јас
него.. знам дека асентрата помага се тоа, ама јас имав многу многу лошо искуство со асентра. имав и пишувано тука, ја пиев може накај 7 8 месеци.. и нејкам да се трујам иако мн ми помагаше, сакав да престанам, еден ден ако не земев ужасна вртоглавица имав, не се издржуваше тоа. пак продолжив да ги пијам, после некој месец втор пат ги откажував едно 5 6 дена пак со вртоглавица пак не издржав пак продолжив да ги пијам (имам за учење, разни обврски а без да земам воопшто не сум ефикасен). Трет пат ми пукна филм решив да одам до крај, за едно недела дена ми помина вртоглавицата ама после ме фатија страшни напади, тоа беше еден од најлошите периоди во животов, незнаев што да правам со себе, толку напнат, нервозен од ништо, сум се чудел што ми се дешава, па очај ме фаќало, депресија, навечер неможев да спијам мислев ќе ми пукне главата. Почнав да одам на тренинзи и после 10 тина дена полека ми помина. Сеа се чувствувам најубаво, не сум напнат, нервозен, најискулирано ама уште имам од тоа анксиозноста некогаш мислам дека се гушам, неможам да земам воздух, тешко ми оди, на секоја пола минута земам длабоко воздух. Исто така на пример кога одам накај факс, или чекам нешо, ми доаѓаат некои мисли како некој му ја пука главата со шипка, или некоја несреќа и како ми се исекува рацете нозете нешо, или главата на пола лол, чувството како би било кога би ми се десило тоа.
И имам некои глупи тикови, тоа мн се курчам, колку и да сакам да ги прекинам се заборавам само ти оди -.-