Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Мислам дека поради прикриената желба за моќ, бараш и те задоволува мистицизмот. Бог е добар, а тебе ти треба мистичен Бог кој ќе ја задоволи твојата слабост кон моќта.
Поделбите произлегуваат од падната природа на луѓето и постојат секаде. Дали знаеш некоја идеологија каде нема фракции, подлеби, струи... Но еве Православието прилично е единствено, посебно во второто илјадалетие откако беа надминати и маргинализирани сите можни облици на догматско забегување. Истите тие постигнаа многу добар успех на католичко тло, чиј видлив поизвод се протестантските секти.
Ти не знаеш мене што ми треба, јас никаде не зборувам за моите богови, ниту барам и за тебе тоа што за мене е бог, и за тебе да биде, ниту за моќ ниту за било што не зборувам... не ме читаш ти мене, само ти смета што зборувам против стариот еон и догмите кои станаа закон, а не помагаат на човекот!

Чисти клевети или само нагаѓања па зошто овој човек не е христијанин, види што е фин човек, ќе ни се најде со вакво глаголање :)

Тоа се твои мисли за тоа што и кој сум јас, кои доаѓаат од испраниот ум од учењата на стариот еон со кој те задоиле одамна...
Јас постојано зборувам едно та исто: доста со тоа идеализирање на вашето верување до точка на догма и апсолутност.
Глупо е, бесцелно и тотално погрешно...

И пак се враќаме на тоа дека треба да ти веруваме на твоето верување како човекот има падната природа. Човек што ќе се убеди дека има таква природа и не знае за друга - да, по негова волја може да има падната природа, но тоа нема ништо со другите! Доста проповедате робство, за да оправдате постоење на спасител.

Не може мене ниту ниту на било кој друг, да ни наметнуваш мислење дека сме со падната природа за да има смисла идејата на христијанството дека ни треба надворешен спасител со име и тоа да биде апсолутна вистина која ќе се темели на верување и догма.

Ако мислиш дека имаш падната природа и сметаш дека си роб, беден по дух итн итн... нека ти биде. Не може и за други да важи тоа.

За еоните: човештвото се развива... кога оние што ќе управуваат со Земјата физички, како поглавари на нации и држави, ќе бидат Телемити, тогаш ќе зборуваме за срамната сегашност сега и во минатото. Еонот на Детето е сеуште млад, 100+ години што е тоа, ништо...

Но ако видиме кои беа на врвот на моќта и управувањето до пред 100 години, а и сега врз која книга ставаат заклетва дека ќе прават она или ова за човештвото, навистина не гледам добрина кај нив, само срам и бедност!
Се сложувам!

Се додека мериш фалус на христијанството со паганизмот - не ја разбираш историјата на твојата религија ниту сакаш да ја истражуваш ниту да ја поврзеш со стари учења до кои делумно имаш пристап да ги истражуваш, затоа не збори напамет или не прераскажувај што рекол оној или овој старец, и тие не се нешто подобри од тебе за да сметаме дека добро го разбираат човештвото и светот.

И има многу пророци, многу потајни од овие што тебе ти ги глагола твојата религија и немаат врска со христијанство, со човечки хиерархии и цркви и џамии и што не на Земјата!
Зарем не е точно ова:

„There must ever be division in the word.
For the colours are many, but the light is one.“
--- Срце обвиткано со Змија, Liber LXV

И јас ова го реков, не знам што не разбираш.

За вистинските богови луѓето не можат и да сакаат да зборуваат, не пак да ги оправдуваат! Не знам дали се разбираме во врска со ова!

Не, вие не зборувате за богот, вие зборувате за верување дека има бог заради ова или она и одозгора ги убедувате, поточно ги обвинувате сите дека се кривоверци... не велите кривозналци, се е поврзано со вера, не знам што измислувате топла вода кога вашата топла вода одамна е ладна!

Не барате смисла, тоа е лага. Или себе си се лажеш, или нас не лажеш тука. Тоа не поминува.
Догмата не бара смисла. Бара смепо верување и потчинување. Робови. Не може да бидет друго не знам како не ви е јасно... можеби затоа барате сите да бидат како вас... признавате дека ви треба спасување, а со тоа признавате дека сте неспособни.

П.С. Окултно значи нешто скриено. Стана скриено заради генетски модифицираното христијанство кое создаде трула хиерархија и ги подели луѓето, забранувајќи стари учења, кои од лудите притисоци на првите христијани, мораа дада одат во „илегала“, бидејќи не го заслужуваа тоа знаење од минатите еони кои требаа човештвото да го однесат 3 скалила нанапред, а не само 1.5 за време на стариот еон на умирачките богови.

Но и за тоа има оправдување и зошто така требало да биде... :)
 
Последно уредено:
Постојано едно та исто!

Се користат хебрејски симболи од нивните учења и преку христијанската аллхемија ни ги нудат како апсолутни симболи искривени од нивните визби полни со мувла.

Јас постојано зборувам едно та исто: доста со тоа идеализирање на вашето верување до точка на догма и апсолутност.
Глупо е, бесцелно и тотално погрешно...

Ах роде човечки ќе си страдаш уште некој век :)
[DOUBLEPOST=1476990099][/DOUBLEPOST]
Занимљиво; у прашање е старата змија, онаа која лаже од искон, така?...
Отвори ја книгата, прочитај види што зборува, ќе знаеш... вака како да дискутирам?
Што да ти речам? :)

Ти читаш змија и одма одиш по автоматизам со тој ум задоен со религии од стариот еон дека се мисли на змијата што ја збудале Ева, која за тебе е симбол за жена од каде што по автоматизам жената не ја бидува но е потреба со својата казна да раѓа луѓе...

Телемитска книга, да ја гледаш преку призмата на христијанството и да судиш за неа - не бидува... всушност што и да судиш денес преку христијанството и религиите на стариот еон не бидува, не мора некој да не убедува во тоа...

Ти реков еднаш, бегај таму ајде, смрдиш на сулфур - не правам муабет со такви...
 
Последно уредено:
Повеќето од цитатите беа одговорени и требаше да согледаш дека со малку разбирање тие нема да значат дека Христос ветувал дека ќе дојди за неколку години. Напротив на прашањето кога треба да дојди, одговорил дека не е нивно да го знаат точно времето:
1. Дека Исус “уште сосема малку“ па ќе дојдел му кажува човекот Павле на луѓе. Нивни поимања за сосема кратко се човечки и овоземски, “уше сосема малку“ меѓу луѓето е прашање на годинка - две, секако во време на нивен живот не подолгу.

2. Исус на првосвештеникот и тие околу него шо му судат му кажува дека ќе го виделе како иди со силата божја назат. Значи на смртни луѓе, луѓе кои не верувале во него и кои не “преминале“ никаде

И во останатите примери јасно и недвосмислено исус тврди дека ќе се врател набрзо и во време на животот на тогашните генерации.

Но не се вратил.
Ни поетски ни прозно.
 
Но не се вратил.
Ни поетски ни прозно.

Добро е ова, добро е :)

Имаат проблеми христијаниве со поезија, @MIKI1 посебно, по се изгледа не чита поезија и не сака книги... постојано поезијата му е проблем...
 

Добро е ова, добро е :)

Имаат проблеми христијаниве со поезија, @MIKI1 посебно, по се изгледа не чита поезија и не сака книги... постојано поезијата му е проблем...
a шо да прат друго, мора да се снаоѓаат со то шо го имаат...
 
Отвори ја книгата, прочитај види што зборува, ќе знаеш... вака како да дискутирам?
Што да ти речам? :)

Па то‘ и ти велам; Книгата (во Постанокот) токму тоа и го велит, дека ѓаоло‘, користејќи ја змијата фактички а не симболички, ги насанка и Ева и Адама, то јест ги излажа дебело.

А од тебе, очекував (веќе не очекувам, нали...) да ја напишеше вистината, но онаа живата а не некоја поетска или симболичка. :coffee:
 
Не, не, не го вели тоа накаква христијанска „Книга на Постанок“, туку тоа е запишано во книга позната како Берашит, на хебрејски, од каде некој си ја превел како му чини, разбрал колку и како му чини и ти забранил на тебе да истражуваш бидејќи со тебе не е „духот божји“...

Ти и твоите од II век зборувате така дека „тоа и тоа“ е запишано во таа книга која ја украдовте за да има основа твоето верување во богови и демони...
Не зборува за тоа таа книга, но нема кој да ти каже за симболите - бидејќи сеуште не знаете што е симболично а што факт во тие книги на хебреите кои сакате да ги преставите како зло во христијанството ...
Добра тактика нели? :)

Има и зошто така се вика таа книга на хебрејски, и многу коментари од еврејски рабини што е и како и со ѓаволи и со бесови и со луѓето и со ха-Адам и зошто така се вика и што значи...

Твојата догма не е апсолутна вистина... се што е догма не е вистина, тоа е големата вистина на светот. И тука не можеш ништо.

Да беше вистина сите одамна ќе беа христијани, без муслимани, без Телемити, без католици, православни - сите ќе беа едно, според твоето учење на еден бог, со еден калап на верување за сите, со еден начин на живот за сите... и нормално немаше да има купишта учења или секти како што вие милувате да ги нарекувате, со негативна конотација, кои ќе произлегуваат од тие погрешни толкувања на симболите...

