Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Вие сте слободни...во што?
По чии мерила? По Теле(мит)ските?
Во се сме слободни.
Како можеш да кажеш нешто вакво „по чии мерила“ се мери слободата?
Па зарем во твојот ум постои нешто со кое може да се измери слободата, животот, љубовта на Земјата?
Те убедија дека постои нешто такво по кое се се мери од луѓето за луѓето на Земјата?
Не може никој да каже по христијански, по муслимански, по судски, по правни... по не знам какви мерила...
Не знам зошто постојано си мериш фалус преку религија!

Не е христијанството апсолутно мерило за човечкиот живот на Земјата денес... не знам зошто имаш проблем со тоа...

Ах тешко нам со такви ко тебе, добро е што немате моќ...

„Зборот на Гревот е Oграничување.“ - Книга на Законот, I:41

Исто и во трактатот на Терион, за „Законот на Слободата“ може да видиш за Телемитската слобода. Нормално, извади ги црните очила на стариот еон, инаку се ќе ти биде црно и бело :)

Го знаеш она „Нема закон над Прави што ти е волја“?

Бидејќи за тебе и останатите старо-еонски догматичари „прави што ти е волја“ значи „прави што сакаш“ со обид да го искривите сечие учење за да се оправдате за вашето постоење и создавање од луѓето робови во минатото...

Ете што значи тој интересен стих од Законот на Телема. [линк]

Нормално има и други есеи на блогот за Телема и што учи таа и во врска со гревот на стариот еон и со слободата, со се...

И да,
Зборот на Законот е Θελημα.“
--- Книга на Законот, I:39


Разгледајте, не мора да прифаќате ништо само од читање!

Дури и да ти прозбори некој во главата, сомневајте се дека е Исус, Кроули, Моцарт дури и да се каже Илија кој што ќе сака да те носи на двоколка до небото, не му верувај - може да е само твојата шизофренија. :)

Има начини и начини, како што велиме ние, Телемитите :)
 
Последно уредено:
Тачно; оправдани сме преку крвта Христова, не преку фантазијата Телемитска.

Ц. Во името на крвта Христова човекот беше угнетуван, убиван, измачуван! Поради фанатизмот на православните богомилите беа протерани, многумина од нив ликвидирани. Поради фанатизмот на католиците многу научници беа прогласувани за еретици, вештери, многу добри луѓе завршија на бесилка или клада. Исус не беше таму да ги спаси од гневта на своите слуги. Православните христијани пак, создадоа систем на свети маченици, за да изгледаат како невини жртви, имаат иста природа како и секое живо битие на земјата, потреба да јадат, да се размножуваат, да се сексаат, а одат со наведнати глави и еден на друг си велат прости. Како тоа што дишеш до некој да е најголемиот грев на светот. И сето тоа што го наведов е контрадикторно на нивната книга поради тоа што Христос подучуваше да не се наведнува главата или избледува лицето кога се пости. Но вие сте научени да глумите жртви, бидејќи друг начин да ги оправдате своите природни дела за кои мислите дека се грев, нема!

Кој во стариот еон се спаси преку крвта Христова? И ако во тој еон на Озирис никој не се спаси, како сакаш некој да верува дека баш во овој, Новиот Еон на Хорус ќе се спасува со крвта на Исус?
Уште колку еони треба да поминат за да се исполни пророштвото и пишанието во твојата света книга на која што и самиот си контрадикторен? Што би рекол Let „камо го Исус“ :)

Телема и правата на човекот објавени во Liber Oz го сторија токму спротивното од злото на вашиот робовладетелски систем. Тие го здробија матриксот врежан во умот на човекот кој се програмирал во 2.000 години страв и манипулација и го осветлија мракот во срцата на многу луѓе создаден од сенка која што беше предизвикана од многу измислени правила за пост и аскетизам, тага и каење за сопствената природа на човекот.
 
...ко‘ ќе решиш да ја си ја поместиш „позадината„ од пред мониторот, да прекиниш со фарисејство и да тркниш до Африка и да нараниш некое од гладните црнчиња...

А тија умираат ли, умираат...

Умираат оти Исус, бог да го прости, ги извиси.
Ги остави на цедило
Ги изневери
Ги зафркна
Да беше чоек од збор па да се вратеше ко шо ветуваше наоколу, па уше царство небеско да воспоставуваше како шо пропагираше меѓу луѓето, ќе немаше ни болни црнци ни пресити попови.

