Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кајги се вработив за прв пат и тоа за позицијата која од секогаш сум ја сонувал, од радост и возбуда немам спиено веќе 2 дена, очите ќе ми испаднат, ќе си помислат дека сум на дроги одма ќе ме отпуштат.
Плата ват да фак висока, услови топпп. Мотивација у пичку мајчину високааа.
Ахх кајги, каков трн бек може да ти се случи у животот не си свесна!
 
Д,

дете пред прозорот ми, на работа ми, го праша татко му
„а тато, дали нема татко копилотот во авионот?“

Копилето.
На копилето мислеше копиљот.

Беш му матер генијална.
 
Идеш на страната на Агенција за млади и спорт, глеаш дека имаат англиски превод на сликата, кликаш на знаменцето и сфаќаш дека за нив уствари англиски превод на страната значи датумот и менито да ти бидат на англиски, а вестите да си останат на македонски :angel:
 
Le wild queen of procrastination appears. It's me.
Иам една песна на телефонов можда 3 години, ама здосадена ми е в крај. Ќе си пуштам музиче за по пат некаде, shuffle демек, Марфи нели вели дека од сите милион песни шо го иам на телефон оваа мора најчесто да се врти. И место да земам да ја избришам како нормален човек, акција шо трае 1 минута, јас на секое кога ќе почне да свири песната го зеам телефонот од ранец, од ташна, од џеб, па ја менувам, па врати го телефонот.... Ќе ми пукне некој ден филмот ќе го тргнам телефонот ќе го мавнам од земја.
 
Се будиш со звукот на чеканот на комшијата како ти удира по ѕидот. Си викаш, ај ваљда ќе пројде, може нешто фамилијарен портрет има, некоја слика, па да стави шајка да ја закачи на ѕид.

Испаѓа дека човекот изгледа купил цела колекција уметнички дела, пошто еве го три саати после тоа, уште кова ко лудак.
 
Едни роднини решиле да слават роденден за 9 годишно дете во најелитниот ресторан во градот. И тоа цел клас го викнале. Се собраа 20 деца, а јас онакви деца немам видено. Ѕверови. Прво, за две минути масата со тањири ја изедоа. После заминаа да се возат со лифтот. Пола внатре, а пола од горе им стискаат да се заглават. Почна фудбал, на телевизори се качуваа. Над телевизор се пентереа, а телевизорот на 200 метри надморска височина ставен. И од таму ги забркаа, па заминаа надвор. Доаѓа едно цело зацрвенето и се дере филип ќе си замине дома се налутииии. Идам јас со роднинава да видам што се дешава, незгодно е 9 години има кај ќе иде сам, да викнеме мајка нешто да си го земе. Седнал тој на тротоар, плаче ли плаче мене никој не ме почитува како пријател. Солзи крокодилски. Ај кажувај, теши, објаснувај. Сите те почитуваат, вие сте другарчиња, некогаш и ќе се скарате... Ај ок, се качува горе, по некое време пак се симнуваат доле и пак детето се дере филип плаче викна полицијаааа... Ајде ние пак надоле. Овој вистина се јавил во полиција. Па зборат сите наеднаш кој да ги разбере, тој плаче, надвор ладен ветер дува, горе други гости чекаат, пола деца ги нема... Ајде па од полиција му рекле дека ќе и кажеле на наставничката, па се смири се качивме горе, мир имаше некои десетина минути, па почнаа да се качуваат на вториот спрат. Таму темно ништо не се гледа, овие пискаат се дерат, скокаат по четири скали, паѓаат, кршат нозе. Се вртам јас случајно позади и гледам едно дебело седнало и ждере од пицата. Цело време додека се дешаваа проблемите тој си седеше и си јадеше пици. Заврши цела збрка, седнаа торта да дуваат, и оној навредениот што викаше полиција пее и плаче. Пее и плаче. Тука веќе ме фати смеа, а кога навредениот кажуваше дека за се тој бил крив, а дебелиот му рече не си ти само крив, сите ние сме криви, е тука веќе солзи почнаа да ми течат. Која најјака фаца беше дебелиот. И тој бил крив, а воздух не зеде од јадење.

Него, глупи деца не знаат да си уживаат во детството. Место да се дружат, зеле прават подли работи, гледаат на страна дур не ги гледа никој колку што можат на друго дете лошо да му направат и им се осеќа задоволство во очите кога ќе направат зло. Жално, никогаш вака лошо после деца не сум се осеќала.
 
CwMm1PxWEAogowX.jpg




Жеа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom