Вака прво да дефинираме што всушност е анксиозност.Анксиозноста представува физиолошки,когнитивни и чуствени одговор при одредена опасност(фајт ор фајт ефект).Патолошка анксиозност:појава на анксиозност при тотално безопасни ситуации.
Причини за појава:Надворешната околина,индивидуална идиосинкразија,промена или нарушување во ослободувањето на одредени неуротрансмитери како што се норадреналин,серотонин и антагонисти на ГАБА-нергичните канали.
Класификацијата е доста широка:од Фобични анксиозни нарушувања,генерализирани анксиозни нарушувања,паника,соматоформни нарушувања,обсесивно компулзивни нарушувања.....
Често рака под рака одат со депресијата т.е 1/3 анксиозни пациенти имаат и депресија.
Лечењето: Не се лажете,ниеден психијатар или лекар нема да ви бутне од старт бензодиазепин.
Примарна работа што секој лекар ја прави е :ќе проба да помогне со психотерапија(аналитска,когнитивна или однесувачка).Доколку психотерапијата не даде посебен резултат,ондак можеби ќе посегне по бензодиазепин.При панично анксиозно нарушување се користат антидепресиви(трициклични,ССРИ и МАОИ) и психотерапија.Бензодиазепините се даваат во што помала доза и се користат за што помалку време бидејќи се развива толеранца не на анксиолитичкиот учинок него на антиковулзивниот,мускулно релаксантниот и седативниот.Се почнува да се дава 1 на вечер(често диазепам:2мг/ден),потоа дозата се зголемува до 3 пати на ден,се додека не се добијат клиничните учиноци.Одкога ќе се воспостави клничниот учинок,бензодиазепинот полека го укинуваме.
Доколку не се укине правовремено,можи да предизвика зависност:пред се психофизичка.
Контраиндициран е при алкохоличари,употребувачи на дрога,болни со миастенија гравис,доење,коматозни пациенти,пациенти со бубрежни,ц.дробни и белодробна инсуфициенца,болни со историја*анамнеза* на зависност.
Поз