@Хептаграм XI еве на мене не ми иде со броењето, па ќе те прашам онака селски, симплифицирано и како што јас го разбирам со овој лаички ум.
1. Дали веруваш дека луѓето можат да постигнат некои ефекти во Реалноста по пат којшто не може да се објасни поинаку освен со Телема како најдобра епистемиолошка алатка? Дали имаш теоретски модел (кабала на пример) и метода (медитација на пример) кои можат да не доближат до Вистината?
Е сеа глеј, мора некако да можеш да го извадиш сево ова надвор од твоето Искуство. Впрочем, ако твоето Искуство за Реалноста, не можеш да го пренесеш вербално на друг свесен ентитет или на друг начин, тогаш ќе заглавиш или у некој солипцизам или у некој перспективизам, а тогаш ниту Телема може да даде со пишан збор, патоказ за тоа како некој може да стигне до Вистината, дали по пат на некои егзактни методи или со Искусување на истата бидејќи јазикот не е средство за комуницирање ниту на некакви сознанија, а ниту на методи за стигање до тие сознанија.
Со тоа, или ти си единствената Вистина (солипцизам)
или ако идеш со тоа дека сечија вистина е Вистина, тогаш и ти и Мики1 и либериј ја искусувате својата Вистина иако светогледите ви се контрадикторни, со што ја ебавме и логиката и све, а со тоа заклучуваме дека реалноста не може да се објасни со логика, а ниту со зборови, со тоа, сите патишта водат кон Рим, а тоа е хард кор скептицизам, со што не можеш да тврдиш дека ти знаеш било што, а ниту дека твоето искусување, е искусување на Вистината освен ако не сметаш дека Вистината не е апсолутна, со што се губи значењето на поимот „вистина“ наспроти „лага“. Ако неминовно се изгуби таа дистинкција, тогаш исказот „Телемитите се коваат со колбаси додека прават ритуали.“ не е лага.
2. Е сеа да речеме дека ти можеш да ја покажеш некако таа метода со која се стига до Вистината. Ако методата (медитација на пример) и теоретскиот модел (кабала на пример) се јасно поставени, дали ти можеш да постигнеш некои од тие ефекти со помош на тој теоретски модел у контролирани услови?
3. Ако можеш, сакаш ли тоа да го тестираме на некаков начин (ти ќе кажеш каков е ефектот и кој е механизмот преку кој можеш да го постигнеш)?
Ако сметаш дека Телема не е ништо друго освен психолошка алатка за подобро самоосознавање, филозофија на живеење и све тоа у пакет, тоа е сосема ок и немам бар ја лично, ништо против тоа.