Абе имаш и видеа на македонски од еден поранешен член од форумов, али не верувам дека сакаш да се потпреш многу на истите. Верувај дека такви имаш и по тие што ги гледаш на youtube од други земји.
Слаб сум со време и не знам колку смее да се постира литература на форумов, т.е пдф документи од книги за бодибилдинг, пауерлифтинг, биохемија, фитнес, одбрани поглавја од медицината кои го тангираат бодибилдингот, нутриционизам и тн... доколку смее да се прави ова може да отвориме посебна тема во која ќе може секој да постира литаратура која би помогнала на секој што е заинтересиран да научи нешто повеќе за овој спорт.
Веќе подолго време барам некоја литература во врска со овој начин на живот али лутам незнам што е солидно што не. Дај прати во пп ако неможе да се остави на форумот јавно.

Да, читав на многу места за проблемот, ама си сакам искуства да слушнам ако има такви. Вежбам редовно 2 години. Првата година имав успешна чиста исхрана и неверојатни резултати. Вторава година, имам подолги и поинтензивни тренинзи, исто супер резултати и многу сум задоволна од дефиницијата и мускулната маса што ги постигнав, арно ама јадењево скроз ми се поремети. Во текот на целиот ден успевам да јадам здраво и балансирано, но навечер почнува хаос. Како да ми се исклучува мозокот и јадам неконтролирано и што најдам пред мене.

, тоа е тоа, генерално ако кркаш навечер можеш да го средиш со секојдневен кардио тренинг 40-60 мин + лкарнитин, ама за прав стомак или дефиниција заборај, зависи од кој тип си уште колку години имаш етц етц
Целата иронија е што никогаш не сум била љубител на благо, сега бодибилдингов скроз ми ги поремети смените 
и тоа е добра стратегија што пиша кеплер не купувај благо дома )) сеа ако деца или маж/дечко јадат е тогаш зезнато е ...