Вистина за робови од стариот еон, нема.
Вистината ти е таа: имаш падната природа, чекаш избавување од себе си, беден си по дух, имаш надеж за царство од богот во кој што веруваш... толку ти е тебе вистината. Умри и види до каде си дошол шетајќи меѓу луѓето, дел од човештвото.
На сите христијани и муслимани тоа ви е вистината: неспособни да се спасат од себе си и своите ограничувања, имаат надеж во друг дека ќе им понуди пат и спасување.
А спасител од надвор нема, сами сте во бесконечноста на постоењето...

И до кога ќе се повторувам едно та исто?
Мора да напишам ете ова е вистината бидејќи сам не можеш да ја согледаш во моите зборови? :)
Значи не си начитан човек штом треба некој да напише во стилот „Ова е вистината:“...
Тоа е христијански начин и од тебе ќе се бара само да поверуваш, да запаметиш и толку!
НЕ оди тоа така со мене, не заборавај не сум христијанин...

Јас постојано зборувам едно та исто: доста со тоа идеализирање на вашето верување до точка на догма и апсолутност.
Глупо е, бесцелно и тотално погрешно...

И пак се враќаме на тоа дека треба да ти веруваме на твоето верување како човекот има падната природа. Човек што ќе се убеди дека има таква природа и не знае за друга - да, по негова волја може да има падната природа, но тоа нема ништо со другите! Доста проповедате робство, за да оправдате постоење на спасител.

Не може мене ниту ниту на било кој друг, да ни наметнуваш мислење дека сме со падната природа за да има смисла идејата на христијанството дека ни треба надворешен спасител со име и тоа да биде апсолутна вистина која ќе се темели на верување и догма.

Ако мислиш дека имаш падната природа и сметаш дека си роб, беден по дух итн итн... нека ти биде. Не може и за други да важи тоа.
--- [ЛИНК]

И ако ми кажеш ниту ти не може да ми наметнеш дека немам падната природа, ти губиш ако не познаеш дека и не си грешен како што те убедуваат старците од манастирите :)

Сврти прстот кон себе си и кажи си: од денес, ќе спознавам се, ќе надминувам се, ќе бидам Се до крајните граници на мојот универзум, па и преку него :)
 
Последно уредено:
Вистина за робови од стариот еон, нема.

Има, има...Веќе е откриена.
За робовите од новиот еон пак, има друга вистина: робови на гревот.[DOUBLEPOST=1477039144][/DOUBLEPOST]
И до кога ќе се повторувам едно та исто?

Се‘ дур‘ лагата не ја замениш со вистината.
Након то‘, нештата ќа ти станат појасни...
 
Има, има...Веќе е откриена.
За робовите од новиот еон пак, има друга вистина: робови на гревот.

Пак не ме читаш, пак твојата догма е апсолутната ти вистина која мора да важи и за другите, не само за тебе... ајде уште еднаш и доволно е со тебе вистини и муабети...

Човек што ќе се убеди дека има таква(падната, бедна) природа и не знае за друга - да, по негова волја може да има падната природа, но тоа нема ништо со другите!

Доста проповедате робство, за да оправдате постоење на спасител.“

Да си начитан човек со желба да ги проширува своите хоризонти, ќе знаеше многу повеќе за новиот еон отколку од она што тука на брзина ти поминало пред очи...
Реков: новиот еон да го гледаш преку наочарите на стариот еон, нормално дека од нивните старо-еонски усти ќе излегува само зло, се плашат од промена. Промената е големата препрека за нив, а робство за човештвото.
Те разбирам од каде сето тоа доаѓа од тебе, но не можам јас да ти помогнам, сам мора тоа да го направиш...

Постојано ВИКАШ ВИСТИНААА... зарем да ти даде некој вистина за да ти ја извалкаш во твојата кал?
НЕ! Извини :)

Truth! Truth! Truth! crieth the Lord of the Abyss of Hallucinations“
--- Book of Lies

За да не биде напразно муабетењето со тебе, а за да ми бидеш потпора во мојата цел тука, да споделам еден извадок од „Визија и Глас“:

None shall pass by me except he slay me, and this is his curse, that, having slain me, he must take my office and become the maker of Illusions, the great deceiver, the setter of snares; he who baffleth even them that have understanding.

