Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
21 мај 2016
Мислења
100
Поени од реакции
146
За ренџери прво задолжително воен рок 3 месеци, па после професионален војник, па кога ке има конкурс за специјалниве ќе се пријавиш и ако издржиш 12 дена влегуваш. Ако сум грешка поправете ме.
24 dneven selektiven kurs :) iako go pomines kursot mozda nema da te primat vo volcite :D posto e tamo mn tesk oda vlezis :D te prefrluvaat vo rengerite crveneta beretka tesko se dobiva :)
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Да, тој со црната униформа, баретка и цвикерите е тогашниот командант. :D
 

• Војник •

БОРБА ТЕ ЧЕКА!
Член од
6 април 2011
Мислења
457
Поени од реакции
1.263
Да беше жив, Водникот Игор Костески денес ќе полнеше 41 години. Но, Игор својот живот маченички го даде на 25 годишна возраст во одбрана на својата татковина, во страотниот масакр кај Вејце во 2001. Да се потсетиме сите на неговиот лик и дело на овој бестрашен ЈУНАК, припадник на БСН ВОЛЦИ.

Роден во Драчево, Игор уште од мал е израснат со патриотски дух. Неговата фамилија потекнува од село Слатино, сместено во етногеографската област Дебарца. Војничката кариера на Игор почнува со отслужување на воениот рок во 1995 година. Во касарната „Стив Наумов“ во Битола служеше девет месеци. Во 1998 година станува припадник со чин „Водник“ во БСН Волци. Игор беше активен член на падобранскиот клуб „Јури Гагарин“ во Скопје каде направи 186 падобрански скокови. Не му се исполни желбата да формира падобрански вод во специјалната единица Волци. Во слободно време Игор се обидуваше да се релаксира со цртање и сликарството. Од посебна значајност е нотесот на Игор кој го носел секогаш со него. Во нотесот си запишувал поеми и песни за Македонија, за љубовта, копнежот, чекањето, но исто така и за смртта и за неговото кобно пречувство. Така на едно место ќе рече:

„Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња 'ртеше највеличенственото македонско достоинство кое се полева, а можеби и ќе се полее и со мојата младешка крв без да го почувствувам вкусот на плодовите. Ќе биде како што Бог сака!?“

Таткото на Игор, Миливој Костески, објавил книга под името Смртта ме гушна од неговиот нотес. Во посмртното издание „Смртта ме гушна“ се опфатени шеесеттина песни од Игор Костески создавени од 1992 година до денот на неговото трагично загинување на 28 април 2001 година во Вејце, Тетовско. Читателот ќе биде чудоневиден од пречувството и предвидението на авторот дека смртта некој му ја всадил како несакан гостин во неговата свест која постојано го повикува или тоа е можеби природно подготвување на организмот за тоа што ќе следи иако во секојдневниот живот, Игор никогаш не даваше знаци на разочараност, загриженост и уплашеност. Напротив, беше сигурен и без страв и приложеше на извршувањето на сите борбени задачи, а беше полн со планови и желби со животот кои пред него стоеше, а кои му ги прекина терористичката рака.

Во заседата, на Игор Костески му се нанесени седум огнострелни рани по целото тело. Сигурно додека давал знаци на живот, од близина со пиштол му е пукано во чело. Ако загинал зад воланот додека маневрирал со „хамерот“, загадочна е раната и големата расеченица на левото стапало, и отсечените три прсти на десната рака. Рачниот часовник застанат беше во 18:12 часот. Дали запрел од компресија и експлозија или сам го стопирал Игор, со што сакал да ни соопшти дека во тој миг животот му престанал.

Не само што во неговите поеми го опишува кобното претчувство, исто така и ден пред масакрот се случуваат чудни измени во патролата и смените, при што Игор станува нервозен. Тоа го потврдува разговорот со мајката преку телефон, која во моментот на муабетот на 27 април 2001 година во 20:30 часот го прашува синот што е таа врева во позадината. Игор одговара: „Некои се прават многу паметни, правиме претумбации во смените, некои не сакаат да одат во патрола, болни се, глупости. Нервозен сум, ми иде да прснам!“. Факт е дека неколку дена пред масакрот, врховниот командант и претседател на државата, Борис Трајковски, од Единицата за специјални намени повлекува 30 „Волци“, членови на ВМРО-ДПМНЕ за да бидат сигурно до него, а и да ја чуваат претседателската резиденција на Водно.

ХЕРОИТЕ НЕ УМИРААТ!



https://mk.wikipedia.org/wiki/Игор_Костески
 

Kajgana Shop

На врв Bottom