Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Не важно е кој што нуди, туку кој што навистина дава.

Пардон!

Кое чаре го дава Телемата за болестите? Живо ме занима...[DOUBLEPOST=1477490160][/DOUBLEPOST]
Православието пример може да ти понуди и крилја да леташ,

Посочи ми, оти јас не знам, кој во првославието нуди крила за летање. или пак фантазираш у стариот добар Телемски фантазерски дух?..
 
Не важно е кој што нуди, туку кој што навистина дава...
Изгледа она - По плодовите ќе ги познаете, значело - по понудите ќе ги познаете, а за плодовите ќе се надевате.
 
Пардон!

Кое чаре го дава Телемата за болестите? Живо ме занима...

MIKI1 јас не би бил ниту Телемит ниту православен хрстијанин за да бидам топ и фит секси дечко или атлета со здраво и вечно тело! Јас сум Телемит бидејќи Сум тој што Сум. Ехеиех - Ашар - Ехеиех! :)
Читам Телемитска литература, практикувам Телемитски пракси поради мој личен духовен напредок!

*Ме мрзи да се замарам со гуштери и да се лекувам со скапани лешови на мртви луѓе!
 
MIKI1 јас не би бил ниту Телемит ниту православен хрстијанин за да бидам топ и фит секси дечко или атлета со здраво и вечно тело! Јас сум Телемит бидејќи Сум тој што Сум. Ехеиех - Ашар - Ехеиех! :)
Читам Телемитска литература, практикувам Телемитски пракси поради мој личен духовен напредок!

*Ме мрзи да се замарам со гуштери и да се лекувам со скапани лешови на мртви луѓе!

Чедо изгубено, па ја уопште не те прашав кој си и што си, туку те прашав што чаре има Телема за болестите, а ти филосифираш на прашања кои самиот на себе си ги поставуваш...:pos:

Разбира се, сето тоа у духот на Телемистата неспособност да дадат одговор на секојдевни теми....
 
LIBER LIBRAE SVB FIGVRA XXX

8. Човекот е тоа што сам од себе ќе направи во рамките одредени од неговата наследена судбина; тој е дел од човештвото; неговите дела не го допираат само она што тој го нарекува јас, туку и целиот Универзум.

9. Почитувај, и не го презирај физичкото тело кое е твоја времена врска со надворешниот и материјалниот свет. Затоа твојата ментална урамнотеженост нека биде над вознемиреноста од материјалните потреби; зајакни ги и управувај со анималните страсти, скроти ги емоциите и разумот, негувај ги Вишите Тежнеења.
 
Пак те нешто боли... не се нервирај, не сакам моите писанија да те нервираат на форумов и во животот.
Не бладам, само не ти се допаѓа тоа што го читаш, разбирливо.

Те цитирав за да видиш колку си контрадикторен во однос на тоа што проповедаш.
Пропагираш дека секој човек е ѕвезда и секој на свој начин ќе допре до својот бог и дека не те интересира кој во што верува или филозофија следи, а од друга страна плукаш на се што е спротивно од иницијаторски ред.

Не ни треба да ти е битно кој е мојот бог ниту животна философија. Ниту ќе ти донесе тоа нешто, ниту пак можеш да ја разбереш мојата философија. Затоа се нарекува „моја“.
:facepalm: Ти се изјасни така, дека не ти е битно...јас тоа ниту го спомнав ниту барав од некој да ми каже која вера или филозофија следи.

Едно е битно за мене тука на форумов: да зборувам за Телема, Новиот еон, слободата, за тоа дека „Зборот на Гревот е Ограничување“, да зборувам дека ниту една религија од стариот еон нема авторитет над божественото... дали јас бладам или верниците од стариот еон бладаат дека некаква збирштина од луѓе има авторитет над духот на луѓето?
Со тоа ти се ставаш во улога како телема и никој друг нема екслузивност над духовноста.
Се читаши понекогаш што пишуваш?
Ајде размисли малку... зошто се родија секти од тие старо-еонски религии? Зошто ти си секташ на пример во очите на луѓето од црквата? Бидејќи спојуваш јога со христијанство, нели? :)
1. Се намножија многу верувања и од нив произлегоа правци, поради човековата слабост(што од телесна слабост ,што од духовна слабост)
2.Не, ништо не практикувам.

