Океј, пошто има милион страни темава, неможам се да прочитам, можно е да имало ваков пост претходно, па замолувам најкултурно да ме насочите таму кај што треба ако не е за овде.
Проблемот е што мислам дека имам пореметување во исхраната.
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
Да, читав на многу места за проблемот, ама си сакам искуства да слушнам ако има такви. Вежбам редовно 2 години. Првата година имав успешна чиста исхрана и неверојатни резултати. Вторава година, имам подолги и поинтензивни тренинзи, исто супер резултати и многу сум задоволна од дефиницијата и мускулната маса што ги постигнав, арно ама јадењево скроз ми се поремети. Во текот на целиот ден успевам да јадам здраво и балансирано, но навечер почнува хаос. Како да ми се исклучува мозокот и јадам неконтролирано и што најдам пред мене.
Порано водев и дневник на исхрана, односно внесени калории и макронутриенти, ама откако почна лудилово со вечерното конзумирање на 50000 калории од кои повеќето јаглехидрати, баталив. И еве после неколку месеци забележувам таложење масти во пределот на долниот дел од стомакот. (што е и очекувано)
![Тажен :( :(](/styles/default/xenforo/smilies/frown.png)
Стварно незнам како да си помогнам, се изначитав разни постови, статии, форуми ама никако не успеам да се вратам во права насока и проблемов стварно ме мачи и демотовира.
Ве молам за искуства и мислења без типичните македонски "мудрувања", "осудувања" и слично, пошто овие две години редовно и интензивно вежбање, освен што тренирам и се едуцирам, толку колку што дозволуваат можностите на непрофесионалец.
Фала и Респект