Али Оној не се врати ниту има абер дека Ќе се врати па сега умираат деца од глад болести и војни
 
Во се сме слободни.

Знам знам, и без да кажеш, само чекав самиот да признаеш...:icon_lol:

Така „иде„ тоа: каков учител-такви и следбеници.[DOUBLEPOST=1477051701][/DOUBLEPOST]
Ц. Во името на крвта Христова човекот беше угнетуван, убиван, измачуван! .

Дај троа подразјасни; кој, кога, каде, како...не биди стипса, но биди „објективен„.

Приказната за бого(не)милите веќе е изџвакана, а никој од вас, плачопојците по богомилите, не кажа ништо за нив самите.[DOUBLEPOST=1477051748][/DOUBLEPOST]
Ц
Кој во стариот еон се спаси преку крвта Христова?

Кај Го виде Христос во „стариот еон„? Прецизирај, не „набадај„.[DOUBLEPOST=1477051811][/DOUBLEPOST]
Телема и правата на човекот објавени во Liber Oz го

...легализираа:
- лагата,
- гревот,
- смртта,
- злото.[DOUBLEPOST=1477051874][/DOUBLEPOST]
Умираат оти Исус, бог да го прости, ги извиси.
Ги остави на цедило
Ги изневери
Ги зафркна
Да беше чоек од збор па да се вратеше ко шо ветуваше наоколу, па уше царство небеско да воспоставуваше како шо пропагираше меѓу луѓето, ќе немаше ни болни црнци ни пресити попови.

Али Оној не се врати ниту има абер дека Ќе се врати па сега умираат деца од глад болести и војни

Црквата Го познава Господ Исус Христос, Синот Божји Единороден.
Кој е твојот Исус?

А црнчињата уште гладуваат и умираат...:place:
 
Последно уредено:
З

Црквата Го познава Господ Исус Христос, Синот Божји Единороден.
Кој е твојот Исус?

А црнчињата уште гладуваат и умираат...:place:
Ни го познава ни го знае, беше еден чоек Јешуа, кој црквата вели дека у ствери е Исус, и кој ветил дека ќе се врател уше пред 2000 години и не го исполнил ветеното.

Да се вратеше ко шо ветил п да воспоставил царство божје на земјата ко шо ветувал, па ај и да го познаваш, вака со лажни ветувања како ќе познаеш некого?
Еве и децата во африка умираат пошто Његој го Њема, а рече ќе се врател и ќе воспоставел правда и ред и мир.
 
Ни го познава ни го знае,

Зборувај за себе, оти црнчињата у Африка уште умираат, а ти уште не им помагаш и уште лицемериш....
 
Зборувај за себе, оти црнчињата у Афрука уште умираат, а ти не им помагаш....
Мики исус, бог да го прости, ветуваше правда мир за сите во некакво си негово царство божје кое ќе го донесол ко ќе се врател уше пред 2000 години.
И како в земја да пропадна, од него помош 0- нема.
Зато на болни гладни и деца зафатени со војна им помагаат луѓето, Обединети нации, музичари, уметници.
Од православието слаба фајда, ко шо гледам ниту ги примаат бегалците од војна, тоа го прават претежно протестантски католички и муслимански земји.
Боб Гелдоф има повеќе направено за гладните деца во Африка од колку исус, бог да го прости, заедно со мајка му и татко му.
Анџелина Џоли има згрижено појќе деца од кризни региони од колку Исус.
 
Црквата Го познава Господ Исус Христос, Синот Божји Единороден.
Кој е твојот Исус?

А црнчињата уште гладуваат и умираат...:place:
Знам дека ти смета туѓата слобода, но не е другиот крив што си роб!

Црквата си ти нели? Или ти си мирјанин, а други одлучуваат за тебе што е исправно, што не, што е вистина што лага? :)
Која црква познала било што од стариот еон? Апостолската православна, или апостолската католичка црква или исти се овие цркви? Само малку така се разликуваат за да може една на друга да си велат секта или кривоверци?

Со вистина да ве удрат по крстот, само ќе се свиткате од болка и нема да знаете пак во иднина како да се одбраните! ;)

По твоите писанија тука, ти ниту си познал нешто ниту си искусил... ти само повторуваш едно та исто нормално со негативно зборување за другите... а ти смета кога друг зборува негативно за твојата црква, верување и начин на живот, ако може така да се нарече твоето живеење на Земјата.