Ова на многумина смета, но што да правам јас? Не измислувам... само зборувам без страв, за разлика од некои други...

Да не беше битно толку што мислам јас, немаше ти сега вака да реагираш. Се поби ти самиот сега, и што правиме?
Ќе се караме ко стрини? :)

И воопшто не разбираш дека ако јас сум се побил самиот себе, тоа е моја грешка, која ете во иднина ќе мора да се поправи, да се надмине... Не на Законот на Телема. Разбираш каде грешиш?
А и се мислам дека не ни разбираш што сум сакал да кажам со тоа што си го ставил како bold. Но тоа е твоја работа...

Мора ти да живееш и дејствуваш по Законот на Телема за да знаеш навистина дали Законот е гола вода, амброзија, виното на Бахус итн итн... преку форум најмалку знаеш кој каков е и како низ животот...

Вака, ова е само говор на омраза и немоќ да кажеш нешто подобро.
Добро што си призна дека си погрешил, ако 'војуваш" против некоја духовна организација држи ги позициите на борбена реторика, и не треси другпат такви душогрижнички глупости, држи се до законот на телема како слеп за стап и нема да погрешиш.

А зошто критикиве не ги упатуваш кон оние што постојано покажуваат со прст како некој е грешен, опасен, зол и тоа само затоа што нема исто верување како нив? Зошто ние не сме требале да дигаме галама кога некој шири пропаганда на лаги и клевети? Зошто сите овие години немаш ниту еден збор за тие нивни отровни стрели? Ама крив бил Хептаграм што оставал впечаток на просветлен пионир?
Ти недостасував?:pipi:
 
Сам си додаваш заклучоци што се спротивни на се што кажав. Никаде не реков дека е по цена на промена на суштината! Напротив, ти болдирав каде нагласувам дека суштината е неменлива и вечна, а формите во кои се менифестира таа суштина се минливи и релативни! Ова е доказ дека ти не дискутираш за да го разбереш соговорникот, туку по секоја цена да го сведеш неговиот став на бесмисленост.
Ти се преставуваш како суштина од Божјата суштина, ти си еманат што предизвикува промена на Божјата суштина + дефакто ти си релативен, променлив се раѓаш-умираш , аналогно и твојот Бог е Релативен.

Одлучи што си суштина или форма, иако ниту формата неможе да те извади од оваа теогонија.

Телемитскиот Бог е Безличен и Релативен. Демантирај ако не е така.:)
 
Телемитскиот Бог е Безличен и Релативен. Демантирај ако не е така.:)
Христијанскио госпот има лик и брада долга и седа, раце и нозе и нос и заби и клепки и гради и стомак и газ и очи и полов орган....
Ист е како чоек само шо му е гласот посилен и подлабок
 
Христијанскио госпот има лик и брада долга и седа, раце и нозе и нос и заби и клепки и гради и стомак и газ и очи и полов орган....
Ист е како чоек само шо му е гласот посилен и подлабок
Пробај да опишеш каков изглед има душата.Не мора на некој што не го познаваш, пробај својата опишија.
Тоа што е опишан со телесни атрибути има значење, но ништо немаат заедничко со телесно толкување.

Пдф за биологија е на друго место, овде зборуваме за духовност.
 
Не пропагирам ништо... Зборувам за Телема. Тоа што ти смета е твој проблем.

И стојам цврсто на ставот
„... дека секој човек е ѕвезда и секој на свој начин ќе допре до својот бог (ако постои такво нешто) и дека не те интересира кој во што верува или филозофија следи“

Нема врска ова со О.Т.О. - Законот на Телема не дојде од О.Т.О., но тоа сигурно го знаеш ;)

Но тој став доаѓа од Законот на Телема што јас сум го разбрал како што знам и умеам. Повели ти се пробај со Законот и демантирај ме и ми зборувај како ова или она е контрадикторно!
Ако некој не го прифаќа Законот, не може да важи за него Законот и кон него да се однесувам според Закон кој што не го прифаќа!

А од друга страна секое учење кое ќе ме прогласува за грешник, ќе ми вели дека сум зло - сум строго против тоа учење и ќе мора да се разјасни од каде тој авторитет на човекот што го шири тоа учење да нарекува некој зло!
И од каде идејата верување да биде поистоветено со знаење и со апсолутна вистина? Бидејќи стои во книга наречена „света“?
Ха.

