Дали некој имал вакво искуство со хроничен притисок и болка на челото, некогаш и на целиот скалп, горниот дел, странично зад ушите, како да се стегаат мускулите без причина.
Јас еве неколку години имам вакви симптоми а исто во изминатите две години, многу пријатели и познаници за истото самите ми се жалат на истата тематика и одма се заинтригирам.
Кај мене тој притисок, болка, напнатост, некако ми шета низ телото, можи да ме стега во мускулите, стомакот, главата, вилицата и на други места во зависнот од тоа кој дел од телото го користам или кон што сум насочен-фокусиран со мислите
Гледав на странските форуми и страни за здравствени проблеми има многу теми за овај проблем.
Мнозинството од нив се плашеле од тумор, дури и лекарите ги праќале да прават куп разни тестови кое излегувале сосема во ред. И на сите скоро дијагнозата им е стрес или анксиозност.
Нема никој одговор на оваа тема, сите споделуваат разни глупости што мислат самите дека е некоја болест или недостаток на витамин итн.
Одреден мал дел спомнаја причинител што се согласувам дека влијае на тоа.
Мој заклучок од што имам забележано е дека
Прв и главен причинител е компјутерот или мобилниот. Е сега како што не знам точно ама мислам дека би можело да е екранот што емитира светлина\зрачење па тоа од очите се пренесува низ целото тело како некој вид на напнатост. Влијание има и колку јака светлина, контраст и гама е подесена, колку е ситен текстот што го читаме колку се мачат очите, проблеми со фокус, диоптер. Некои лица имаат главоболка од оштетен вид.
Второ подеднакво сигурно е дека таа напнатост доаѓа од премногу тупење на мозокот(анксиозност,стрес), премногу секирации, грижи, размислување, анализирање, замислување, филозофирање, памтење, учење, умствена работа, премногу заглавеност во умот инегово максимално исцрпување.
Трето недоволно снабдување на телото со вода, храна и сон
Потоа останати не толку важни ама сепак поврзани фактори:
негативни влијанија од околината, средината, пријателите
депресија, разочараност, неисполнетост, тага, страв, осаменост, затвореност
алкохол, нездрава храна(адитиви, конзерванси), нездрав начин на живот, неправилна структура на скелетот и ставата од компјутери, телефони, седечка работа
Исто постои одредена група на луѓе кои имаат мака од брановите и зрачењето кои ги испуштаат сателитите и телефоните, wifi брановите, добиваат мачнина и болки, заминуваат да живеат на места во шуми и пештери за да се избават од маката, а научниците не можат да го докажат влијанието, а со модерната технологија во секој дом денес пример зрачењето е огромно, па можеби и тоа има некакво влијание.