Значи евреите за ништо не ги бидува, не го познаа Исус како што глаголаш... тие пак евреи, ништо не направија за светот... го упропастија што дозволија неуки да создадат религии и учења врз нивните плеќи!
Штета...

Вообичаен муабетстана ова, православен христијанин кога си ја чува црквата му, бидејќи без неа е без идентитет, нема свое мислење... бидејќи многу се сомнева во истото... нели :)
 
Последно уредено:
Мики исус, бог да го прости,

..е твојот Исус, „од дома„.

Црквата Го исповеда Исуса Христа распнатиот.[DOUBLEPOST=1477058008][/DOUBLEPOST]
Знам дека ти смета туѓата слобода, но не е другиот крив што си роб!

Не ми пречи уопште; слободата ни се на сите подарена подеднакво, а разликата се наоѓа во робстовото, во зависност од тоа кој на што му робува и конечно, кој на кој бог му служи.[DOUBLEPOST=1477058070][/DOUBLEPOST]
Црквата си ти нели?

Не.

Црквата е заедница од: Бога, ангелите, Богоугодниците и овоезмните смртници, кои решиле да се спасуваат.[DOUBLEPOST=1477058129][/DOUBLEPOST]
По твоите писанија тука, ти ниту си познал нешто ниту си искусил...

Не.

Тоа е по твоите писанија, оти по моите е поинаку.
Не ми подметнуј....[DOUBLEPOST=1477058185][/DOUBLEPOST]
Значи евреите за ништо не ги бидува, не го познаа Исус како што глаголаш... т

Не знам што толку мерак имаш по евреите, оти многу ретко ги споменувам во моите текстови.[DOUBLEPOST=1477058226][/DOUBLEPOST]
Вообичаен муабетстана ова, православен христијанин кога си ја чува црквата му, бидејќи без неа е без идентитет, нема свое мислење... бидејќи многу се сомнева во истото... нели :)

Највероватно...
 
Последно уредено:
..е твојот Исус, „од дома„.

Црквата Го исповеда Исуса Христа распнатиот
A и распнувањето не му беше оригинал ни по правила, то беше појќе како претстава

Римјаните осудените ги распнуваа на јавни места, или долж главен пат или пред градски порти или кај градски зидини... места каде распнувањето и распнатиот служеле за пример на останатите

Распнатиот умираше на крст по неколку дена па и до 2 недели, смртта била бавна и мачна

Римјаните не ги ваделе телата на распнатите се додека не почнувале да се распаѓаат или да ги јадат мршојадци

За да им трае агонијата подолго и да бидат свесни за тоа на распнатите им се давал оцет за да осанат свесни и будни

Римјаните телата на распнатите не им ги давале ни на роднини ни на приатели туку ги фрлале во заеднички гробници.

Ко ќе видиш кај Исус, бог да го прости, се било наопако и контра, го “распнале“ во приватна градина, далеку од очите на народот, од оцетот тој ѓоа умрел после само 3 сати на крст, веднаш го симнале од крстот и му го дале на некој си чоек ни знаен ни чуен кој го однел
Така да то распнување, може да служи за прикаски и бајки в црква или за некоја позоришна претстава али реално не беше распнување.
 
Црквата Го исповеда Исуса Христа распнатиот..
:cautious:

Не ми пречи уопште; слободата ни се на сите подарена подеднакво, а разликата се наоѓа во робстовото, во зависност од тоа кој на што му робува и конечно, кој на кој бог му служи.
Додека мислиш дека нешто ти е подарено од било каков бог - ти си роб.
Слободата не се подарува. Пак истото го правиш: твојата догма сакаш да ни ја преставиш како апсолутна вистина, дека твојот бог е еден, сакаш дури и да ги убедиш сите дека има богови... Тоа е верување, не е факт.
Ти реков и претходно како може да зборуваш вакви глупости, не знам... не ја разбираш импликацијата на твоите изјави или битно е само христијанството да се брани наоколу со сешто, колку да се зборува?
Ти им завидуваш на слободните и покажуваш со прст кон нив бидејќи не се христијани... слободните се сешто за твојата црква... дали ти со нормален со такви изјави? :cautious:

Не знам што толку мерак имаш по евреите, оти многу ретко ги споменувам во моите текстови.
.
Во твоите текстови ретко, ќе наседнеш, затоа го избегнуваш тој проблем, но во твојата ново-заветна книга во која е, ако веруваме, даден новиот завет со еврејскиот бог, е дадено како евреите и првосвештениците го предаваат твојот Исус, отелотворен еврејски бог на Римјаните...

