Дали некој можи да ми кажи со попрости зборови што значи следниот извештај?Мр на лумбосакралниот рбет Направена е магнетна резонанца на лумбосакралниот рбет со стандардни пулс секвенци.Присутни изразени спондилоартрозни промени со редуцирана физиолошка лумбална лордоза и декстроконвексна девијација на рбетниот столб.Присутни и рабни антерирни спондилифити.На сите прикажани нивои од Тx 12 до Л5 се пратат спондилоартрозни промени со дискус хернии на сите нивои и најизразена на ниво Л1/Л2 дорзо медиолатерално со латерализација према десно фораминарно,фораминарна редукција и неурална компромитација. На Л5/С1 се прати протрусија дорзомедиолатерално со латерализација према лево и присутна неурална компромитација.
Се работи за близок роднина...и сакам да знам со попрости зборови колку е сериозна работата..... и препораки што понатаму..... дали можи да работи, мора да одмара итн.......
Описот на кичмата , медицински што не мора да значи дека сето тоа е од некоја провоцирана ситуација на телото , просто може такви дегенеративни промени да настанат поради старост односно како велиме како живеевме на млади години така се однесува кичмата со нас , нагли покрети , дигање товар , дебелина и све што е шок на рбетен столб со тек на време го деформира кичменито столб на различни места и не само кај постари туку денес е присутна и кај младите како резултат не спортска неактивност , долго седење на столица , неисправно одење со телото , носење на високи штикли ...итн...
spondiloza -osteofiti коскени израстоци , дегенеративна промена на кичмата ( може од некоја причина , а и од сама старост на организмот) ,
artroza - osteoartritis преставува дегенеративни промени на периферните зглобови
Lordoza - преставува деформитет на кичмениот столб кога има нагласена кривина , напред стомачните мускули се поопуштени ( се среќава кај подебели или тие што имаат голем стомак ) и би требало гимнастика за корекција на истата ако се мисли како малку редуцирана ако е нешто поозбилно мора ортопедска корекција .
Diskus hernija според мене најопасно за кичма оти тоа е изместување на дискусот од меѓупршленскиот простор при што доаѓа до уклештување на нервен корен со што даоѓа до силна болка во долниот дел на кичмата преку ногата до стапалото кое потешко се движи дури утрнува , и кога ќе додадеме често мокрење , проблем со столицата но и со потенцијата за мажот е голем здравствен проблем , само една кашлица може да му испровоцира таква болка од кичма до стапалото што често не може да оди ниту на двете нозе зависи кој пршлен , кај дискус хернија меѓу 4 и 5 лумбални пршлен (L4/L5) најчесто е притиснат коренот L5 и се чувствува на стопало и палецот ,ама ако дискус хернија меѓу 5 лумбален пршлен и 1 сакрален пршлен (L5/S1) се притиска корен S1 и болката ја има на надворешен дел на стапалото и малиот прст и разни други примери на зафатување на лумбален пршлен што не мора да се замараме со такви работи ...
мој совет е , нели да се советува твојот близок со физијатар , пред да посети крајно хирург , но не секогаш ние ја признаваме медицината како таква и секогаш 1+1= не мора да е два , па затоа се трудиме да пробаме нешто што можеби ќе помогне и како би рекла јас , да пробам прво терапија со обични аналгетици + нестероидни аналгетици + миорелаксанси +анксиолитици + физикална терапија ... доколку имаме моментална силна болка од дискус хернијата ( акутна фаза) мора да се мирува една недела без физикална терапија , но со лекарствата и потоа кога ќе помине таа недела самиот организам ќе каже дали да продолжиме со лекарствата или ќе ги редуцираме или ќе се пијат по потреба или ќе се прекинат , тука доаѓа веќе примена на физикална терапија (додека се има јака болка никако не смее физикална терапија) ... доколку состојбата е покомплицирана и не попушта болката постои метода на блокада на нервниот корен или епидурална инекција на директно убризгување на лек во рбетниот канал...

... и немој случајно да масирате со загревање -топло

ова она на кичма оти нервот кој е уклештен повеќе ќе се воспали и болката ќе се големи , тоа сака ладно ...