Здраво! Сакам да прашам дали има некој случај како мене. Преку амбасада сум во Скопје. Државјанството ми излезе во јуни, го земав државјанството и поднесов за пријавување адреса во амбасадата, во меѓувреме земав матичен број и адреса од Благоевград затоа што за таму и пријавив и бев да се сликам за лична карта и пасош пред 2 месеци. Дипломатската пошта уште не е стигната за да почнат со процедурата за правење на личната карта и пасошот, и кога ѕвонам во Скопје во амбасадата да прашам дали е пратена дипломатската пошта, ми се понашаат арогантно како тоа мене не требало да ме интересира, не давале такви информации, да сум прашувала во Софија. Им велам нели за да стигне таму првин треба од тука да биде пратена и ми викаат да пратена е и толку. И денес ѕвонев така ми рекоа и пред еден месец истото. Дали ѕвонел некој скоро да праша дали е пратена дипломатската пошта и што одговор добил?