Убаво е тоа? Едно прастаро учење со простачки писанија да се обидува некој да ги оцрни, без воопшто и да ги разбира истите?
Мислам, навистина веруваш во тоа па нас не учиш како? :)
Ајде, можеш ти подобро, има надеж ;)

Веруваш дека евреите не би го познале својот спасител па такви ко тебе им требаат да им кажат? Христијанските уредувачи на писанијата добро ја создале сказната за да пробаат да се отфрли учењето на евреите како погрешно... но, зезнале малку.

П.С. И не ме цитирај по сто пати, цитирај, стави ... , и напиши што имаш да напишеш, не вака на секој цитат: да не да не ок можеби, грешник!
Кој фалус те учеше македонски јазик и литература? Напиши нешто, биди маж, сподели размисли... и да си погрешни, ништо, христијанин си, ќе ти простиме, тоа го очекуваш секако, не се плаши :icon_lol:

 
Веруваш дека евреите не би го познале својот спасител па такви ко тебе им требаат да им кажат? Христијанските уредувачи на писанијата добро ја создале сказната за да пробаат да се отфрли учењето на евреите како погрешно... но, зезнале малку.

Mислиш како што го „познаа“ својот „спасител“ во ликовите на Симон бар Кохба или Шабатај Цви пред истиот да премине во Ислам?:)

Забележи го и ова:

This is not to say that all Jewish people rejected the claims of Jesus. Far from that being the case, all the first followers of Jesus were Jews. In fact, the rabbis of that time period and afterwards were well aware of the many Messianic prophecies which Christians claimed were fulfilled in Jesus. So for instance, although the Talmudic rabbis concurred that Isaiah 53 was a prediction of the Messiah, by medieval times the pressure from those who applied this prophecy to Jesus was so great that Rashi, that greatest medieval Biblical scholar, reinterpreted the chapter and said it referred to the nation of Israel. This interpretation is maintained today by many Jewish scholars, though it only dates back to the Middle Ages.(https://jewsforjesus.org/answers/jesus/proofessay)

И еве како другите рабини пред Раши и после него го интерпретирале текстот од Исаија 53 и кажуваат дека пророштвото се однесува на Месијата, а не на израелската нација, односно народ:

http://www.hearnow.org/isa_com.html
 
Последно уредено:
Доста веќе со претпоставки што некој мислел... не не мислев на тоа ти што си накалемил во умот...

Мислев на неспособноста на христијаните да препознаат квачка од обична кокошка што не носи јајца!
Мислев на тоа како христијаните за да немаат соперници и да го уништат учењето од кое позајмиа сешто, измислија за секое учење по нешто лошо, старите богови и учења за демони и зло, евреите неспособни, одозгора и криви што оној што го сметаа за секташ и тотално друго од месија, го прогласија за виновен итн итн... на тоа мислев...
Кога веќе ме праша што мислев... човек ќе проба да не биде премногу суров со вас вие, постојано ѕвечкате со синџирите и барате уште...

Ти беше христијанин, така? Некоја секташка форма на христијанин можеби, како те гледа тебе црквата(со големо или мало ц, како сакаш)?
[DOUBLEPOST=1477063571][/DOUBLEPOST]
И вакви бедни оправдувања за Исус како месија и спасител на се живо на Земјата, чувај си ги за јеховините сведоци и останати старо-еонски секти.
Мене не ми се потребни, ист корен имаат како и главните религии од стариот еон.

Страниците се хаос... ок им се еврејските писанија, но само делови каде што нема ништо спротивно од верувањето во троделниот христијански бог.
Ох, куку кај загинавме :)
 
Последно уредено:
Ти беше христијанин, така? Некоја секташка форма на христијанин можеби, како те гледа тебе црквата(со големо или мало ц, како сакаш)?

Ме преплаши. :)

Како тоа на мене гледа Црквата, дај објасни ми.
 
Back
На врв Bottom