Па и кај нас има кланој, не е ова од сега.Исто така погледнете што се случува со Шкендија во моментот го избркаја тренеро.Цела хемија во екипата е растурена како шо читам сите играчи си праеле страни,тоа е најголемиот проблем на модерниот фудбал шо играчот неможиш како тренер да воспоставиш однос дека не се врти се околу него.Од то се плашам да не се деси со Лукас ако дај уште 4-7 гола во првенството самиот ќе се прецени
Значи денес губите. 1,91 добар коефициент за 2000 за сингл ако не падне додека се решам да уплатам. Шала на страна очекувам интересен натпревар па во фер и корекна игра нека победи подобриот. За во Европа мислам дека покрај сигурните Вардар и Шкендија ќе се пласираат и Пелистер и Работнички,зашто реално не гледам кој друг би можел да се пласира.Боби Божиновски ќе биди стартер на местото на Иве мислалм.
Штом Фернандо оди на операција и за него сезоната е завршена. Шо значи и лев бек ќе мора да се зема. Сега е моментот да го земат Китанот и одма да го префлат на лев бек. Играше во Пелистер и на та страна покриваше некогаш ко беше и Брдата во екипата.
Лошо ми делува составот... Ко ќе го видам Бојовиќ ми се плачи.
Скоро пола прв тим го нема за денес.
Вчера во Спортлаиф беше 1,91 може паднала до сега. Вие катастрофална одбрана,а ние со Ивановски кој е вон форма и Нигериецот Адешина кој е убедливо најслабиот играч од кога го следам Работнички ќе биде интересно. Нас не вадат средните играчи Елмас,Најденов,Трајчевски и ако тие направат нешто може да тепаме во спротивно може и 0:0 да заврши^
Па со овај состав, тешко дека ќе останиме непоразени денес. Одбраната е КРИМИНАЛ !
Ко ќе се придодај на то и Пашето на голот, тогаш ќе биди интересно во секој случај.
Мислам дека коеф е 1,5 а не 1,9 колку шо знам јас. Али пробај пушти си тикет, пробај си ја среќата.