неееИмаш разлика помеѓу моментална (реков дека тоа и е потрошувачката за време на пишување на постот) и просечна за цел период.
Иначе баш ти ми требаш за проблем со Чејнџ, вчера ми ја наместија и цела ноќ чудно работи едно никако да даде топол воздух, друго создава некој звук како испарување да има а не како ветер и во прва брзина троши скоро двојно повеќе одколку на најјако. Имаш слични симптоми?
кај мене не се слуша внатрешната во прва брзина, во другите нормално се слуша само протокот на воздух, никакви други звуци нема. Да не ти е помалку од 3м инсталацијата ?
Кај сестра ми истата клима е монтирана со 2.8м цевки и има разлика, се слушаат понекогаш некој чудни звуци како испарување што велиш ти. Мојата е безмалку 6м долга линијата, а за тоа дека не дава топол воздух можам да ти кажам само дека во 3-та брзина на издув кај мене дава 38-39, во 2-ра 44-45с. Во прва брзина не сум ја измерил оти не ја ни работам, троши струја а ептен слабо дува. Јас секогаш ја држам фиксно во 2-ра, кога постигнува Т се гаси комплет внатрешната и нема никакво дување. За греење немам зборови, грее одлично. Другата ја работат на аутофан, исто и они презадоволни, зададени 22с толку и одржува цело време. Ке дојде сметката овие денови ќе ви пренесам колку потрошила за месец октомври во 26м2. Мојата има потрошено ептен малку оти го користам повеќе Неото сега за сега


mnogu se dobri