Телема е против стариот еон и се што одеше со тој еон.

Мора да се прави споредба едно со друго.
Не е контрадикторно ништо во моите зборови ниту со моите дела. Судиш за мене по моите писанија тука, од форумов? Ќе мора добра анализа да направиш да видиш на какви луѓе им давам одговори, па потоа да зборуваш.
Од друга страна, ако не ме разбираш што зборувам, и ти е контрадикторно нешто, оставам линкови до книги и текстови за да читаш повеќе и се запознаеш со работите од твој агол.
За да не ми зборваш вакви работи во иднина...

Човек не може да се стави во улога на Телема, какви се овие глупи идеи сега? Можеме само да го искористуваме Законот и да се водиме по него, колку што можеме подобро, од ден на ден :)

Секој има право над својата духовност не над нечија друга - и да не мора да се повикува на цркви со големо ц или богови со големо б...

Затоа и зборувам постојано за стариот еон, бидејќи завршена е таа како што велиш ти ексклузивност над духовноста која упорно ни се продава и тука а и во реалниот живот ...

Добро е што барем еден го согледал тоа тука на форумов :)
Ќе има и други, знам јас :)

П.С.
Не сум погрешил, морав малку да те омекнам, нешто многу се засили си велам чекај да не се повредиш околу Телема и стариот еон. Сеуште далеку од запознавање со Законот, нели? :)
 
Последно уредено:
Има некаде некој кажано дека „предизвикува промена на божествената суштина“, па потоа веднаш да заклучиш дека и тоа , де факто (види молам ти се) дека некој е релативен, а со тоа и Богот е релативен?

Така го разбираш ти тоа „секој е бог и дел од бог“?
За тебе откривањето на својата волја значи и промена на истата? :cautious:
Слабо се разбирате вие, а само кревате врева...

Како лесно си разговарате за боговите... милина :)

Морам да се научам и јас така ....


 
Ти се преставуваш како суштина од Божјата суштина, ти си еманат што предизвикува промена на Божјата суштина + дефакто ти си релативен, променлив се раѓаш-умираш , аналогно и твојот Бог е Релативен.

Одлучи што си суштина или форма, иако ниту формата неможе да те извади од оваа теогонија.

Телемитскиот Бог е Безличен и Релативен. Демантирај ако не е така.:)
Епа не е така. Суштината неможе да претрпува промена, во спротивно не би била суштина! Човекот е спој на суштина и форма, суштината е вечна, неменлива - апсолутна, формата не е вечна, минлива е, и е релативна. Што значи концептот за Бог што јас ти го објаснив е пантеистички - Бог е апсолутен, сеприсутен и вечен преку својата суштина, а релативен, смртен и минлив преку своите бесконечни манифестации. На тој начин се решени парадоксите што ги споменав и кои ја елиминираат сеопфатноста како предуслов за апсолутноста.
 
Суштината неможе да претрпува промена, во спротивно не би била суштина! Човекот е спој на суштина и форма, суштината е вечна, неменлива - апсолутна, формата не е вечна, минлива е, и е релативна. Што значи концептот за Бог што јас ти го објаснив е пантеистички - Бог е апсолутен, сеприсутен и вечен преку својата суштина, а релативен, смртен и минлив преку своите бесконечни манифестации. На тој начин се решени парадоксите што ги споменав и кои ја елиминираат сеопфатноста како предуслов за апсолутноста.
Знам и сум ти кажал дека е пантеистички...

Апсолутно трансцедентниот Бог по природа е Несоздаден и Несместлив во претесните рамки на создадениот свет и битија.

Сево ова го рушиш со твојата претпоставка дека си дел, истечена суштина, еманат од Бог, т.е. Неговата Суштина, ја повредуваш Апсолутноста на Суштината која неможе да ја ставиш во категорија на време и простор.:misticen:
 
Знам и сум ти кажал дека е пантеистички...

Апсолутно трансцедентниот Бог по природа е Несоздаден и Несместлив во претесните рамки на создадениот свет и битија.

Сево ова го рушиш со твојата претпоставка дека си дел, истечена суштина, еманат од Бог, т.е. Неговата Суштина, ја повредуваш Апсолутноста на Суштината која неможе да ја ставиш во категорија на време и простор.:misticen:

Finite & infinite Will
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom