Oперација на нос

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.370
Поени од реакции
7.013
Јаооо кои коментари се ова... Човече, зафатот не е ништо страшен значи ти зборувам од искуство. Јас имав три пати скршен нос па мораше да се иде на тој чекор- операција.
И мене сите ме плашеа во стилот дека кој знај како боли, кој знај што ќе ти се лсучува, отечена ќе бидеш ово оно... врска нема. За постоперација, за да не ти се појави ни оток па ни помодрување ќе ти дадат апчиња да пиеш и нема ни оток ни бутир. Ако ти е страв од игли ( и мене ми беше) им кажав да ми остаат игла на мене цело време за да не мора да ме дупчат после тоа, и тоа и го направија. Цело време постоперативно си под седативи кои верувај не ти дозволуваат ни минимална болка од гребнување да осетиш. Недела дена ќе си имаш гипс на фаца, али тоа зимно време не би требало да ти биде проблем (ја леттно време се оперирав, чешаше ме убиваше), после тоа ти го вадат гипсот и тампони дугачки некаде 15-20 сантими. Мене ми беше премногу страв од вадењето на тампоните, али реално, не беше болно колку што беше језиво. Јас испаничив и си плачев како некој морон, зашо поише ти викам се исплашив од колку што болеше ( изгледа прилично страшно тоа да си видиш како од ноздри ти вадат џиновски чуда али само така изгледа :)) Ќе имаш чуден мирис цело време, најблизок опис како некоја животиња да ти умрела во носот, али и тоа не ти е некој проблем. Зафатот трае некаде 3-3 ипол саати, во зависност од тоа што треба да ти се среди, и после си како нов. Те внесуваат во операциона, ти мераат притисок, ти ставаат седатив и тоа кислород да дишеш, и те тераат да броиш од 10 до 0. Ја стигнав до 9:).
После кога ќе се разбудиш ќе ти биде ужасно ладно, и ќе бидеш прилично поспан првите два дена, али битно да знаеш болку никакви немаш, само си омалаксан од анестезија и од седативи. Може да ти се јавам минимални (издржливи болки) после вадењето на конците (тоа ти се две кончиња од надворешна страша што ти ја држат слузокожата) али тоа е зашо ти ги прекинуваат седативите после тоа, али ќе ти кажат што да пиеш ако ти се јават болки.
Реално, тоа е тоа.... ќе си носиш фластер еден месец и после ОП ново носе. Со среќа и не паничи. Ништо страшно не е тоа:)
Mе интересираше... колку пари те чинеше операцијата?
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Вака, сум имал искривена косна на носот, па ќе треба да се оперирам.
Докторот ми кажа дека тоа најдобро е да се прави во ладен период (зима или пролет). Е сега имам неколку прашања:

1. како оди процедурата, колку се чека за закажување?
2. дали да одам во стара воена или во државна?
3. дали е целосна анестезија (осносно дали те заспиваат)?
4. дали е ласерски односно не те касапат по лицето за да ти се познава понатаму?
5. дали и колку се лежи во болница?
6. после колку време можеш да го извадиш гипсот и завоите?

И да, секоја дополнителна информација е добре дојдена.
 
Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215

Еден мој познаник правеше операција на носот..Му беше издолжен,и не изгледаше убаво..Му го направија како нов,не се познава.А што како,колку пари незнам..Гледам дека убаво му го исправиле.
 
Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Еден пријател имаше (веројатно) ист случај. Го оперисаа со целосна анестезија. Ако памтам добро и ако разбрав добро, кажуваше дека зафатот се врши главно преку ноздрата, значи не те касапат така. Не му се познаваше ништо после тоа. Два-три дена мислам дека лежеше во болница, завоите негде недела-две ги носеше. После тоа немаше веќе проблеми со дишењето.
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.582
Поени од реакции
3.590
Вака, сум имал искривена косна на носот, па ќе треба да се оперирам.
Докторот ми кажа дека тоа најдобро е да се прави во ладен период (зима или пролет). Е сега имам неколку прашања:

1. како оди процедурата, колку се чека за закажување?
2. дали да одам во стара воена или во државна?
3. дали е целосна анестезија (осносно дали те заспиваат)?
4. дали е ласерски односно не те касапат по лицето за да ти се познава понатаму?
5. дали и колку се лежи во болница?
6. после колку време можеш да го извадиш гипсот и завоите?

И да, секоја дополнителна информација е добре дојдена.
Значи јас сум правен во јули годинава па да ти помогнам колку можам.

Јас закажав преку докторот во клубот во кој тренирам во воена болница, а мој совет ти е да закажеш што побрзо затоа што стварно има многу луѓе што го имаат проблемов. Не знам како е во државна болница, ама воена топло ти ја препорачувам, како прво операцијата ме кошташе околу 2000 денари, докторите се екстра, сестрите уште пофини, јадењето и така и така не беше лошо. Е сега во врска со операцијата. Анестезијата е целосна ( те успиваат ... се будиш и готов си). Не е ласерска операцијата, ете види си на јутуб ако не ти е гад ма да не ти препорачувам. Како што ми кажаа те сечат, те стругаат, отстрануваат тоа што треба и готово. Мојата операција беше полесна, обична операција на септумот бидејки имав отежнато дишење. Значи немаше кршење коски естетски зафати и гипсови и слични срања. Мојата операција траела некаде околу 40 мин, а имав и цимери кој покрај операцијата на септумот сакаа и естетски зафат. Е таа операција трае подолго можеби и до 2 часа, фацата ти ја гипсаат, имаш повеќе болки и крварења во следните неколку дена. Во болницата се лежи највеќе една недела, а гипсот и завиоте ти ги вадат на денот кога си одиш. Се на се не е ништо страшно ако имаш навистина проблем со дишењето оди ич не му ја мислиш. Можеби ти изгледа страшно дека анестезијава е целосна (и мене тоа ми беше највеќе страв) ама немој да се секираш не е ништо страшно ти кажувам како на брат :D
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Јас колку што го сфатив докторот, имам мало искривување на коската и сум дишел отежнато, т.е. немало правилна циркулација во носот.

Е сега @Kasabian не постои ли можност помалку од недела дена да се лежи во болница? :unsure:
Не дека нешто ми е страв, туку дека ми е смачено, бидејќи минатата година лежев во Воена заради бронхоплевмонија и добро ми е позната таа ситуација (соба, персонал, храна).
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Фино е да споделувате мислења, ама нели можеше истите прашања поврзани со операцијата да му ги поставиш и на докторот?
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
702
Поени од реакции
691
Кај мене има девијација на носниот септум, ми препорача докторот да се оперирам ама страв ми е. Башка мене дишењето ми изгледа нормално
 
Член од
20 јануари 2013
Мислења
1.582
Поени од реакции
3.590
Јас колку што го сфатив докторот, имам мало искривување на коската и сум дишел отежнато, т.е. немало правилна циркулација во носот.

Е сега @Kasabian не постои ли можност помалку од недела дена да се лежи во болница? :unsure:
Не дека нешто ми е страв, туку дека ми е смачено, бидејќи минатата година лежев во Воена заради бронхоплевмонија и добро ми е позната таа ситуација (соба, персонал, храна).
Епа тогаше е истата ситуација како мојата, една од најлесните операции во човештвото. Знам дека ти е мисла како операцијава ке помине, ама верувај дека после тоа ке видиш дека не било ништо страшно. Еве на пример јас лежев од понеделник до петок, така да може за 5 дена да те пуштат, зависи докторот шо ке каже. Прашај што ти треба, ако ти е незгодно нешто тука пиши пп.

Фино е да споделувате мислења, ама нели можеше истите прашања поврзани со операцијата да му ги поставиш и на докторот?
Абе подруго е вака со некој искуство кога ке споделиш, нема шанси докторот сето ова да ти го каже :D
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Фино е да споделувате мислења, ама нели можеше истите прашања поврзани со операцијата да му ги поставиш и на докторот?
Да, ама докторот ми вика има време, кога ќе закажуваш, тогаш ќе ти кажам детали :unsure: Плус сакам да прочитам и мислења на други.

Епа тогаше е истата ситуација како мојата, една од најлесните операции во човештвото. Знам дека ти е мисла како операцијава ке помине, ама верувај дека после тоа ке видиш дека не било ништо страшно. Еве на пример јас лежев од понеделник до петок, така да може за 5 дена да те пуштат, зависи докторот шо ке каже. Прашај што ти треба, ако ти е незгодно нешто тука пиши пп.
Засега не, фала ти на помошта.
 
escapar3

Оџачар
Член од
18 јануари 2012
Мислења
33
Поени од реакции
31
Операцијата ја правев во 8-ми септември, септо-ринопластика. Персоналот е одлично организиран. Ме оперираа Док. Горан Караиванов:zver: и Док. Раде Филиповски:zver:. Операцијата беше малку потешка и затоа мораше двајца ооперираат биедјќи имаше и два зафати. Не искусив болка или кога ја имаше беше само поради тоа што понекогаш занев да чепкам. Најголем страв имав пред операцијата, од коа излегов од сала сфатив дека за џабе сум се посрал в гаќи. Ако го имате проблемот со девијација на септум ви препорачувам веднаш да одите и да си ја завршите работата РААТ ЌЕ ВИДИТЕ после операцијата. Јас го користев само 10% носот 90% ми беше запушен поради девијацијата . Сега дишам нормално и уште неможам да си поверувам дека кога спијам, спијам на нос и не се лигавам во спиење :vozbud: Операцијата ме чинење околу 2000 денари. Со лесно!

BTW Операцијата беше со целосна анестезија, и гледам овдека сте пишеле дека праат на живо операција и дека многу боли, вие се опериравте у некоја штала или у билница. Операциите на нос без анестезија се укинате пред 80-те... Да маваат со чекан ама тоа... И не ме сечеа никаде (надворешно) се се работи внатрешно со едноскоп.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.801
Поени од реакции
15.718

на времето, поодамна, мислам 1970, школски другар тргна да оперира крајници, имаше 20 години. Му побараа најнапред да до отклони Септум назис..тогаш даваа само локална анестезија, 2 болничара го држеа на ѕид а докторот со чекамче му ја кршеше искривената рскавица од септумот а потоа со пинцета му ја извади. Инаку мене на 16г ми оперираа крајници, само локална анестезија, прво мачкање со новокаин, а при сечење на крајниците и инјњкција во самиот крајник. Најтешко неше делкањето на залистоците на крајниите, имаше многу крв. за да не се задавам во сопствената крв, професорот ме удираше повремено со тупаница во чело... и ми викаше дека сум му ја искрвавил белата кошпула ... Но се тоа е подобро од тотална анестезија која е опасна, месец дена откако јас оперирав крајници едно дете не се разбуди од тотална анестезија , требаше исто како мене крајници да вади
 
king-makedon

THE KING
Член од
5 декември 2008
Мислења
503
Поени од реакции
262
Нема теорија да не се разбудиш од тотална анестезија освен ако не ти ти дадат поголема доза од потребното.
 
Член од
1 ноември 2016
Мислења
19
Поени од реакции
1
Ве молам за информација дали некој има правено операција на девијација на нос и какво е вашето искуство.

Фала и поздрав,
 
Kajgana Shop

На врв Bottom