For I stand on every path, and turn them aside from the truth by my words, and by my magick arts. And this is the horror that was shown by the lake that was nigh unto the City of the Seven Hills, and this is the Mystery of the great prophets that have come unto mankind.
Moses, and Buddha, and Lao Tan, and Krishna, and Jesus, and Osiris, and Mohammed; for all these attained unto the grade of Magus, and therefore were they bound with the curse of Thoth. But, being guardians of the truth, they have taught nothing but falsehood, except unto such as understood; for the truth may not pass the Gate of the Abyss.“

--- Визија и Глас

Ова не е за тебе, нема да го разбереш дури и да го читаш 11 дена... За други е ова, за идни патници кои ќе поминат денес, утре или за 3 години од сега... ;)

Од тебе очекувам само омраза, зајадливост, „вистина“ барање од други, ширење сулфур, ширење идеи дека сме робови ние луѓето, дека само христијанинот побожен најдобро го разбира светот (зависи која црква нели) и убедување како твојата догма, која сеуште не знаеме ти како ја разбираш, бидејќи последните 5 месеци само кратки размисли заведен од @Let 3 кој те вади од такт, е најдоброто нешто што се случило на Земјата...
Исламот ќе го исфрлиме од употреба според христијанските размисли, така? :)

П.С. За генетски модифицираните христијани од самиот почеток сите се „робови на гревот“ ако не се христијани, а потоа и католиците за православните станаа „робови на гревот“.
Тоа е излитена фраза со која сакате да покажете како вашето верување е апсолутна вистина, а нечие друго верување и начин на обожување на животот е зло и грев.
 
Се‘ дур‘ лагата не ја замениш со вистината.
Након то‘, нештата ќа ти станат појасни...
Ко на пример Исус, бог да го прости, шо ги излажа луѓето пред 2000 години дека во нивно време ќе се врател и донел накакво си царство божје на земјата?
 
Доста проповедате робство, за да оправдате постоење на спасител.“

Мојш да бидиш:

1. Роб на гревот.
2. Роб на послушноста.

Ете, кажано ти е, за да не речиш отпосле дека „...никој не ти кажал...„.

У ствари, што те едуцирам...:coffee:[DOUBLEPOST=1477043417][/DOUBLEPOST]
Ко на пример

...ко‘ ќе решиш да ја си ја поместиш „позадината„ од пред мониторот, да прекиниш со фарисејство и да тркниш до Африка и да нараниш некое од гладните црнчиња...

А тија умираат ли, умираат...
 
Последно уредено:
Во твојот универзум да - се сложувам. :) Важи горенаведеното, но твојата догма со сите импликации е твој проблем, не на другите.
Ти си роб според писанијата и не можеш да бидеш друго по своја волја! Јасно е тоа?
И на послушноста и на гревот. Бидејќи ако не си грешен, немаш потреба од спасител... чудна логика стариот еон си има.. не му се мешам, не сум дете на стариот еон.

Постојано проповедате тоа „роб“, „роб“.
А ние сите слободни, далеку од умирачките богови и стариот еон...
И како да ти верува човек дека е роб кога пониско од роб на Земјата - нема?

Ајде, биди роб штом толку сакаш... се надевам се помалку ќе има мажи и жени кои ќе сакаат да бидат робови на било што :)

„Тој што е праведен и ќе остане праведен; тој што е гнасен и ќе остане гнасен.
Да! не верувајте во промена: ќе бидете тоа што сте, а не друго. Затоа кралевите на земјата ќе бидат Кралеви засекогаш: робовите ќе служат. Нема никој што ќе биде понижен или воздигнат: сѐ е како што било секогаш..."
--- Книга на Законот, II:57-58

Дури и ти си имаш оправдување во новиот еон :)
Никој не е отфрлен, ами секој е потребен и сам за себе а и како дел од бесконечното - потребен за другите како симбол!
 
Во твојот универзум да - се сложувам. :)

И ја‘ се сложувам („на коцки„?). Реалноста и твојот личен универзум се два неспоиви простори; немаат благе везе еден со друг, оти реалноста е (за)дадена и проверлива, а твојот универзум е фиктивен и само таков останува, без можност за проверка.[DOUBLEPOST=1477044404][/DOUBLEPOST]
А ние сите слободни, далеку од умирачките богови и стариот еон...

Вие сте слободни...во што?
Во неограничената огревовеност?[DOUBLEPOST=1477044458][/DOUBLEPOST]
„Тој што е праведен и ќе остане праведен; тој што е гнасен и ќе остане гнасен.

По чии мерила? По Теле(мит)ските?
 
Се враќаме назад пак во твоето блато на дрдорења само за да се оди контра и да се мастурбира врз сопственото верување во догма, во стилот:
- Мојата курва е подобра курва од твојата.

Таков ми е муабетот со тебе кога разговараме за религии, учења, догми...
Барем се сложивме дека секој има свој универзум... добро е, и тоа е напредок кон новиот еон :)

Не е битно ти како гледаш на нечиј универзум, се додека не го прошириш својот до крајни граници... ако ова ти се крајни граници... тоа е тоа...

Не морам да пишувам есеи тука за да некому му биде појасно...
 
Back
На врв Bottom