубикажа на воздух, димензии на соби.. дали е подно греење или се радијатори, дали ке приклучиш бојер на котелот дали мислиш да ставаш регистар во веце каква изолација имаш и ред други работи - за јачината најстручно може да ти каже само парногреач или фирма која се анимава со монтажа на комплетна парно шема.
п.с
@Dexter26 јас ептен у детали навлегов за котливе на пелети и дознав бајаги работи па дури и повеќе од што ми треба да знам. меѓувремено пратив мејл до 2 3 фирми што инсталираат парно греење и продаваат котли и цената горе доле е од прилика иста што ми ја понудија - околу 120 000 денари комплет клуч на рака... само не ми се свиѓа што сите ми пуштиле понуда со бакарни цевки... кај треба ад ми бидат надворешно уште бакарни цевки дами бидат ми фали... на крај ке земам сам ке си го поставам цело парно во изведба со алумпласт цевки и би требало да ме кошта околу 90 000 денара...